24/09/2024
Ултра забавен и едукативен настан организиран од Diamond Mall, СТЕМ РОБОТИКА-Кочани, е² Young Engineers Skopje Macedonia и Академијата за роботика и иновации за деца од 5 до 16 години! 🤖🦾
Децата ќе имаат можност да креираат и програмираат роботизирани LEGO®️ модели, додека учат основни принципи на роботика, технологија и наука. Овој настан е совршена можност за сите млади љубопитни умови да ги развијат своите вештини преку игра и едукација.
Настанот ќе се одржи на 28 и 29 септември во 12 часот во атриумот на Diamond Mall, со активности поделени по возрасни групи. Секој учесник ќе добие подарок, а најдобрите ќе бидат наградени.
За пријавување, испратете порака со име, презиме и возраст на официјалните профили на Diamond Mall на Instagram или Facebook. 📥
Местата се ограничени, затоа пријавете се веднаш! 🙌🏻
Ултра забавен и едукативен настан организиран од Diamond Mall, Лего Мастерс и Стем Едукација за деца од 5 до 16 години!🧩
Преку градење Лего модели, децата ќе ги развијат своите креативни способности и ќе научат повеќе за роботиката, науката и технологијата.
Настанот вклучува изложба на Лего креации, трка со Лего колички, подароци за сите пријавени, и награди за најдобрите, а ќе се одржи на 28 и 29 септември во 12 часот во атриумот на Diamond Mall, во групи според возраста.
За пријавување, испратете порака со име презиме и возраст на официјалните профили на Diamond Mall на Instagram или Facebook. 📥
Местата се ограничени, побрзајте!🙌🏻