СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп

СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп

You may also like

UPCI
UPCI

Официјална Facebook страница на Средното општинско училиште „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп

Operating as usual

Photos from СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп's post 13/12/2023

Талентираните ученици од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп на секое поле нижат награди! Честитки и многу успех во иднина за нив и за нивниот ментор Elena Damjanoska!

13/12/2023

На 12.12.2023 во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп, се одиграа натпреварите во ⚽️ФУТСАЛ ⚽️за МАШКИ од СРЕДНИТЕ училишта од ЗОНА Прилеп.
Победник и претставник на РЕГИОНАЛНИТЕ натпревари е екипата на 🏆СОУ ,,РИСТЕ РИСТЕСКИ - РИЧКО"🏆, Прилеп.

ЧЕСТИТКИ! 👏

Photos from СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп's post 25/11/2023

Учениците од СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ Прилеп како и од другите средни училишта од градот ја покажаа својата хуманост учествувајќи на Хуманитарен турнир во футсал кој се одржа на 23 и 24 Ноември во спортската сала на нашето училиште. Средствата ќе бидат донирани за лечење на малиот ❤️Андреј Христовски❤️ кој боледува од Душенова мускулна дистрофија. Голема благодарност упатуваме до организаторите „Младинската огранизација - Ричко“, Сообраќајната единица од Ричко, медицинските лица др. Верица Миноска и медицинските сестри Наташа Ангелеска и Даниела Мицеска, професорите по спорт од СОУ „Ристе Ристески - Ричко“, учениците од спортската гимназија за нивната хуманост и несебична поддржка во текот на двата дена од турнирот.
🙏❤️🙏

21/11/2023

Распоред за полагање на вонредни кандидати во ноемвриска испитна сесија 2023 година

Photos from Rotary Club Prilep's post 14/11/2023
Photos from МТФ “Војдан Чернодрински” - Прилеп's post 12/11/2023
02/11/2023

По иницијатива на учениците од III-6 клас при СОУ "Ристе Ристески-Ричко" од Прилеп се спроведе хуманитарна акција каде се собираа парични средства за Марко, двегодишното дете кое треба да оди на третман во Турција. Се надеваме дека и други фирми, компании, здруженија и институции ќе го следат примерот и ќе помогнат ова дете да се избори со болеста. Учениците од овој клас им се заблагодаруваат на сите средношколци и наставници кои потпомогнаа во собирањето на средствата и се надеваат дека средствата кои се потребни ќе бидат што е можно побрзо собрани.

31/10/2023

📸 Добредојдовте, Дуалци од генерација 2023 во Прилеп! 🌟

Горди сме на сите талентирани и храбри ученици што се запишаа на средно дуално образование по германски стандард, овозможено од AHK Nordmazedonien! 🎉

Оваа фотографија, направена на Supplier Balkan Expo-SUBEX совршено го отсликува ентузијазмот и потенцијалот на нашите идни професионалци.

Ние ќе се погрижиме во Ламинати Ком да ви обезбедиме едно уникатно учебно искуство согласно со германските стандарди. Преку овој програм, ќе стекнете и теоретско знаење од вашите наставници во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп и практични вештини во Ламинати Ком, поставувајќи цврста основа за вашите идни кариери. 📚✨

Веруваме дека образованието е клучот за отклучување на безброј можности и горди сме што сме дел од вашето патување. Нашата посветена екипа на ментори и едукатори ќе ве водат на секој чекор од патот, обезбедувајќи ви најдобра можно обука и поддршка. 💼🤝

Заедно, ќе истражиме свет на иновации, соработка и раст. Додека се искачувате на ова возбудливо патување, сетете се дека вашата работа, посветеност и страст ќе го отворат патот кон успешна иднина. 🌟

Добредојдовте уште еднаш! 🌍

#ДуалноОбразование #Прилеп #ИдниЛидери

Photos from СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп's post 22/10/2023

Прилеп денес беше домаќин на големиот спортски настан, атлетска трка, насловен под името "ЧЕ Трчаме". За таа цел беше обезбедена рута од 5км и 10км, како и кратка рута за нашите најмлади атлетичари. Полициската станица од Прилеп, секторот за сообраќај, со максимална поддршка на учениците од сообраќајната училишна единица при СОУ "Ристе Ристески-Ричко" од Прилеп, успешно ја обезбеди рутата на која активно учество зедоа голем број натпреварувачи од цела Македонија, кои беа поддржани од уште поголем број на гости кои ги бодреа натпреварувачите. За таа цел имаше промена на режимот на одвивање на сообраќајот во времетраење од три часа. Од самата слика на местото на настанот се заклучи дека сите присутни, кои беа во голем број, уживаа во настанот и можеме слободно да кажеме дека вакви и слични настани им се потребни на нашиот град.

16/10/2023

🙏 🙏. 🙏

Photos from Борче Јовчески's post 13/10/2023
Photos from СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп's post 10/10/2023

Обединети под мотото ,,Слобода во нашите срца" вработените и учениците од СОУ ,,Ристе Ристески-Ричко", Прилеп со низа активности го чествуваа празникот 11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ. Чествувањето започна со приредба со родољубива тематика и откривање на мурал изработен од страна на професорот Методи Исков и група ученици од нашето училиште. На прославата по повод празникот присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, претседателот на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски и советничката Билјана Кузманоска. Ученици од нашето училиште зедоа учество и во формирање на македонското знаме, настан организиран од сите средни и основни училишта од градот на непокорот Прилеп.
11 Октомври е симбол на македонската борба за слобода. На овој значаен ден Македонецот храбро, непоколебливо, бестрашно зачекорува кон слободата , но и кон самостојноста, самобитноста и државноста.
🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Честит празник 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Photos from СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп's post 09/10/2023

СОУ "Ристе Ристески - Ричко" може да се пофали со уште еден прекрасен мурал изработен во училиштето во чест на Ристе Ристески - Ричко. Од ❤️ им благодариме на учениците и професорот Исков за вложениот труд.

Photos from СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп's post 06/10/2023

Loading... Под менторство на професорот Методи Исков

Photos from СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп's post 18/09/2023

🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Gentherm Prilep Ви благодариме од ❤️ за Вашата нова донација од десет компјутери за нашето училиште.
Среќни сме што имаме можност за соработка со општествено одговорна и успешна компанија, но уште посреќни бидејќи со Вашата донација ги подобрувате условите во нашето училиште и иднината на учениците 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Photos from СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп's post 07/09/2023

СОУ "Ристе Ристески-Ричко" Прилеп во текот на неговата долгогодишна работа остварува соработка со голем број компании. Особено значајна е соработката со компанијата АД Vitaminka која, како општествено одговорна компанија, секогаш излегува во пресрет на потребите и барањата од училиштето.
Меѓусебната соработка вклучува професионална обука на наши ученици кои се дел од дуалното образование и подготовка за нивна интеграција на пазарот на трудот. Со тоа наидуваме на позитивна атмосфера во однос на вработување на дел од учениците како и континуирани донации на компјутери и техничко-технолошки помагала за потребите на нашето стручно училиште.
Денес сме сведоци на нова донација од АД Витаминка на 10 нови компјутери за потребите на учениците
АД Витаминка ❤️ Ви благодариме!

Want your school to be the top-listed School/college in Prilep?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


Браќа Миладиновци бр. 213
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 07:30 - 19:30
Tuesday 07:30 - 19:30
Wednesday 07:30 - 19:30
Thursday 07:30 - 19:30
Friday 07:30 - 19:30
Other Prilep schools & colleges (show all)
Економско училиште - СОЕПТУ "Кузман Јосифоски - Питу" Економско училиште - СОЕПТУ "Кузман Јосифоски - Питу"
Car Samoil 1a
Prilep, 7500

Официјална фејсбук страна на СОЕПТУ "Кузман Јосифоски Питу" - Прилеп

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп
Улица „Прилепски бранители“ бр 90/Б
Prilep, 7500

Средно општинско училиште Гимназија "Мирче Ацев" - Прил