07/05/2026
Денес учениците од петто одделение од ООУ ,, Страшо Пинџур”- ПУ с. Криволак учествуваа на интеркултурен настан под мотото
,, Да ја прифатиме различноста, затоа што таму започнува заедништвото”, организиран од Црвен крст - Неготино, во СОУ Св. ,,Кирил и Методиј”- Неготино.
Преку различни активности, музика, игри, танци, традиции и креативни изведби, учениците имаа можност да ја почувствуваат убавината на различностите и значењето на почитта, толеранцијата и пријателството.
Учеството во вакви настани придонесува за развој на позитивни вредности, тимска работа и градење дух на заедништво меѓу учениците. 🌏✨🍀