Свесно родителство

Свесно родителство Едукативни содржини за деца и возрасни.

05/06/2026

Свесно родителство
Во ова видео посочувам еден пример кој Шефали го анализира во својата книга
" Родителска карта" преку кој им покажува на родителите како да внесат и да покажат емпатија во односот со децата особено во моментите кога тие не обвинуваат или ни се спротивставуваат.

03/06/2026

Свесно родителство
Поврзувањето со детето се случува кога родителот ќе одлучи да се симне на енергетското ниво на детето и да ја прифати неговата состојба на битисување и да се усогласи со вистинските потреби желби на детето без да создава разгалување и дисфункционални однесување.

02/06/2026

Свесно родителство
Емпатија во Свесното родителство.

29/05/2026

Свесно родителство
Шефали Цабари кога зборува за „суштина“ кај детето, таа не мисли само на карактерот или темпераментот, туку на внатрешната енергија и природниот начин на кој детето го доживува светот.
Таа прави поделба според нивото на анксиозност.
На пример, да замислиме дете кое по природа е нежно, меко, креативно, длабоко чувствително, љубопитно. Тоа е неговата суштина.
Но ако расте во:
постојан притисок, критика, емоционална нестабилност, страв од отфрлање, хаотична атмосфера, тогаш неговиот нервен систем почнува да живее во анксиозност.
И што се случува?
Наместо, слободно да истражува, да се изразува, да биде спонтано, детето почнува да се затвора, да контролира, да се плаши, да се прилагодува или да реагира со бес.
Значи анксиозноста станува „слој“ врз суштината.
Родителот треба да разбере дека однесувањето не е секогаш вистинската природа на детето.

27/05/2026

Свесно родителство
Родителот, наместо дисциплинира преку осуда, издавање наредби и постојано поправање, поврзувањето со детето најефикасно го остварува кога е со разбирање , со емпатија и кога е од срце.

26/05/2026

Свесно родителство
Да се поврзеш со своето дете и да допреш до него, до неговото срце е кога го потврдуваш за она што е и го валидизираш неговото искуство и реалност.

26/05/2026

Свесно родителство
Родителот се симнува на ниво на срце со своето дете кога ја напушта својата потреба да е секогаш во право.

25/05/2026

Драги Родители,
Преку еден илустративен начин мошне интересно е доловен моментот како возрасните несвесно им ги пренесуваат своите стравови на децата.

22/05/2026

Кога родителот не е емпатичен кон своето дете - 2 дел.

22/05/2026

Свесно родителство
Кога родителот не е емпатичен кон своето дете - 2 дел.

Address

Prilep
7500

Telephone

+38972278793

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Свесно родителство posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category