K.K. BONSAI-PRILEP

K.K. BONSAI-PRILEP

Share

Карате Инструктори:
Валентина Пурдеска - 070 772 472
Дамјан Ристески - 078 722 650
Филип Ристески

Тренинзите ги водат:
Валентина Пурдеска - WKF акредитиран тренер
Светски и европски судија во кати и борби
Дамјан Ристески - WKF aкредитиран тренер
Државен судија во кати и борби

Photos from Карате Федерација на Македонија's post 22/05/2026
Photos from K.K. BONSAI-PRILEP's post 03/05/2026

Денеска на меѓународниот карате турнир Охрид Опен 2026, нашите натпреварувачи остварија извонреден успех, освојувајќи вкупно 24 медали.

Со одлични настапи, дисциплина и силен борбен дух, тимот се претстави во најдобро светло, освојувајќи медали во повеќе категории. Овој резултат е директен доказ за напорната работа, посветеноста и континуираниот напредок на каратистите.

,,Охрид Опен уште еднаш се потврди како значаен спортски настан, а освоените 24 медали се голема мотивација за идни успеси и нови предизвици.

Photos from K.K. BONSAI-PRILEP's post 19/04/2026

Горди сме! 🏅

На Државното првенство за деца освоивме 5 медали! 💪

Благица Јошеска, Алексеј Петрески, Теодор Стојановски и Бонита Велкоска.

Голема благодарност до нашите млади шампиони за трудот, посветеноста и борбеноста – ова е само почеток! 🔥
Продолжуваме уште посилно! 🚀

14/04/2026

Линк - слики од турнир ,, Олимпик Опен 2026" - Скопје.

OLIMPIK - Google Drive

06/04/2026

Со голема гордост објавуваме дека на натпреварот Olympic Open освоивме вкупно 31 медал! 🏆🥋

Овој успех е резултат на напорната работа, дисциплината и посветеноста на сите натпреварувачи, како и поддршката од тренерите и целиот тим. Секој освоен медал е доказ за вложениот труд и желбата за напредок.

Горди сме на секој член од екипата и продолжуваме уште посилно кон нови предизвици и победи! 💪🔥

Photos from K.K. BONSAI-PRILEP's post 27/03/2026

Полагање за жолти појаси
27.03.2026
Честитки до сите

Photos from K.K. BONSAI-PRILEP's post 14/03/2026

Нашиот клуб ја покажа својата сила и посветеност – освоивме неверојатни 17 медали на Grand Prix во Скопје! Горди сме на сите наши натпреварувачи кои со труд, дисциплина и борбен дух ги донесоа овие резултати.

Честитки до секој од вас! 👏 Нека ова биде мотив за уште поголеми успеси! 💪

Photos from K.K. BONSAI-PRILEP's post 07/03/2026

Денес на карате турнирот „Фунакоши Гичин“, кој се одржа во Скопје, нашите каратисти имаа одличен настап и освоија вкупно 16 медали во дисциплините кати и кумите. 🥋🏅

Со голема борбеност, посветеност и спортски дух, натпреварувачите достојно го претставија нашиот клуб и покажаа дека трудот на тренинзите секогаш носи резултати.

Photos from K.K. BONSAI-PRILEP's post 28/02/2026

Учество на карате турнирот во Кочани, организиран во чест на 63-те загинати.

Нашиот клуб настапи со 4 натпреварувачи во дисциплините кати и кумите, прикажувајќи стабилни и квалитетни настапи во текот на целиот ден. Секој меч беше одработен со фокус, дисциплина и почит кон противникот – вредности што ги негуваме на секој тренинг.

Резултатот од трудот е 12 освоени медали 🥋🏅

Овој успех е потврда за континуираната работа, посветеност и напредок на нашите каратисти.
Честитки до сите натпреварувачи за прикажаната техника и борбеност, како и благодарност до организаторот за одличната организација.
Продолжуваме со работа и подготовки за следните предизвици.

Photos from K.K. BONSAI-PRILEP's post 03/02/2026

Со гордост ви ги претставуваме нашите 4 каратистки: Јована Илиоска, Цвете Миланоска, Марија Јорданоски и Катерина Јорданоски кои ќе нè претставуваат на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Лимасол, Кипар 🇨🇾.

Месеци напорна работа, дисциплина и посветеност стојат зад овој момент.

Им посакуваме многу успех, силен дух и фер борби – одиме чекор по чекор кон нови искуства и победи!

Want your school to be the top-listed School/college in Prilep?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


Kuzman Josifovski Pitu
Prilep
7500