ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп

ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп

Share

Општинско Основно Училиште „Блаже Конески“ -Прилеп

Извештај за резултати на државен натпревар биологија реазлиран на 30.05.2026 година - Блаже Конески 04/06/2026

https://oublazekoneski.edu.mk/izveshtaj-za-rezultati-na-drzhaven-natprevar-biologija-reazliran-na-30-05-2026-godina/
Извештај за резултати на државен натпревар биологија реазлиран на 30.05.2026 година

Деветто одделение
Мартин Димоски – трета награда
Ива Николоска – пофалница
Михаела Крстеска – пофалница
Јована Маркоска – пофалница

Седмо одделение
Матеј Ристески – втора награда
Сања Насевска – втора награда
Огнен Најдоска – трета награда

ментор Христина Игнатоска

Честитки на учениците за освоените награди и постигнатиот успех на државниот натпревар .

Извештај за резултати на државен натпревар биологија реазлиран на 30.05.2026 година - Блаже Конески Извештај за резултати на државен натпревар биологија реазлиран на 30.05.2026 година

Photos from ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп's post 22/05/2026

https://oublazekoneski.edu.mk/svechena-priredba-po-povod-praznikot-na-svetite-brakja-sv-kiril-i-metodij/

По повод празникот на светите браќа Св. Кирил и Методиј, во прекрасна атмосфера, во амфитеатарот во #Варош, беше одржана свечена приредба исполнета со почит кон делото и значењето на сесловенските просветители. На настанот присуствуваа градоначалникот на #Општина #Прилеп, претставници од Општина Прилеп, советници од Биро за развој на образованието, како и бројни гости, родители и пријатели на училиштето.
Упатуваме искрена благодарност до Општина Прилеп за поддршката и присуството, со што придонесоа овој свечен настан да биде достоинствено и успешно реализиран. Со песна, рецитал и пригодна програма, учениците и наставниците достоинствено го одбележаа овој значаен ден, негувајќи ја традицијата, писменоста и духовните вредности.

Photos from ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп's post 22/05/2026

https://oublazekoneski.edu.mk/muzikata-i-jazikot-sostaven-del/
Богатството на еден народ е неговото културно наследство, а ние имаме аманет да го чуваме и негуваме. Денес тргнавме во посета на институции и споменици во Прилеп со цел да се запознаат учениците со музичкото – фолклорно и културно наследство на нашиот град. Македонците преку песна ги искажувале своите маки и радости тоа народно творештво долго усно се пренесувало од колено на колено.
Учениците од VI -3 одд. од ООУ„Блаже Конески“ реализираа едукативна и интегрирана посета во соработка помеѓу предметите Музичко образование со наставничката Маја Кузманоски и Македонски јазик со наставничката Виолета Христоска. Целта на посетата беше учениците да се запознаат со музичкото, фолклорното и културното наследство на нашиот град, како и да ја согледаат поврзаноста помеѓу музиката, традицијата и јазикот.
За почетоците на музичката „писменост “ во Прилеп во Музејот има музичка поставка т.н музичка соба посветена на познати музички имиња од Прилеп. Преку експонатите и излагањето на кустосот учениците се запознаа со развојот на музичката уметност. При тоа слушнаа мелодии од познати музичари кои оставиле значаен белег во музичката култура на градот. Низ разговор се запознаа со важноста од чувувањето на културното наследство и традицијата.
Ако во музејот се чува, каде се негува музиката и традицијата? Патот води во Музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ каде директорката Мартина Пашоска со помош на наставниците ни овозможија учениците непосредно да се запознаат со различни музички инструменти, нивниот звук и начин на изведување. Посебно внимание беше посветено на фолклорот и традиционалната музика, при што учениците слушаа информации за улогата на музиката во македонската традиција. Голема благодарност за одвоеното време и споделените искуства.
Потоа го посетивме споменикот на Пеце Атанасоски пред кој наставничката Маја Кузманоски презентираше податоци за неговиот живот и фестивалот на народни музички инструменти и песни Пеце Атанасоски, кој се одржува во Долнени.
Овој интегриран ден го завршивме со посета на камената бина каде наставничката Виолета Христоска ги потсети учениците дека кон сите објекти, споменици, настани треба да се однесуваме одговорно. Да ја чуваме и негуваме традицијата, фолклорот, јазикот бидејќи тие се обележје на еден народ.
Преку оваа интегрирана активност се поттикна љубовта кон културното наследство, традицијата и уметноста, како и развивање на почит кон вредностите на нашиот град и држава. Посетата беше успешно реализирана и претставуваше значајно и интересно искуство за учениците.

Резултати од Државен натпревар по хемија - Блаже Конески 20/05/2026

https://oublazekoneski.edu.mk/rezultati-od-drzhaven-natprevar-po-hemija/

Голем успех на Државен натпревар по хемија и освоени две втори награди од ученичките Бисера Анѓелеска 7-4 одд. и Ива Николоска од 9-1 одд.од ООУ„Блаже Конески“

Резултати од Државен натпревар по хемија - Блаже Конески Голем успех на Државен натпревар по хемија и освоени две втори награди од ученичките Бисера Анѓелеска 7-4 одд. и Ива Николоска од 9-1 одд.од ООУ„Блаже Конески“

Photos from ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп's post 20/05/2026

https://oublazekoneski.edu.mk/odbelezhuvanje-na-denot-na-pozharnikarite-nash*te-uchenici-vo-poseta-na-gradskiot-ploshtad/

Денес, 20 мај, по повод Денот на пожарникарите, учениците од IV 1 под раководство на наставничката Наташа Димеска имаа прекрасна можност да бидат дел од настанот организиран на градскиот плоштад. Во рамките на оваа посета, тие одблизу ја следеа показната вежба на територијалната противпожарна единица.
Преку оваа динамична и едукативна вежба, учениците видоа како изгледа еден дел од секојдневните предизвици со кои се соочуваат овие храбри луѓе. Тие се запознаа со противпожарната опрема, возилата и начините на брза и ефикасна интервенција при гаснење пожари и спасување човечки животи.
„Ова беше одлична можност за децата не само да се забавуваат, туку и да научат важни лекции за безбедноста, заштитата и важноста на противпожарната професија во заедницата.“
Учениците со голем интерес и возбуда ги следеа сите вежби, а на крајот упатија и огромна благодарност до пожарникарите за нивната посветеност, храброст и за тоа што секогаш се тука да нè заштитат.
Им го честитаме 20 Мај – Денот на пожарникарите и им посакуваме уште многу успешни и безбедни интервенции!

Photos from ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп's post 20/05/2026

https://oublazekoneski.edu.mk/den-na-pchelata/
По повод 20 Мај – World Bee Day, учениците од VII одделение заедно со учениците од III
одделение од нашето училиште реализираа заеднички активности посветени на значењето
на пчелите и нивната улога во природата.
Преку креативни работилници, изработка на цртежи и едукативни разговори, учениците
научија колку пчелите се важни за животната средина и за човекот. Во пријатна и
дружелубива атмосфера, постарите ученици им помагаа на помалите во активностите,
поттикнувајќи соработка, другарство и еколошка свест.
Со оваа активност, нашето училиште уште еднаш ја покажа грижата за природата и
важноста од заедничко учење и дружење.

15/05/2026

https://oublazekoneski.edu.mk/denes-srcata-ni-bea-polni-a-nasmevkite-najiskreni-%f0%9f%8c%bf%f0%9f%92%9a/

Денес срцата ни беа полни, а насмевките најискрени 🌿💚

Со учениците од второ одделение од О.У. „Блаже Конески“ го посетивме прекрасното село Мало Коњари – место каде природата зборува, а детската радост се чувствува на секој чекор.

Децата со љубопитни очи ги разгледуваа пластениците со разни зеленчуци, се запознаа со животот на фарма со крави и ги видоа расадите за тутун. Но најважно од сè – учеа преку доживување.

Направија разлика помеѓу селото и градот – во улиците, куќите, дворовите… но и во мирот што го носи селото. Го вдишаа чистиот воздух, ја почувствуваа слободата и тивкото, спокојно темпо на живот.

Со посебна радост слушнаа дека селото е дом на многу штркови и дека е поврзано со приказната за „Силјан Штркот“ – како да зачекорија во жива бајка 🕊️

Се вративме со полни срца, нови знаења и спомени што долго ќе ги раскажуваме ✨

Photos from ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп's post 14/05/2026

https://oublazekoneski.edu.mk/poseta-n-osnovnoto-muzichko-uchilishte-ordan-mihajloski-ocka/
Учениците од III-те одделенија го посетија основното музичко училиште, Ордан Михајлоски -Оцка, каде имаа можност да проследат интересна презентација.
Се запознаа со повеќе видови музички инструменти, научија како се свири на нив и уживаа во прекрасните мелодии што ги изведоа учениците и наставниците. Посетата беше исполнета со музика, радост и нови искуства за сите присутни.

Want your school to be the top-listed School/college in Prilep?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


Pere Toshev
Prilep
7500