07/09/2026
🌿 УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ НА МОГИЛАТА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ 🌿
Со многу дружење, насмевки и позитивна енергија, успешно го реализиравме еднодневниот излет на Могилата на непобедените. 🇲🇰
Овој ден беше исполнет со убави моменти, забава, дружење и создавање нови спомени. Посебно сме горди на нашите ученици, кои со своето однесување, култура и одговорност покажаа дека се вистински пример за нашето училиште. 👏❤️
Голема благодарност и пофалба до наставниците и сите вработени во училиштето за нивната посветеност, грижата за учениците и успешната организација на излетот.
Заедно создаваме училиште во кое учењето, дружењето и убавите спомени одат рака под рака! 🌸
Браво за сите! Горди сме на вас! ❤️👏