СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Comments

📢 Коалиција СЕГА објавува повик за 7️⃣ млади лица на возраст од 18 – 23 години од Прилеп, за учество на интернационална програма која вклучува и мобилност во Киелце, Полска во периодот од 21-27 ноември 2021 година. 📅
ℹ Активностите во кои ќе бидат учесниците вклучени се врз основа на методологија за рано кариерно насочување и алатки за гејмификација кои се развиваа во рамките на проектот.
‼️ Услов за учество:
Млади лица на возраст од 18-23 години од Прилеп, кои поседуваат сертификат за примена вакцина (според правилата за влез во Полска лицата кои ќе престојуваат во државата мора да бидат комплетно вакцинирани со една од следните признати вакцини Phizer- BioNTech и Astra Zeneca).
and from the region seize new to strengthen 😎

During the project "VOICES: Value of Intercultural Creative Education in Schools” youth and teachers from , and gained new creative skills and made life-long connections 🤗

The project was implemented by Geološka i hidrometeorološka škola "Milutin Milanković", BAZAART, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп and JU Prva srednja stručna škola within our third Open Call supported by the Federal Republic of ✅ 🔝 👍

Learn more about it 👇
📣 Во барот „Кога-Каде“, (18.08.2020 год.) во рамките на проектот „Младите и Европските вредности“, се одржа кафе средба за промоција на „Европски вредности и Солидарноста“ организиран од Youth Council Prilep -Младински Совет Прилеп.
На денешниот настан присуствуваа професори од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп , наставници од Оу Блаже Конески, како и млади од Прилеп.
Пред бројните присутни млади и професори беа промовирани Европските вредности и солидарноста, а учесниците имаа можност да го искажат своето мислење на темата и да дискутираат.
Младински Совет Прилеп им се заблагодарува на присутните за нивното учество и за соработката, а посебна благодарност до барот КОГА КАДЕ што ни овозможи пријатна афмосфера.
Настанот е во рамките на проектот „Младите и Европските вредности“ поддржан од Coalition of youth organizations SEGA, а финансиран од Генералниот Секретаријат при Влада на Република Северна Македонија.
Иако информираа за не баш ведра тема (онлајн насилство), младите новинари од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп сепак најдоа простор за забава додека го правеа видеото. Работата на учениците Благоја Младеноски, Теодора Илиовска, Христина Дуревска и Ангелина Апостолоска ја менторираа професорката Стефани Видеска и новинарот Огнен Јаневски од Телевизија 24.
Телевизија 24 во изминатиот период се придружи кон Европската недела за медиумска писменост, преку иницијативата и конкурсот „Биди медиумски активен/на“ кој го организираа Институт за комуникациски студии и делегацијата на Европската Унија во земјава (Delegation of the European Union, Skopje).

На овој конкурс, бевме поканети од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, од професорката Стефани Видеска, која беше координаторка на тимот-ученици (Ангелина Апостолоска, Христина Дуревска, Теодора Илиовска и Благоја Младеноски), кој, пак беше под менторство на нашиот новинар, Ognen Janeski.

Средношколците од прилепската гимназија работеа на истражување за најчестите форми на онлајн-насилство, каде што крајниот производ кој може да го погледнете во видеото при оваа објава посочува дека најчесто тоа се исмејувањата за фотографии на социјалните мрежи, но и преку пораките кои си ги разменуваат меѓу себе.

#ИКС #ЕУсоТЕБЕ #МедиумскаПисменост
Најчеста форма на онлајн насилство е исмејување за фотографија или преку пораки, покажува истражувањето на средношколците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп кои учествуваа во конкурсот „Биди медиумски активен/на“ што го организираа Институт за комуникациски студии и Delegation of the European Union, Skopje. Видеото го направијата учениците Благоја Младеноски, Теодора Илиовска, Христина Дуревска и Ангелина Апостолоска кои ги менторираа професорката Стефани Видеска и новинарот Ognen Janeski од Телевизија 24.

#ИКС #ЕУсоТЕБЕ #МедиумскаПисменост
Здружение - КЛУБ НА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРЦИ
ПРИЛЕП

Здружението- КЛУБ НА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРЦИ-Прилеп согласно статутот и Програмата за работа на Клубот и по повод Патронот на град Прилеп Св. Никола, распишува


К О Н К У Р С
за најдобра ЛИЧНА ТВОРБА ЗА 2019 година

Темата на личните творби е слободна

Право на учество имаат сите ученици од средните училишта во град Прилеп.

Здружението Клуб на Литературни творци-Прилеп, ги доделува следните награди:

I награда за поетска и I награда за прозна лична творба;
II награда за поетска и II награда за прозна лична творба;
III награда за поетска и III награда за прозна лична творба;

За наградените учесници се обезбедени награди во книги и Благодарници, а за нивните ментори Благодарници за успешното учество на конкурсот.
Личните творби (поезија или проза) да бидат испратени под шифра и да биде нагласено училиштето и име и презиме на менторот, да бидат пишувани во Times New Roman фонд 12 со напомена прозните лични творби да не бидат подолги од 3 печатени страници.
Кандидатите своите лични творби треба да ги испратат електронски на: е-mail: [email protected].

Конкурсот трае од 02.12.2019год. до 13.12.2019год.
Прогласувањето на наградите ќе биде на 16.12.2019 година, во 18 часот во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“

Прилеп, 02.12.2019 год. Претседател
Снежана Паноска
Денес, одржавме презентација во СОУ Гимназија "Мирче Ацев" - Прилеп со цел да ги информираме младите за Generation Unlimited - Младински Предизвик! 😊🤓

👉👉 Дознајте повеќе и аплицирајте веднаш на: https://www.genunlimited.mk/



SmartUp - Social Innovation Lab
🗣 #ОпштинаПрилеп го слуша гласот на младите! Идеите на младите за подобрување на квалитетот на живот во Општина Прилеп почнуваат да се реализираат.

Во 2017 година преку дигиталната алатка за младинско учество OPIN MK 👥младите апелираа дека околината околу езерото е простор кој треба да биде уреден и да преставува атрактивен рекреативен центар за локалното население, но и атрактивен туристички центар.

📯 🎉Идеи од младите за уредување на просторот околку Вештачкото езеро во Прилеп се:
🚴‍♀️ Обележување на велосипедски патеки и патеки за трчање околку езерото каде младите и граѓаните ќе можат да се рекреираат;
🎾 Отварање на тениско игралиште околку вештачкото езеро во Прилеп:
🏞 Поставување на корпи за отпадоци, клупи, летниковци и друга урбана опрема;
🏢 Реновирање на хотелот;
🛣 Да се подобри инфраструктурата / патот до езерото.

На синоќешниот Граѓански Парламент, Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, информираше дека започнуваат и работите на проектот за вештачкото езеро, каде ќе се прават велосипедски и пешачки патеки, спортски игралишта, мултимедијален простор со летниковци и други содржини.

За потсетување младите од општина Прилеп побараа и:
🏊‍♀️ Затворен базен
🐕 Шелтер центар во Прилеп за згрижување и нега на улични кучиња
🏠 Младински културен центар - Дом на млади во Прилеп
🎬 Отварање на 3D кино во Прилеп

#ОпштинаПрилеп #ИлијаЈованоски СОУ Гимназија "Мирче Ацев" - Прилеп Соу Орде Чопела Прилеп СОУ "ѓорче Петров" Прилеп Економско училиште - СОЕПТУ "Кузман Јосифоски - Питу" СОУ "Ристе Ристески-Ричко" - Прилеп
Ученици, зимскиот распуст е одлична можност да ги подготвите вашите истражувачки проекти за #ПредизвикЗаМлади. Пријавувањето на јавниот повик трае до 15.02.2018.

Средно општинско училиште Гимназија "Мирче Ацев" - Прил Средно општинско училиште Гимназија "Мирче Ацев" - Прилеп

Operating as usual

Photos from СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп's post 18/11/2022

Тим составен од ученици од прва и втора година и тим составен од ученици од трета и четврта година, дебатираа на тема „ Застапеноста на наркотици кај средношколците“. Дебатата се одржа во просториите на Гимназијата, а организатори беа учениците од Ученичкиот Парламент. Имињата на дебатерите ќе ги прочитате на објавените фотографии во овој пост.
Во редовите на публиката покрај гимназијалци, имаше и ученици од другите средни училишта во градов. Своја поддршка на учениците и настанот дадоа неколкумина професори од училиштето и секако, директорката Весна Михаиловска.
Од планираните активности на УП при Гимназијата за оваа учебна година, овој настан е првиот од ваков вид. Дебатерите беа одлично подготвени за темата. Публиката со внимание ја следеше дебатата и изнесените ставови на дебатерите. Темата побуди голем интерес кај сите присутни на настанот. Веруваме дека за брзо ќе бидеме „почестени“ и со други слични настани организирани од гимназијалците.

27/10/2022

📣 Coalition of youth organizations SEGA заедно со своите локални волонтери ја одржа работилницата за „Европски вредности” во просториите на средното училиште СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп.

📚 Преку работилницата младите ги надоградуваа своите знаења преку едукативна презентација и интерактивни вежби, каде придонесуваа со своите ставови и мислења во однос на темата, со посебен фокус на локално ниво.

ℹ️ Работилницата беше организирана во рамки на солидарниот проект „Одржлива средина и ефективен развој за младите” кој е финансиски поддржан од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, преку Европски Солидарен Корпус.

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп 04/09/2022

Од утре (понеделник, 05.09) наставата ќе се реализира по нов распоред на часовите.
Истиот може да го најдете во менито на училишната веб страна https://www.gimprilep.edu.mk/

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп Официјална веб страна на средното општинско училиште Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

31/08/2022

Учебната 2022/23 година започнува на 01.09.2022 (четврток) со следниот распоред на смените:
ПРВА И ВТОРА ГОДИНА - ПРЕДПЛАДНЕ со почеток на првиот наставен час во 07:30 часот
ТРЕТА И ЧЕТВРТА ГОДИНА - ПОПЛАДНЕ со почеток на првиот наставен час во 13:30 часот.
Учениците треба да бидат присутни во училиштето 10 минути пред почетокот на првиот наставен час.

09/06/2022
08/06/2022
08/06/2022
08/06/2022
07/06/2022

БИДИ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ!

Биди гимназијалец 03/06/2022

Биди гимназијалец БИДИ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ ! Запиши се во Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп. Биди дел од најуспешните !

26/05/2022

За кого е наменет курсот:

Програмскиот јазик С # е идеален јазик за да се научи програмирањето. Тој е едноставен, модерен, повеќенаменски објективно-ориентиран програмски јазик за пишување на различни програми, игри, апликации кои користат бази на податоци, управување на уреди и др. Штом ќе научите програмирање во С #, имате одлична основа од која може да продолжите да се надоградувате за програмирање во било кој друг програмски јазик.

Курсот е наменет за сите кои се заинтересирани да го научат најпопуларниот програмски јазик на сите времиња, програмски јазик кој милион професионалци ширум светот го користат секојдневно, а со тоа да влезат во светот на програмирање со С.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

Завршено средно образование
Редовно физичко присуство на предавања и исполнување на задачите
Не е потребно претходно предзнаење од програмирање во C #

Придобивки:

Секој слушател работи самостојно на свој компјутер,
Пристап до најмодерна технолошка библиотека,
Работа на практични задачи и вежби,
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат.

Курсот се одржува во Прилеп, во просториите на Микросам Академија и трае 6 месеци. Часовите се одржуваат од понеделник до четврток од 16 до 21ч.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА ЛИНКОТ:

https://careers.mikrosam.com/jobs/besplaten-kurs-programiranje-akademija/

02/05/2022

Од утре (вторник) 03.05.2022 ќе има промена на смените.
Прва и втора година се од попладне, трета и четврта година - претпладне.

15/12/2021

„Состојбата на средношколците во Прилеп“ е темата на панел-дискусијата во организација на Ученичкиот парламент на Гимназијата. Прва дискусуја од серијата планирани настани на оваа тема.
Време: 16.12.2021 г.
Место: кино-сала во „Марко Цепенков“
Учесници: види фото
Публика: повелете!

26/06/2020

Почитувани,
Економски факултет - Прилеп Ве поканува на виртуелниот отворен ден кој ќе се одржи на ден 2 јули (четврток) со почеток во 12:00 часот.
За да го проследите настанот кликнете на следниот линк:
meet.google.com/stv-sjey-ywj

Биди гимназијалец 25/06/2020

Во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, има 95 слободни места за запишување на ученици во сите подрачја во третото пријавување на 29 јуни 2020 год.
Запишувањето во прва година ќе се реализира од 08 до 13 часот.

Биди гимназијалец БИДИ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ ! Запиши се во Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп. Биди дел од најуспешните !

Огласна табла 23/06/2020

Во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, има слободни места за запишување на ученици во сите подрачја во второто пријавување на 24 и 25 јуни 2020 год.
Запишувањето во прва година ќе се реализира во термините꞉
24 јуни од 09 часот до 15 часот
25 јуни од 08 часот до 13 часот

Огласна табла Огласна табла, на Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Гимназијалци, награди и радости 14/06/2020

Дел од меѓународните, државните и локалните успеси на гимназијалците и нивните професори.
БИДИ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ!

Гимназијалци, награди и радости Дел од успесите на гимназијалците во изминативе неколку години. Гордост на Гимназијата ! http://www.gimprilep.edu.mk

ОГЛАС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА 10/04/2020

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, објавува оглас за запишување на ученици во прва година во учебната 2020/2021 год

ОГЛАС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА во учебната 2020/2021година

10/03/2020

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ ја информира јавноста дека нема да се изведува настава до 24 март и ќе се постапува по препораките од петнаесеттата седница на Владата од 10.03.2020 год.
https://vlada.mk/sites/default/files/zakluchoci_covid-19.pdf

vlada.mk

13/02/2020
14/01/2020

Оваа година на традиционалното „Вртење на паричка“ најсреќен беше професорот Дарко Ристески кому му падна паричката!
Нека оваа година му биде среќна и исполнета со многу успеси!

31/10/2019

Медиумски ден за средношколци посветен на животната средина

Гимназијалци #неИгнорирајРеагирај

reagiraj.mk Околу 80 средношколци и професори од неколку градови во земјава разговараа со македонскиот претседател Стево Пендаровски за справувањето со предизвиците од клима....

31/10/2019

Медиумски ден

Активности на гимназијалците #неИгнорирајРеагирај

http://play.mrt.com.mk/play/37800?fbclid=IwAR2OcImsX2us0AuZJe3gUZiKs-CKZYIefJqDTYUSOI2saxU4Gro8XVWYNvs

play.mrt.com.mk Петта година по ред се организира медиумски ден.. Ученици од неколку средни училишта во земјава го посетија јавниот сервис.. Се информираа како работи медиумот и ка....

29/07/2019

Cпоред претставниците на училиштата, при секое забележано насилство веднаш се интервенира и во зависност од ситуацијата се вклучуваат сите засегнати страни како што се родители, класни раководители, па дури и Центарот за социјални работи ако за тоа има потреба.

Наоди од спроведеното Истражување во средните училишта за утврдување на актуелната состојба за постоење, превенција и справување со случаи на насилство | Коалиција СЕГА

#стратешкопартнерство #ПрепознајПочитувајОстварувајПрава #ЕУ #ОтворенаПорта

29/07/2019

Во случај кога навистина се сведоци на насилство, учениците попрво би избрале да интервенираат за да се спречи насилството, отколку да го пријават имајќи во предвид што е поприоритетно во дадената ситуација.

Наоди од спроведеното Истражување во средните училишта за утврдување на актуелната состојба за постоење, превенција и справување со случаи на насилство | Коалиција СЕГА

#стратешкопартнерство #ПрепознајПочитувајОстварувајПрава #ЕУ #ОтворенаПорта

22/07/2019

Според претставници на училиштата, на класните часови треба многу почесто да се разговара и дискутира како за механизмите за пријавување, така и за превенција на насилство помеѓу учениците.

Наоди од спроведеното Истражување во средните училишта за утврдување на актуелната состојба за постоење, превенција и справување со случаи на насилство | Коалиција СЕГА

#стратешкопартнерство #ПрепознајПочитувајОстварувајПрава #ЕУ #ОтворенаПорта

22/07/2019

Најчесто применувана мерка во училиштата е писмена опомена од класен раководител и намалување на поведение.

Наоди од спроведеното Истражување во средните училишта за утврдување на актуелната состојба за постоење, превенција и справување со случаи на насилство | Коалиција СЕГА

#стратешкопартнерство #ПрепознајПочитувајОстварувајПрава #ЕУ #ОтворенаПорта

22/07/2019

Училиштата вклучени во проектот имаат правилник со дефинирани педагошки мерки кои може да се преземат во случај на учество во насилство (укор, писмена опомена од класен раководител, наставнички совет и директор, опомена пред исклучување и како најдрастична мерка исклучување од училиште).

Наоди од спроведеното Истражување во средните училишта за утврдување на актуелната состојба за постоење, превенција и справување со случаи на насилство | Коалиција СЕГА

#стратешкопартнерство #ПрепознајПочитувајОстварувајПрава #ЕУ #ОтворенаПорта

Want your school to be the top-listed School/college in Prilep?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Гимназијалците спортуваат и победуваат
Гимназијалците придонесуваат за подобар живот на младите
Гимназијалците ја сакаат литературата
Гимназијалците се хуманитарци
БИДИ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ!
Љубојна на ГИМФЕСТ 2016

Location

Category

Address


Улица „Прилепски бранители“ бр 90/Б
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 07:15 - 19:30
Tuesday 07:15 - 19:30
Wednesday 07:15 - 19:30
Thursday 07:15 - 19:30
Friday 07:15 - 19:30
Other High Schools in Prilep (show all)
Економско училиште - СОЕПТУ "Кузман Јосифос Економско училиште - СОЕПТУ "Кузман Јосифос
Car Samoil 1a
Prilep, 7500

Официјална фејсбук страна на СОЕПТУ "Кузман Јосифоски

СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп
Браќа Миладиновци бр. 213
Prilep, 7500

Официјална Facebook страница на Средното општинско училиште „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп