ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп

ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп, Elementary School, Prilep.

28/08/2026
Нашите ученици и наставници ќе се вратат побогати со нови искуства,  знаења и вештини од интеркултурната размена на учен...
24/08/2026

Нашите ученици и наставници ќе се вратат побогати со нови искуства, знаења и вештини од интеркултурната размена на ученици во Троген-Швајцарија .
Голема благодарност до МЦГО и Песталоци за укажаната можност да се стекнат учениците со нови знаења.

Екскурзија - СОНК - ООУ ,,Добре Јованоски".
02/07/2026

Екскурзија - СОНК - ООУ ,,Добре Јованоски".

Учебната година заврши на најубав можен начин  со насмевки, радост и незаборавни спомени. Денес нашите прекрасни ученици...
25/06/2026

Учебната година заврши на најубав можен начин со насмевки, радост и незаборавни спомени. Денес нашите прекрасни ученици од петто и седмо одделение ја валоризираа големата награда Гранд При, освоена по повод карневалот Прочка. Од срце упатуваме огромна благодарност до Општина Прилеп и до градоначалникот Дејан Проданоски за несебичната поддршка и прекрасната можност нашите ученици да поминат еден волшебен ден во бисерот на Македонија – Охрид.
Исполнети со детска возбуда, љубопитност и искрени насмевки, заедно со своите посветени наставници, тие доживеаја едно незаборавно патување кое ќе остане длабоко врежано во нивните срца. Овие моменти се најубавата награда за вложениот труд, креативност и заедништво и се силен поттик следната година да бидат уште помотивирани, посмели и поуспешни во освојувањето на нови признанија и успеси.
Голема благодарност до сите ученици и наставници кои беа дел од оваа прекрасна, инспиративна и успешна приказна. Заедно докажавме дека кога има љубов, труд и тимски дух , успесите сами го наоѓаат својот пат.
Нека овие спомени бидат само почеток на уште многу убави мигови и нови победи!

10/06/2026

На државниот натпревар по физика ученикот Димитриј Спиркоски од 8-2 одд. зеде пофалница. Посакуваме поголем успех во иднина.

Првенец на генерацијата 2017–2026 🎓Со особена чест и гордост објавуваме дека за првенец на генерацијата 2017–2026 во ООУ...
10/06/2026

Првенец на генерацијата 2017–2026 🎓

Со особена чест и гордост објавуваме дека за првенец на генерацијата 2017–2026 во ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп е избрана ученичката Анастасија Глигороска од 9-2 одд.калсен раководител Јагода Волческа, која со својата посветеност, трудољубивост, одлични училишни постигнувања и активно учество во воспитно-образовниот процес го заслужи ова престижно признание.

Во изборот за првенец на генерацијата учествуваше и ученичката Исидора Боризоска од 9-2 одд.класен раководител Јагода Волческа, која исто така покажа извонредни резултати, посветеност и успеси во текот на своето основно образование. Нејзиното учество во изборот е потврда за нејзиниот континуиран труд и залагање.

Упатуваме искрени честитки до двете ученички за нивните постигнувања, како и до нивните родители и наставници кои несебично ги поддржуваа на патот кон успехот.

Ви посакуваме многу нови успеси, исполнети со знаење, упорност и остварени соништа!

„Заедно во боите на другарството“ Со многу насмевки, радост и искрени емоции, денес ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп ја з...
09/06/2026

„Заедно во боите на другарството“
Со многу насмевки, радост и искрени емоции, денес ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп ја заокружи уште една успешна учебна година.
Преку песна, игра, дружење и заеднички моменти, нашите ученици покажаа дека вистинското богатство на училиштето не се само знаењата што ги стекнуваат, туку и пријателствата што ги градат. Заедно со своите наставници, тие ја претставија посветеноста, трудот и љубовта вложени во текот на целата година.
Денешниот настан беше потсетник дека секој успех е поубав кога се споделува, а секоја насмевка е повредна кога доаѓа од срце.
Горди сме на сите наши ученици и наставници кои секојдневно ги бојат училишните денови со добрина, почит и другарство.
Ви благодариме за прекрасната учебна година исполнета со незаборавни спомени!
#ЗаедноВоБоитеНаДругарството #ООУДобреЈованоски #Прилеп #КрајНаУчебнаГодина #Другарство #УчилиштеСоСрце 💙💛💚❤️💜

Успешно реализиран завршен настан по програмата „Општествено-хуманитарна работа“.Со голема гордост го реализиравме заврш...
04/06/2026

Успешно реализиран завршен настан по програмата „Општествено-хуманитарна работа“.

Со голема гордост го реализиравме завршниот настан на учениците од VII одделение, на кој беа презентирани активностите спроведени во текот на учебната година во рамките на програмата „Општествено-хуманитарна работа“.

Преку различни работилници, проекти, хуманитарни акции и општествено корисни активности, учениците покажаа одговорност, креативност, солидарност и подготвеност да придонесат за доброто на заедницата. Во соработка со наставниците и стручните соработници, тие стекнаа нови знаења, развијаа важни животни вештини и ја потврдија важноста на хуманоста, емпатијата и тимската работа.

Им честитаме на сите ученици за нивниот труд, ангажман и посветеност, а благодарност упатуваме и до наставниците, стручните соработници и родителите за нивната поддршка и соработка.
Заедно градиме одговорни, хумани и активни млади луѓе!

Со голема радост ги пречекавме дечињата од градинката кои наскоро ќе станат првачиња! Во пријатна и весела атмосфера тие...
04/06/2026

Со голема радост ги пречекавме дечињата од градинката кои наскоро ќе станат првачиња!

Во пријатна и весела атмосфера тие имаа можност да ги посетат училниците, да се запознаат со училиштето, наставниците и учениците, како и да почувствуваат дел од училишниот живот што ги очекува од септември.

Нивните насмевки, љубопитност и позитивна енергија го исполнија нашето училиште со радост. Се надеваме дека оваа посета ќе им остане убав спомен и ќе го направи нивниот прв училишен ден уште повозбудлив.

Address

Prilep
7500

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп:

Shortcuts

Share