20/10/2021
Почитувани,
Ви нудиме преведување на научно-технички текстови и документации, како и превод на уметнички текстови од словенечки, бугарски и хрватски јазик на македонски и од бугарски, македонски и хрватски јазик на словенечки. Со помош на софистицираните програми за преведување, како што се Trados и MateCat, ви нудиме професионални, брзи и висококвалитетни преводи.
Тел. 071 483 205
30/09/2021
Среќен Меѓународен ден на сите преведувачи и толкувачи🇬🇧🇩🇪🇨🇵🇧🇬🇲🇰🇬🇷...
As we continue building lingustic bridges together we wish you a Happy International Translation Day❤
20/02/2021
Стручни преводи
Во доменот на нашата работа се и секаков вид на стручни преводи на текстови од англиски на македонски јазик и обратно.
Ги опфаќаме следниве области:
- медицина
- право
- градежништво
- компјутерска технологија
- преводи на веб- страници и др.
Работиме брзо, ефикасно и навремено, согласно Вашите барања.
тел. 071 33 71 70 и 071 483 205
30/01/2021
☑️Превод претставува точен пренос на изворен текст во целен текст.
Зависно од видот на преводот, разликуваме 🔹судски и
🔹незаверен превод. Преводи што се заверени со печат и потпис на овластен судски преведувач ги сметаме за судски, а сите оние што ги немаат овие карактеристики ги сметаме за незаверени.
Зависно од видот на текстот, ги нудиме следниве видови превод:
🔸Деловен превод (документи за деловна кореспонденција)
🔸Технички превод (инструкции/упатства за работа и слично)
🔸Правен превод (текстови на договори, судски одлуки, тужби и сл.)
🔸Административен превод (уверенија, изјави, пасоши, возачки дозволи и сл.)
🔸Научен превод (превод на учебници, текстови во стручни списанија, филолошки текстови и сл.)
🔸Друг превод (конференциски текстови, спецификации за патенти, текстови од новински агенции, рекламни текстови и др.
☑️Обезбедуваме квалитетен превод , навреме и по разумна цена!
01/10/2020
Преведувачкиот тим „Лондон Глобал“ Ви обезбедува професионална и беспрекорна услуга при превод од англиски на македонски јазик и обратно на:
✅лични документи
✅деловна документација
✅презентации
✅брошури
✅договори
✅правна документација
✅судски спорови....
📞 071/337 170 и 071/483 205
04/11/2019
✅СИМУЛТАНО ПРЕВЕДУВАЊЕ
Нашиот преведувачки тим Ви стои на раполагање за превод од англиски на македонски јазик и обратно на вашите конгреси, семинари, симпозиуми, видеоконференции, работилници и други разни состаноци. При симултано преведување преведувачите се сместени во специјално опремени кабини, а учесниците на собирот со помош на слушалки слушаат симултан превод на својот јазик.
✅КОНСЕКУТИВНО ПРЕВЕДУВАЊЕ
Консекутивното преведување обично се изведува за помала група на учесници разни деловни средби. Содржината на говорот консекутивниот преведувач ја преведува на целниот јазик за време на кратката пауза направена од говорникот.
22/09/2019
Почитувани досегашни и идни клиенти,
Ве известуваме дека документацијата поврзана со лекување односно за медицински цели која треба да се преведе од англиски на македонски јазик или обратно, ја преведуваме без никаков надоместок.
Да бидеме хумани онолку колку што можеме!
Со почит,
Преведувачки тим "Лондон Глобал"