23/08/2026
Почитувани студенти!
Објавен е Регионалниот натпревар за иновативни бизнис идеи на младите од Пелагонискиот регион, наменет за млади кои имаат идеја, визија и интерес да ја претстават и да се натпреваруваат за избор меѓу најдобрите идеи од регионот.
Натпреварот се реализира во рамки на Регионалната платформа за млади, механизам за соработка меѓу деветте општини од Пелагонискиот регион и девет невладини организации – членки на Платформата. Иницијативата има за цел да создаде простор за младите да ги афирмираат своите идеи, да го претстават својот иновативен потенцијал и да се вклучат во иницијатива што го поттикнува нивното активно учество во развојот на локалната и регионалната заедница.
Во рамки на натпреварот е обезбеден награден фонд во вкупен износ од 30.000 денари, обезбеден од деветте општини од Пелагонискиот регион, членки на Регионалната платформа за млади. Наградниот фонд е наменет за наградување на најдобрите идеи во рамки на натпреварот.
Право на учество имаат млади на возраст од 15 до 29 години од Пелагонискиот регион, при што секој учесник може да пријави една бизнис идеја.
Рокот за пријавување е 10 септември 2026 година, до 14:00 часот.
Целосните информации за условите за учество, потребната документација и начинот на пријавување се достапни на:
https://prolocal.mk/mk/2026-mk/
Ве охрабруваме да се пријавите и достојно да го претставувате нашиот Економски факултет!
BeOnePage | Best WordPress theme for one page websites