"Kire Miladinoski dance studio Zodijak"

“Зодијак“ е танц студио со најдолга традиција во Прилеп и Македонија. Веќе четиринаесет години успешно работи со деца, млади и возрасни со можност за рекреативно или професионално определување. Педагошкиот момент е значаен за време на подготовките за јавни настапи кај учениците - учесници всадува љубов кон оваа уметност и ја потврдува тезата дека трудот и работата секогаш даваат соодветни резултати што потврдува и масовноста, квалитетот и трофејноста како во Републиката така и надвор од неа. Поради овие карактеристики претставува центар од каде излегуваат квалитетни кадри.

Operating as usual

11/06/2021
30/04/2021

ЗАБРАНА до 15ти Мај!!!
Влада на Република Северна Македонија
Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë СРАМ ДА ВИ Е!!!

Немате никакви аргументи ,а не уништивте!!!

Немавме ниту еден случај на пренесување на вирусот и не оставивте ЗАТВОРЕНИ!!!

КАДЕ ВИ Е РАЗУМОТ, КАДЕ ВИ Е СТРУЧНОСТА!!!

Спортот е здравје, а танц не се тренира на прашина, ѓубре и на тротоари, туку во сала!!!

Танцови и балетски студија на Македонија

29/04/2021

Happy Internatinal Dance Day

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТАНЦОТ – 24 АПРИЛ 2021

Се` започнува со движење – движењето е инстинкт кој сите го поседуваме – и танцот е движење, рафинирано и преработено движење, за да комуницира. Колку што беспрекорната техника е битна и импресивна, всушност ултимативно е сето тоа што танчерот го изразува преку битот и есенцијалното во движењета.

Како танчери, ние постојано сме во движење; ние тежнееме да ги создадеме овие незаборавни движечки моменти. Независно од танцовиот жанр, всушност тоа секој танчер копнее да го постигне – создавајќи движења. Затоа сега кога ненадејно веќе не ни е дозволено да настапуваме, денес кога театрите и фестивалите се затворени и откажани, нашите светови застанаа. Без физички контакт. Без настапи. Без публика.

Кире Миладиноски танц студиото Зодијак при Н.У.Ц.К. Марко Цепенков од Прилеп, преку низа активности се приклучува кон одбележување на меѓународниот ден на танцот 29 април. Со промо видео во режија на Љупчо Атанасоски, се промовира танцот како универзално средство на говор преку телото меѓународно признат и разбирлив за целиот свет. Членовите на Интернационалниот театарски институт од Скопје со мнозинство на гласови едногласно оваа година ја избраа Биљана Тануровска Ќулавковски да биде авторка на македонската порака по повод овој ден. Светската порака за меѓународниот ден на танцот ја напиша Фридеман Вогел – балетски танчер од Германија.

(Со поддршка од Министерството за култура на Р.С.М.-национална програма за култура 2021)

28/04/2021

Повторно изоставени!!!
Наместо во чиста контролирана средина, ние ќе треба да се снаоѓаме по тревни површини, и со публика околу нас....Па како ќе се концентрираат децата во гужва и ќе не слушаат нас како правилно да изведат некој елемент.....Или да почнеме да ги тренираме фудбал, за нив забрана нема (со цела почит и кон фудбалерите).Немавме ниту еден случај на пренесување на вирусот а повторно не затворивте. КАДЕ ВИ Е СТРУЧНОСТА?
Нема да успеете да ни ја уништите желбата за танц, ама дефинитивно многу се трудите!!! 🤬🤬🤬Немате никакви аргументи ,а не уништивте!!!
Танц не се тренира на прашина, ѓубре и на тротоари, туку во сала!!!

20/04/2021

До кога ќе бидеме дискриминирани од страна на нашата убава Македонија....Никаде не сме спомнати ни во 5 пакет мерки ни во 6 пакет мерки а како и сите што не работеа и ние не работевме и сега угостители, туристички компании, фитнес клубови , теретани, обложувалници, казина, сите тие ќе добијат помош а каде сме ние.....Ние имаме име ТАНЦОВИ И БАЛЕТСКИ СТУДИЈА НА МАКЕДОНИЈА, не сме ниту фитнес клуб ниту кладилница, а сметките ги плаќаме само од членарините кои ги добиваме од нашите членови а сега бидејќи не работиме нема од што а и немаме шалтер систем за услуга. Ретко кој може да учи балет на онлајн часови и за жал членовите полека полека се откажуваат. Свесни сме за сериозноста и последиците за ширење на болеста КОВИД 19 и не бараме одржување на концерти и манифестации(барем засега) но сметаме дека е неопходно да работиме бидејќи имаме протоколи за работа одобрени од Министерствотот за здравство, но неопходно ни е да почнеме да работиме за да опстанеме, и не ни е јасно како е дозволено е да се тренира во базени и тенис и ред други спортски активности, само ние НЕ. Ние сите заедно сме над 40 клуба и над 6000 членови а на овој начин наскоро ќе следи и ликвидација на дел од овие Танцови клуба. Во последнава година работиме со 30 проценти потполнети места, а трошоците за кирија, струја, вода, интернет, банкарски и книговодствени сметки мора да се плаќаат. Така да....дајте луѓе да работиме, на децата им треба физичка активност и да си повториме :
100% запазени мерки и протоколи
100% одговорни за здравјето и безбедноста
100% строго ограничена бројка на лица на дневно ниво
100% дезинфекција и проветрување
0% кластери
0% заболени
0% тренери заболени
Дневно работно време на студио мах: 4 часа со паузи!
#ЗдравјетоПредСе
#вежбајзадабидешздрав
#танцувајзадабидешздрав
#македонијасакадатанцува

10/04/2021

40 танцови клубови од целата земја здружени со една цел: спас на танцот во Македонија ❤️

Бидејќи танцот значи здравје, а не болест!!!

40 танцови клубови од целата земја здружени со една цел: спас на танцот во Македонија ❤️

Бидејќи танцот значи здравје, а не болест!!!

[01/08/21]   И оваа година, иако изостана традиционалниот божиќен ручек во организација на Детска Амбасада за Сите Деца во Светот на кој се дружевме и ги забавувавме присутните дечиња и гости, го задржавме божиќниот дух и нашите најмили и најмлади членови си добија новогодишни пакетчиња. Благодариме на сите покровители и донатори, посебно на детската амбасада што изнуди насмевки и во овие лоши времиња ги израдува најмладите наши членови. Среќни и весели деца за здраво општество

youtube.com 10/11/2020

Can't Stop The Feeling / Танцувај За Да Бидеш Здрав

❤ТАНЦОТ Е ЗДРАВЈЕ❤
Посебно потребно за децата во овие моменти, физичко и психичко
Конечно насмевки на порталите!
Отворете го линкот, погледнете го видеото и наполнете ја душата со убавина.
Поддршка колеги !

youtube.com #ЗдравјетоПредСе #СпортувајЗаДаБидешЗдрав Тоа е мотото на танцовите клубови Брејк а Лег, Аква и Ит Да Бит од Скопје кои снимија видео од заедничкиот тренинг ...

zodijak.wixsite.com 09/10/2020

Часови | ppnew

Почитувани љубители на танцот и изведбените уметности, родители, членови и сите останати, Ве информираме дека групите за работа се оформени и со часови започнуваме според предвидениот протокол и распоред кој можете да го симните од нашата веб страна. Поради несакани појави Ве замолуваме да присуствуваат само оние членови и родители кои го потврдија своето физичко присуство со потпишувањето на Covid19 изјавата и согласноста за да ги почитуваме сите мерки и препораки од комисијата за заразни болести. За подетални информации и симнување на распоредот за работа посетете ја нашата веб страна
https://zodijak.wixsite.com/ppnew/chasovi
XMA Header Image
Часови | ppnew
zodijak.wixsite.com

zodijak.wixsite.com * Танц студиото ЗОДИЈАК го задржува правото за измена и дополнување на распоредот и активностите

18/09/2020

Почитувани,
Со големо задоволство Ви соопштуваме дека студиото за танц почнува со работа од 28 ми септември - понеделник (средна група) и 29 ти септември - вторник (мини група), во терминот од 18 до 19ч. Во зададениот термин на датумот означен погоре се замолуваат да дојдат само родителите за да подигнат и потполнат регистрационен лист и изјава/согласност за covid19. Накнадно ќе Ве информираме за почеток со работа на групите.
Правилата се во согласност со протоколот за работа на танцовите и балетски студија одобрен од комисијата за заразни болести и влада, службен весник бр. 175 од 01.07.2020 год. Стр.бр.9
*според протоколот и мерките за работа групите ќе бидат со ограничена бројка - намалени (предност имаат веќе запишаните членови 2019/20, за дополнителни ,,нови,, уписи ќе бидете навремено известени)
*студиото и распоредот ќе бидат адаптирани според протоколите за безбедна и непречена работа
*приоритет ни се безбедни услови за децата кои вежбаат.
Студиото ги има превземено сите мерки за безбедност и со тоа сме спремни за почеток, а притоа и сигурни за безбедноста и здравјето на нашите членови.
Со почит,

02/02/2020

Повелете!

15/11/2019

Во присуство на заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, в.д директорката на ЦК „Марко Цепенков“, Марија Спиркоска Илијеска и пред голем број на посетители и гости, синоќа во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ се одржа концерт со наслов „Од Нас за Вас“, со кој се одбележуваат 40 години од формирањето на Центарот за култура „Марко Цепенков“, 20 години од формирањето на танц студиото ЗОДИЈАК. Ви благодариме на сите за присуството, на родителите за упорноста и посветеноста на членовите, на сите поддржувачи и помагачи кои веруваат во нас, продолжуваме со засилено темпо и периодот што следи. Среќни родендени !

zodijak.wixsite.com 15/09/2019

Часови | ppnew

Почитувани родители, членови, љубители на танцот. Ве известуваме дека оваа недела стартуваме со отворени сесии и УПИСИ НА НОВИ ЧЛЕНОВИ во истите термини и денови како и досега (мини група - вторник и четврток од 19 до 20ч, јуниори исти денови од 20 до 21ч. И сениори од 21 до 22:30ч.) Ве очекуваме да танцуваме заедно.

zodijak.wixsite.com

[09/09/19]   Почитувани родители, членови, љубители на танцот. Ве известуваме дека оваа недела стартуваме со отворени сесии и УПИСИ НА НОВИ ЧЛЕНОВИ во истите термини и денови како и досега (мини група - вторник и четврток од 19 до 20ч, јуниори исти денови од 20 до 21ч. И сениори од 21 до 22:30ч.) За конечен распоред и точни сатници за првото полугодие ќе Ве известиме во викендот што следи. Ви благодариме на разбирањето и Ве очекуваме да танцуваме заедно.

18/05/2019

Од денешната дружба и фотографирање со Флотсам и Џетсам, пред Тобако плус. Ве очекуваме на театарската претстава Малата сирена, утре недела 19.05.19 во големата сала во Н.У.Ц.К. Марко Цепенков со почеток од 12:00 ч. Останаа уште многу малку билети во Тобако плус кај саат кулата. Бидете и Вие дел од нашата подводна авантура!

16/05/2019

Драги дечиња, почитивани родители и љубители на сценските уметности, сабота 18.05.19г. од 11:00 до 13:00 часот Ве покануваме на фотографирање и дружење со дел од ликовите од МАЛАТА СИРЕНА пред Тобако плус веднаш до Алфа 2, каде и воедно можете да набавите билети за претстојната театарска претстава за деца и млади на 19.05.19г. Останаа уште малку карти набавете си навреме! Повелете Ве очекуваме !

11/05/2019

Од денешната дружба и фотографирање со Урсула, пред Тобако плус. Ве очекуваме на театарската претстава Малата сирена на 19.05.19 во големата сала во Н.У.Ц.К. Марко Цепенков со почеток од 12:00 ч. Купете си навремено билет во Тобако плус кај саат кулата.

10/05/2019

Драги дечиња, почитивани родители и љубители на сценските уметности, утре сабота од 11:00 до 13:00 часот Ве покануваме на фотографирање и дружење со дел од ликовите од МАЛАТА СИРЕНА пред Тобако плус веднаш до Алфа 2, каде и воедно можете да набавите билети за претстојната театарска претстава за деца и млади. Повелете Ве очекуваме !

06/05/2019

Мизичко-сценски спектакл за деца и млади МАЛАТА СИРЕНА, Режија: Кире Миладиноски

Драги деца, почитувани родители, љубители на сценските уметности, Ве покануваме на музичко-сценскиот спектакл за деца и млади, театарската претстава МАЛАТА СИРЕНА. На 19.05.2019 год. со почеток од 12:00 часот во Центарот за култура Марко Цепенков. Билетите се пуштени во продажба од денес во Тобако ПЛУС по цена од 100 ден. Ве очекуваме !

29/04/2019
25/04/2019

музичко сценски спектакл за деца и млади МАЛАТА СИРЕНА

Драги деца, почитувана публико и љубители на сценските уметности на голема радост Ви ја најавуваме репризната изведба на музичко сценскиот спектакл МАЛАТА СИРЕНА. Наскоро!

[04/25/19]   Драги деца, почитувана публико и љубители на сценските уметности на голема радост Ви ја најавуваме репризната изведба на музичко сценскиот спектакл МАЛАТА СИРЕНА. Наскоро!

31/03/2019

УПИСИ !
https://zodijak.wixsite.com/ppnew

23/12/2018

МАЛАТА СИРЕНА

Почитувани родители, драги деца и сите љубители на сценските уметности. Имаме обврска да Ве информираме дека поради ниските температури и неможноста да се задржи работната температура во гледалиштето, музичко-сценскиот спектакл „Малата сирена„ не сме во можност да ја одиграме повторно во овој период. Ви благодариме на Вашата поддршка и на разбирањето, неуморно работиме и постоиме заради Вас. Децата се најискрената публика и заслужуваат квалитетни изведби работени и до најмал детал, за што говорат Вашите пофалби и критики. За наредната изведба поради големиот интерес за овој извонреден спектакл ќе Ве информираме навремено. Ви благодариме уште еднаш и Ви посакуваме Среќни и весели новогодишни и божиќни празници што следат.

Музичко-сценски спектакл за деца и млади 05/12/2018

МАЛАТА СИРЕНА

МАЛАТА СИРЕНА

03/12/2018

Голема благодарност до сите кои со своето присуство дадоа свој допринос за прекрасната изведба на Малата сирена. Исто така голема благодарност до Министертвото за култура на Р.М. Општина Прилеп што препознаа квалитет и не ставија во националната програма за култура 2018. Благодариме и на сите инволвирани директно или индиректно без вас немаше да биде целосна оваа наша сложувалка од авантури на малата Ариел. Благодариме на авторската екипа, Н.У.Ц.К. Марко Цепенков како копродуцент и матична сцена, на училиштето за театар чин 4 сцена 5 и сите членови на танц студиото Зодијак. Поради големиот интерес наскоро со репризно издание.

Videos (show all)

Happy Internatinal Dance Day
Мизичко-сценски спектакл за деца и млади МАЛАТА СИРЕНА, Режија: Кире Миладиноски
музичко сценски спектакл за деца и млади МАЛАТА СИРЕНА
МАЛАТА СИРЕНА
Почитувани родители, драги деца и сите љубители на сценските уметности. Имаме обврска да Ве информираме дека поради ниск...
ПОВЕЛЕТЕ !!!

Location

Category

Telephone

Address

Bul. Goce Delchev Bb
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 18:30 - 22:30
Tuesday 18:30 - 22:30
Thursday 18:30 - 22:30
Other Education in Prilep (show all)
Ekonomisti - Optimisti Ekonomisti - Optimisti
Prilepski Braniteli Br. 143
Prilep

Мисија: Ние сме креатори на позитивна мисла. Ние дејствуваме. Ние се бориме против песимизмот.

Фризерски салон ТЕА Фризерски салон ТЕА
R.R.Richko 28
Prilep, 7500

ЕДУ Шампиони ЕДУ Шампиони
Vo Blizina Na OOU"Kire Gavrlioski".
Prilep, 7500

ЕДУ Шампиони - Едукативен Јазичен Центар за деца и возрасни, чија цел е здобивање со темелни знаења и вештини по Англиски и Германски ј.

Хуманитарна Организација “Помош за хендик Хуманитарна Организација “Помош за хендик
Prilep, 7500

Хуманитарна Организација ПХС “Помош за хендикепирани и сиромашни” - Прилеп Humanitarian Organization "AHP" (Aid for Handicapped and the Poor) - Prilep

ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - П ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - П
Булевар „Гоце Делчев“ бб
Prilep, 7500

Јавна општинска установа (ЈОУ) Градска библиотека „Борка Талески“ - Прилеп

Учи Италјански во Прилеп - Learn italian in Prilep Учи Италјански во Прилеп - Learn italian in Prilep
ул. Питу Гули 6
Prilep

CIAO! Do you want to learn italian for FREE! Come to Info Sega's office and learn italian with Erasmus volunteers from Italy.