Матична Библиотека „ Кочо Рацин “ - Пехчево

  • Home
  • Macedonia
  • Pehcevo
  • Матична Библиотека „ Кочо Рацин “ - Пехчево

Матична Библиотека „ Кочо Рацин “ - Пехчево Официјална фан страна на Општинска установа-Матична б?

По повод 10 Јуни - Денот на културата, во ОУМБ" Кочо Рацин" се одржа работилница со учениците од VI одделение под ментор...
09/06/2026

По повод 10 Јуни - Денот на културата, во ОУМБ" Кочо Рацин" се одржа работилница со учениците од VI одделение под менторство на наставничката Магдалена Симовска. Под мотото " Култура низ игра и уметност" учениците имаа можност да ги покажат своите способности, знаења, вештини и креативност преку шаховски натпревар и ликовно творење. Се натпреваруваа во повеќе екипи, но сепак еден беше победник. Давор Поповски го освои првото место во играње шах. Второто место го освои Иван Магдов, а третото место му припадна на Филип Цековски. Додека момчињата играа шах, девојчињата цртаа на слободна тема. Преку играта, креативноста и дружењето уште еднаш потврдија дека културата е важен дел од нивното образование и секојдневие.

Денеска во Битола започна Меѓународната конференција на тема: " Библиотекарот денес - професија во трансформација" на ко...
04/06/2026

Денеска во Битола започна Меѓународната конференција на тема: " Библиотекарот денес - професија во трансформација" на која учествуваат библиотекари од Македонија, Србија, Хрватска БиХ, Бугарија. На оваа конференција учество зеде и директорката на ОУМБ" Кочо Рацин" Габриела Костадинова со свој труд изработен како постер презентација на тема : "Што бараат корисниците од библиотекарот на новото време - искуството на библиотеката " Кочо Рацин".

28/05/2026

Браво Марија

Во организација на ЈОУ Библиотека " Искра" денеска во Кочани се одржа поетскиот фестивал "Мајски цвет" на кој учество зе...
28/05/2026

Во организација на ЈОУ Библиотека " Искра" денеска во Кочани се одржа поетскиот фестивал "Мајски цвет" на кој учество зедоа литературни клубови и библиотеки од повеќе градови во Македонија. Претставници од ОУМБ" Кочо Рацин"- Пехчево беа ученичките Бојана Јовевска и Марија Поповска под менторство на Габриела Костадинова. Бојана Јовевска освои III(трета) награда, а Марија Поповска ги освои симпатиите на публиката со својата интерпретација. Честитки до сите наградени ученици и ментори и голема благодарност до директорката Кристина и нејзиниот тим за убавата организација.

Во пресрет на 1 Јуни - Меѓународниот ден на детето  во библиотеката се одржа едукативен и забавен настан со учениците од...
27/05/2026

Во пресрет на 1 Јуни - Меѓународниот ден на детето во библиотеката се одржа едукативен и забавен настан со учениците од прво одделение под менторство на наставникот Влатко Марковски. Активноста започна со кратко обраќање на директорката, која ги запозна учениците со значењето на Денот на детето и важноста на детството, другарството и радоста во учењето. Во продолжение беа прочитани два интересни раскази со омилените детски ликови Биби и Боби, кои кај учениците предизвикаа големо внимание и интерес. По читањето следуваше квиз поврзан со содржината на расказите, по што учениците беа поделени во две екипи. Со голема возбуда и тимски дух, екипите одговараа на прашањата, а победата ја освои Екипа Б, која доби златни медали како награда за своето знаење и успешност. За крај на активноста, учениците преку креативна задача ги обоија цртежите инспирирани од расказите, покажувајќи ја својата фантазија, креативност и љубов кон книгата и читањето.

Новите наслови од издавачката куќа " Култура" веќе достапни во ОУМБ" Кочо Рацин". Ве очекуваат.
22/05/2026

Новите наслови од издавачката куќа " Култура" веќе достапни во ОУМБ" Кочо Рацин". Ве очекуваат.

Во чест на светите браќа Св. Кирил и Методиј, во подрачното училиште во с. Црник се одржа едукативно- креативен настан н...
19/05/2026

Во чест на светите браќа Св. Кирил и Методиј, во подрачното училиште во с. Црник се одржа едукативно- креативен настан на тема " Писменоста - нашето наследство". Настанот беше организиран од ОУМБ" Кочо Рацин" и ООУ" Ванчо Китанов" со учениците од III, IV I V одделение под менторство на наставничките Оливера Кратевска, Емилија Димевска и Емилија Цикарска. На почетокот од настанот директорката на библиотеката г- ѓа Костадинова ги запозна учениците со животот и делото на браќата Кирил и Методиј, нивната мисија и значењето на словенската писменост. Потоа следуваше креативна активност во која учениците пишуваа писма до словенските просветители, изразувајќи почит кон нивното дело. Во продолжение се реализираше активноста "Доврши ја мислата" каде учениците покажаа одлично знаење и снаодливост. За крај боеја дел од буквите од глаголицата, запознавајќи се со едно од најјстарите словенски писма. За нивната посветеност и активност учениците беа наградени од страна на директорката на библиотеката.

Новите наслови од Сакам книги и Збор веќе достапни во нашата библиотека
12/05/2026

Новите наслови од Сакам книги и Збор веќе достапни во нашата библиотека

Започнете го денот со  добра книга. За сечиј вкус по нешто и за деца и за возрасни.
08/05/2026

Започнете го денот со добра книга. За сечиј вкус по нешто и за деца и за возрасни.

По повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик во библиотеката се одржа настан наречен " Македонскиот јазик - збор што не ...
05/05/2026

По повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик во библиотеката се одржа настан наречен " Македонскиот јазик - збор што не обединува". Настанот имаше за цел да ја истакне важноста на македонскиот јазик како темел на нашиот културен и национален идентитет. Учество зедоа претставници од образованието- наставнички и професорки, пензионирани професорки и докторки, како и претставници од Општина Пехчево и од гимназијата. Настанот започна со обраќање на директорката Костадинова која ги запозна присутните со значењето ма 5 Мај. Програмата продолжи со интересна интерактивна активност во која учесниците погодуваа стари,архаични зборови, нивното значење и дали тие се уште се користат денес. Потоа следуваше рубриката " Рецитатори" во рамки на која ученикот Глигор Поповски се претстави со свој есеј посветен на македонскиот јазик, додека останатите учесници читаа поезија од Конески,Шопов, Андреевски, Тодоровски, Поповски и др. Настанот заврши со квиз на тема " Колку знаеме за македонскиот јазик", каде двете екипи покажаа одлични знаења и успешно одговорија на прашањата, па сосема заслужено и двете екипи беа прогласени за победници. Нека е честит 5 Мај - Ден на македонскиот јазик.

Address

Pehcevo
2326

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Матична Библиотека „ Кочо Рацин “ - Пехчево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share