Младинска организација при СОУ"Ѓорче Петров"- Прилеп

  • Home
  • Macedonia
  • Prilep
  • Младинска организација при СОУ"Ѓорче Петров"- Прилеп

Младинска организација при СОУ"Ѓорче Петров"- Прилеп Официјален профил на Младинската организација при СОУ "Ѓорче Петров"- Прилеп

И годинава ја повторивме нашата акција за садење дрвја, како и минатата. Овој пат, во село Лениште, во близина на манаст...
16/11/2025

И годинава ја повторивме нашата акција за садење дрвја, како и минатата. Овој пат, во село Лениште, во близина на манастирот „Св. Петка“. Паролата „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“ повторно нè собра и искрено нè мотивираше. Едноставна, а силна – потсетник дека вистинскиот напредок започнува кога секој од нас ќе делува со свесност и одговорност. Се надеваме дека ова ќе прерасне во убава традиција која ќе инспирира уште многу луѓе да се придружат.

Денес им дадовме бела заштита на нашите дрвја. Клучен чекор за поздрава природа. 🌳💚 Мал труд, голема разлика. Заедно за ...
15/11/2025

Денес им дадовме бела заштита на нашите дрвја. Клучен чекор за поздрава природа. 🌳💚 Мал труд, голема разлика. Заедно за почиста околина! 🤍🏞

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци, во кој учеству...
13/05/2025

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци, во кој учествува и нашето училиште, со средства од проектот, беше опремен простор за креативна работа што ќе го користат учениците за потребите на Психолошката секција, но и за активностите на Ученичкиот парламент.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП - Лабораторија За Социјални Иновации.

19/03/2025
16.03.2025 Кобна вечер и клет час чија катастрофа врежа длабоки лузни на целиот македонски народ. Изразуваме сочувство д...
17/03/2025

16.03.2025
Кобна вечер и клет час чија катастрофа врежа длабоки лузни на целиот македонски народ. Изразуваме сочувство до семејствата на починатите и се молиме за побрзо опоравување на повредените. 💔🙏

Картички изработени за борбата против ракот беа поделени веднаш по завршувањето на маршот во центарот на Прилеп, во наше...
08/03/2025

Картички изработени за борбата против ракот беа поделени веднаш по завршувањето на маршот во центарот на Прилеп, во нашето училиште, во градската болница и старскиот дом на град Прилеп.

На вчерашен ден со цврсти и сигурни чекори марширавме не само како поединци, туку како обединета сила против ракот - бит...
08/03/2025

На вчерашен ден со цврсти и сигурни чекори марширавме не само како поединци, туку како обединета сила против ракот - битка водена со издржливост, надеж и непоколеблива храброст. Вчера чекоревме за воините што се уште се борат, за преживеаните кои нè инспирираат и за најблиските што ги изгубивме, но никогаш нема да ги заборавиме, носејќи го ветувањето за иднина ослободена од оваа немилосрдна болест. Ние претставувавме повеќе од движење - ние бевме и сме револуција на надежта.

Маршот го организиравме во соработка со и здравствената секција при СОУ „Ѓорче Петров". Им благодариме на сите членови на овие организации како и членовите на нашата младинска организација кои заедно се потрудија овој марш да стане дел од подигањето на свеста за победа на ракот. ИМ БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ КОИ БЕА СО НАС ❤️

Изработка на мартинки во соработка со  каде се испреплетува хуманоста низ креативност и тимска работа 🫶
03/03/2025

Изработка на мартинки во соработка со каде се испреплетува хуманоста низ креативност и тимска работа 🫶

Во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски" се одржа хуманитарниот одбојкарски турнир на кој учествуваа ученици од СОУ „...
13/12/2024

Во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски" се одржа хуманитарниот одбојкарски турнир на кој учествуваа ученици од СОУ „Ѓорче Петров", СОУ „Орде Чопела" и СОУ „Ристе Ристески Ричко" (победници). Овој турнир беше организиран за да му се помогне на малиот Амар Ајвазоски кој има потреба од операција во Турција. Хуманоста повторно победи! Трите средни училишта и основното училиште чиј ученик е Амар, сплотени заедно создадоа пример за тоа како треба да се одржи свеста за помагањето, човечноста и хуманоста. Им благодариме на директорките на училиштата кои што дадоа поддршка и дозвола учениците да присуствуваат на турнирот. Им благодариме на сите професори по спорт кои што беа со нас и ви благодариме на сите кои бевте присутни и помогнавте за подобрувањето на еден детски живот

Младинските организации од средните училишта на ниво на градот Прилеп, организираат хуманитарен турнир во соработка со у...
08/12/2024

Младинските организации од средните училишта на ниво на градот Прилеп, организираат хуманитарен турнир во соработка со училишниот парламент на ООУ " Добре Јованоски"за ученикот Амар на кој му е потребна итна операција во Турција,за подобрување на квалитетот на неговиот живот. Секој е добредојден ❤️

По повод 5 декември меѓународниот ден на волонтерството, Коалиција на младинскиорганизации СЕГА во партнерство со Младин...
05/12/2024

По повод 5 декември меѓународниот ден на волонтерството, Коалиција на младински
организации СЕГА во партнерство со Младински Совет Прилеп организираа средба со младите
на тема „Инспиративни разговори за волонтерството“.
Настанот го отвори Градоначалникот на Општина Прилеп Др. Борче Јовчески, а воведно обраќање даде Претседателката на Република Македонија Г-ѓа Гордана Силјановска-Давкова каде десет членови од нашата организација беа поканети да присуствуваат.

25.11.2024Втор дел од активностите кои се дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина" поддржан од Детската ...
27/11/2024

25.11.2024
Втор дел од активностите кои се дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина" поддржан од Детската фондација Песталоци.

Проектот „Промоција на безбедна училишна средина се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕЃАШИ" И СМАРТ АП - Лабораторија За Социјални Иновации

Address

Октомвриска бб, Oktomvriska N/a
Prilep
7500

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Младинска организација при СОУ"Ѓорче Петров"- Прилеп posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Младинска организација при СОУ"Ѓорче Петров"- Прилеп:

Shortcuts

Share

Category