EДУ Шампиони е едукативен центар за деца, кој со работа започна во 2016 година и се наоѓа на ЕДИНСТВЕНА ЛОКАЦИЈА до ООУ "Кире Гаврилоски-Јане". Најмалата возраст на генијалните шампиончињата е 3,5 години. Програмите по кои работиме се создадени врз основа на официјалните наставни програми во нашиот образовен систем, но и истражување и прилагодување на содржини и активности од други образовни системи и користење на програми од светски едукативни брендови. Реализацијата на содржините е на забавен начин, со помош на најнови методи, техники за работа, наставни средства и помагала, аудио-визуелни материјали, флеш карти, видеа, интерактивни интернет содржини. Учењето е забавно, преку игра, драматизација, симулација, креативни изработки, писмено и усно изразување.