19/06/2026
ЈУНСКИ УПИСЕН РОК – ВТОРО ПРИЈАВУВАЊЕ
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
Доставувањето на потребната документација до нашето училиште е на:
• 23 јуни 2026 година од 08:00 до 17:00 часот.
• 24 јуни 2026 година од 08:00 до 15:00 часот.
Во двата термина тим од професори ви стојат на располагање за помош при електронското пријавување.
Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 25 јуни 2026 година, најдоцна до 12:00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
Потребни документи:
• оригинален извод од Матична книга на родени
• оригинални свидетелства од VI до IX одд.
• пријава за упис во прва година