OU "Kliment Ohridski" Obleshevo

OU "Kliment Ohridski" Obleshevo Primary school (1st - 9th grade)

31/08/2022

Почитувани ученици, родители, наставници!
ООУ„Климент Охридски“- Облешево Ве известува дека учебната 2022/2023 година започнува на 01.09.2022 год. (четврток) со
почеток од 7.45 часот за учениците од второ до деветто одделение.
Учениците од прво одделение во Облешево од 8:00 часот,
Учениците од прво одделение во ПУ Бања во 8:30 часот,
учениците од прво одделение во ПУ Чифлик во 9:00 часот,
учениците од прво одделение во ПУ Кучичино во 9:30 часот,
учениците од прво одделение во ПУ Теранци во 10:00 часот.
Ви посакуваме среќен почеток и успешна учебна година.

Отворениот ден за граѓанско образование е проект со цел развивање, поттикнување и зајакнување  на состојбите и условите ...
16/06/2022

Отворениот ден за граѓанско образование е проект со цел развивање, поттикнување и зајакнување на состојбите и условите во училиштето и заедницата како играѓанските компетенции и вредности на учениците запреземање активности за позитивна промена и практикување на демократско однесување.
Во рамки на ученичката иницијатива беа реализирани низа активности од областа на екологијата на тема: “УРЕДИ И РАЗУБАВИ ЈА ОКОЛИНАТА СО ЗДРАВИ ЕКОЛОШКИ НАВИКИ”. Целта на овие активности е постигната преку едукацијата на населението и подигнувањето на еколошката свест кај учениците и локалната заедница ставајќи акцент на зачувувањето на средината во која живееме.
Благодарност до учениците, наставнички кадар за учеството и до Министерството за образование и наука за доделениотLCD проектор и лап топ како награда за потребите на наставникот по граѓанско образование Сања Филипова Кристо и на нашетo училиште ООУ„Климент Охридски“ -Облешево.

Денес по повод успешниот крај на учебна 2021/2022 година беа доделени свидетелства и пригодни награди за сите ученици од...
14/06/2022

Денес по повод успешниот крај на учебна 2021/2022 година беа доделени свидетелства и пригодни награди за сите ученици од 9 одделение, плакета и пригодна награда за првенец на генерацијата.
Генерација на ученици со голема самодоверба, ученици со огромен натпреварувачки дух, кои зедоа учество на натпревари и манифестации, освојувајќи високи достигнувања и успеси во разни области и го промовираа нашето училиште во најдобро светло.
Генерација што долго ќе се памети.
Им посакуваме да продолжат да чекорат успешно во животот, амбициозно, храбро и мудро да се соочуваат со сите предизвици и да израснат во зрели и успешни личности, со кои ќе се гордеат нивните родители и ние, како наставен кадар од училиштето, кои имавме придонес во нивното основно образование и воспитание.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=397970555710546&id=100064928130593
11/06/2022

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=397970555710546&id=100064928130593

Како да ја пополните апликацијата за упис во средно училиште?
✅ Кликнете на линкот ➡️ https://e-uslugi.mon.gov.mk
✅ Креирајте профил како ученик со вашиот е-маил од платформата www.schools.mk
✅ Пополнете ги сите потребни податоци и прикачете ги потребните документи
✅ Притиснете АПЛИЦИРАЈ
✅ Испечатете ја потврдата која потоа треба да се приложи во одбраното училиште

📢 За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 10.06.2022 (10.00 часот). Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15.06.2022 (најдоцна до 15.00 часот), после што системот ќе биде затворен за аплицирање.

*Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Дигитални услуги во сектор образование – фаза 2“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразува секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

10/06/2022
Наставнички совет одржан на 09.06.2022 година по претходно разгледување на комисијата за избор на првенец на генерацијат...
10/06/2022

Наставнички совет одржан на 09.06.2022 година по претходно разгледување на комисијата за избор на првенец на генерацијата според однапред утврдени критериуми и вреднувања на постигањата на учениците донесе одлука за Првенец на генерацијата 2021/2022 е Ненад Малинов од 9 а одделение.
Честитки и многу успеси!

Честитки за ученикот Матеј Стоименов од 7а одд. И менторот Благица Колева за учество на 26 Јуниорска македонска математи...
08/06/2022

Честитки за ученикот Матеј Стоименов од 7а одд. И менторот Благица Колева за учество на 26 Јуниорска македонска математичка Олимпијада одржан на 07.06.2022год.🍀🥇🏆

07/06/2022

Честитки за учениците и нивните ментори кои учествуваа на државните натпревари на 28.05. 2022год
- Иван Иванов од 9 б одд. на државен натпревар по англиски јазик ELTAM
Стефан Коцев 6а на државен натпревар по природни науки

Одбележан Светски ден против пушењето, спортски натпревар помеѓу наставници и ученици
31/05/2022

Одбележан Светски ден против пушењето, спортски натпревар помеѓу наставници и ученици

Честитки за Матеј и менторот и многу успех на Олимпијада 🍀🏆🥇👏
23/05/2022

Честитки за Матеј и менторот и многу успех на Олимпијада 🍀🏆🥇👏

Address

Marshal Tito Bb
Oblesevo
2301

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when OU "Kliment Ohridski" Obleshevo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to OU "Kliment Ohridski" Obleshevo:

Shortcuts

Share

Category