29/06/2026
Денес, 29.6.2026г., членовите на ,,СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ" - Драмската секција на СОУ,,Ѓорче Петров" Прилеп, директорката на училиштето, Жанета Видевска и менторот на секцијата, Билјана Тинтоска, беа на прием кај градоначалникот на Општина Прилеп, г-н Дејан Проданоски. Градоначалникот ја пофали заложбата на учесниците во филмот,,Девојките на Марко", нивната посветеност, пожртвувана работа и креативност, што резултираа со полна сала и задоволна публика. Градоначалникот го истакна значењето на оваа ученичка посветеност за напредокот на нашиот град и изрази благодарност и верба во идни вакви и уште поголеми дела. Средбата беше и разговор со актерите и целиот тим, за нивните искуства од подготовките на филмот, а свои впечатоци изнесоа и директорката и менторката. Градоначалникот ја закити средбата со Пофалница и Плакета за ,,СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ", а го искажа и своето задоволство од дружбата со вакви креативни, пожртвувани и одговорни млади луѓе кои ја испишуваат историјата на нашиот град.