02/09/2026
Момците на Мрмачоски тргнаа убедливо во Втората пионерска лига – Саботковски со хет-трик за 15 минути:
За првпат после 15 години постоење, Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила отвори ново поглавје во својата приказна со настап во Втората пионерска лига на ФФМ.
Согласно правилата за настап во натпреварувањето, нашата екипа оваа сезона настапува под името на ФК Новаци, но своите натпревари ги игра во Могила, со фудбалери од школата „Еден на Еден“ и под водство на Никола Мрмачоски – УЕФА А лиценциран тренер.
Момците на Мрмачоски одиграа одличен натпревар и забележаа убедлива победа 5:1 против скопски Еуромилк.
Во центарот на вниманието беше Павел Саботковски, кој за само 15 минути постигна хет-трик. Саботковски погоди во 1., 3. и 15. минута, а подоцна уште еднаш се запиша меѓу стрелците во 72. минута. Во листата на стрелци се запиша и Андреј Трајковски, со погодок во 62. минута.
Сепак, покрај убедливата победа, посебно внимание заслужува еден податок кој можеби најдобро зборува за потенцијалот на оваа екипа и ростерот со кој настапуваме е значително помлад од носечката генерација на натпреварувањето.
Иако Втората пионерска лига оваа сезона се игра за генерацијата 2011, во ростерот на Мрмачоски за овој натпревар имаше само шест фудбалери родени 2011 година. Дури осум фудбалери се генерација 2012, пет се генерација 2013, а во составот беше и Лука Маркоски, генерација 2014.
Тоа значи дека од вкупно 20 фудбалери во ростерот, дури 14 се помлади од носечката генерација 2011.
Уште повпечатлив е податокот за фудбалерите кои добија минутажа. Од 16-те играчи кои настапија, десет беа помлади од носечката генерација, седум фудбалери родени 2012 и тројца родени 2013 година.
Токму затоа, повеќе од самиот резултат радува начинот на кој оваа млада екипа го започна новиот предизвик. Да се натпреваруваш со состав во кој огромен дел од фудбалерите се една, две, а во ростерот и три години помлади, значи да им дадеш можност порано да почувствуваат повисоко ниво на натпреварување и да собираат драгоцено искуство за годините што следуваат.
Почетен состав:
Александар Андреевски — 2011
Виктор Талевски — 2011
Павел Николовски — 2011
Марко Петровски — 2012
Виктор Јанчески — 2011
Иван Гулевски — 2012
Андреј Трајковски — 2012
Марко Мрмачоски — 2013
Христијан Пресилски — 2013
Христијан Јаневски — 2011
Павел Саботковски — 2011
Состав / резервни играчи:
Петар Велјановски — 2013 🔄
Дамјан Шурбевски — 2012 🔄
Марио Марковски — 2012 🔄
Андреј Нуневски — 2012 🔄
Стефан Илиевски — 2012 🔄
Боби Нунески — 2013
Кире Секулоски — 2013
Петар Иваноски — 2013
Лука Маркоски — 2014
Тренер: Никола Мрмачоски