17/08/2024
Не очекувајте дека друг ќе ве вреднува повеќе, за да почнете да се почитувате самите.
A ќе се изненадите, штом ќе покажете повеќе самопочит, и почитта од другите ќе се зголеми!
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Present Self, Personal coach, Ohrid.
17/08/2024
Не очекувајте дека друг ќе ве вреднува повеќе, за да почнете да се почитувате самите.
A ќе се изненадите, штом ќе покажете повеќе самопочит, и почитта од другите ќе се зголеми!
29/07/2024
Не ја трошете вашата сила на сè и секого, само затоа што можете.
Чувајте ја својата енергија за вас.
10/07/2024
Без разлика дали станува збор за на работа, во домот или во пријателска врска, дали чувствуваш дека твојот труд е препознаен?
Дали си опкружен/а со "гивери" или "тејкери"?
Пиши ми во коментар какво е твоето чувство, или ако ти е попријатно во порака.
20/06/2024
Да се биде ранлив е можеби и потешко отколку да се собере храброст и се излезе од комфор зоната. Сите сме похрабри отколку што мислиме, а заедно сме посилни! 💪
Јас сум ваш сојузник. Тука сум да ги премостиме заедно тешките периоди. 🫂
Побарај ме уште денес. Првата консултација е бесплатна.📲
17/06/2024
Сите ние, во одреден момент од нашиот живот сме се соочувале со ниска самодоверба. Тоа не само што влијае на начинот на кој се гледаме себеси и се однесуваме во различни ситуации, туку често е и основа на внатрешна несигурност 😮💨
Несигурноста како корен на овие проблеми може да биде резултат на многу фактори: начинот на кој сме воспитани, справувањето со траумите во детството, па дури и влијанието на медиумите и социјалните мрежи.
👉 Овие фактори честопати може негативно да влијаат на формирањето на нашите внатрешни чувства и да направат да се чувствуваме недостојни или недоволни. Исто така, овие извори на несигурност играат голема улога во формирањето на нашата самодоверба и често не тераат да се сомневаме во нашите способности и вредности.
✨Тука сум да разговараме на оваа тема. Разговорот со соодветна стручна личност може многу да помогне.
Пишете ми порака или јавете се ✨
#самодоверба
14/06/2024
👉 Да се биде нежен и "мек" спрема себе и другите е она што можеме да го осетиме од луѓе кои поминале низ многу потешкотии низ животот и излегле душевно и емотивно неоштетени.
МЕКИ работи потешко е да се скршат отколку крути и ригидни ✨
Follow 👉
#грижазасебе
https://www.instagram.com/reel/C8KVvuCsh1s/?igsh=MWdyNHZndWR0YzdhYw==
12/06/2024
Да се биде "јак" е да одиш низ животот одделен од себе со постојан штит, ги напаѓаш сите околу тебе, сликата ти е грандиозна ✨
Потребно е многу труд да се вложи само за да се биде "јак", а тоа те прави послаб долгорочно.
#личенразвој
11/06/2024
Колку и да изгледа совршен нечиј живот, секој еден се нашол некогаш во ситуација кога му е тешко и кога мисли дека цел свет му подготвува завера.
Секој има предизвици, но исто така, секој различно се справува со тие предизвици. Никој не е имун.
Научете да го канализирате стресот, научете како да си помогнете кога ви е тешко. Дури и кога не знаете зошто ви е тешко!
Можеме заедно да ги премостиме тие предизвици, па дури истите да ве направат посилни. Со примена на правите техники, ќе резултатите ќе ги си дојдат сами.
Првата консултација е бесплатна. Пиши ми во порака уште денес .
07/06/2024
Не ги игнорирајте знаците.
Тука сум за да придонесам за да ги разбиеме митовите и да укажам дека сите промени во менталната состојба се вредни да им се посвети внимание.
Никој не останува имун, па дури и силна личност може да западне во лавиринтите на менталниот хаос.
Доколку си во таква состојба, не игнорирај.
Пиши ми во порака, првата консултација е бесплатна.
07/06/2024
Не ги игнорирајте знаците.
Тука сум за да придонесам за да ги разбиеме митовите и да укажам дека сите промени во менталната состојба се вредни да им се посвети внимание.
Никој не останува имун, па дури и силна личност може да западне во лавиринтите на менталниот хаос.
Доколку си во таква состојба, не игнорирај.
Пиши ми во порака, првата консултација е бесплатна.
04/06/2024
Вредноста на вашата работа не треба да се одредува единствено од тоа колку е тешко да се постигне.
Фокусирајте се на резултатите, а не на борбата ✨
Квалитетот и влијанието на вашата работа се поважни од тоа колку сте се мачеле да ја завршите. Ако можете да ги постигнете истите резултати со помала борба, тогаш значи дека дека можеби сте поефикасни или имате подобри методи.
Не значи дека напорната работа не е вредна, но исто така не значи дека самата борба по инерција ја зголемува вредноста на работата.
Работете попаметно, а не понапорно ✨🍀
#мотивација
31/05/2024
Има многу митови околу менталното здравје.
Честопати се избегнуваат симптомите, мислејќи дека се работи за период кој сам од себе ќе помине.
Но, не е секогаш така. Треба да бидеме будни за знаците кои ни ги праќаат нашето тело и ум.
Доколку имаш и најмал сомнеж дека нешто не ти дозволува да бидеш во полна благосостојба, не го игнорирај тоа. Работи на себе за да го надминеш. Секој заслужува да биде среќен.
Заслужуваш и ти!