ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево

✨ Празнична магија и заедништво на денешниот новогодишен базар и приредба! ✨Денешната новогодишна приредба и базар донес...
25/12/2025

✨ Празнична магија и заедништво на денешниот новогодишен базар и приредба! ✨
Денешната новогодишна приредба и базар донесоа многу насмевки, радост и вистинска празнична атмосфера. Срцето ни е полно кога гледаме што можеме да постигнеме кога сме сложни!
Овој настан немаше да биде вака успешен без огромниот труд и поддршка од сите Вас. Сакаме јавно да упатиме искрена благодарност до:
🤝 Месната заедница и Црковниот одбор – за беспрекорната организација и визија.
🏡 Месното население – за масовното присуство, вложениот труд и креативноста.
🌍 Нашата дијаспора – кои иако се далеку, со своите донации и поддршка докажаа дека мислите и срцето им се секогаш тука, во родниот крај.
Ви благодариме што сте дел од оваа приказна. Да сте живи и здрави и нека ни се среќни претстојните празници! 🎄❤️

25/12/2025
🎄 Новогодишна магија во Мислешево! 🎄Почитувани родители, роднини и жители на нашето село,Со огромно задоволство Ве покан...
23/12/2025

🎄 Новогодишна магија во Мислешево! 🎄
Почитувани родители, роднини и жители на нашето село,
Со огромно задоволство Ве покануваме да бидете дел од нашата Новогодишна приредба и Базар. Подготвивме многу насмевки, музика, креативни изработки и празнично расположение за да ја испратиме старата и да ја пречекаме Новата година заедно!
Вашето присуство ќе биде нашата најголема радост и поддршка.
Дојдете да се забавуваме и да споделиме убави желби!
Ве очекуваме! ✨

✨Нашето училиште свечено го одбележа Патрониот празник со богата културно-уметничка програма, во која учествуваа ученици...
27/10/2025

✨Нашето училиште свечено го одбележа Патрониот празник со богата културно-уметничка програма, во која учествуваа учениците од сите одделенија – од одделенска и предметна настава.
Приредбата беше вистинско огледало на талентот и креативноста на нашите ученици, кои со голема посветеност ги изведоа своите точки - литературни, музички творби и танцови кореографии.
Свечената приредба беше настан кој придонесе за зајакнување на училишниот дух и претставуваше достоинствено одбележување на нашиот најзначаен училишен празник.
✨Голема благодарност упатуваме до Климентина Рембоска Столевска, за прекрасните декорации на сцената, нашиот Александар Менкиноски за фотографиите кои засекогаш ќе останат да сведочат за овие убави моменти, како и до сите наши пријатели и поддржувачи.

Ве очекуваме заедно да го прославиме денот на нашето училиште ✨🎼🍂😊
24/10/2025

Ве очекуваме заедно да го прославиме денот на нашето училиште ✨🎼🍂😊

Нашите ученици од IV одделение од подрачните училишта во с. Мислешево и с. Враништа беа дел од едукативните активности н...
20/10/2025

Нашите ученици од IV одделение од подрачните училишта во с. Мислешево и с. Враништа беа дел од едукативните активности на Боренка работилницата, во организација на Комерцијална банка.

Со поддршка од тимот на Боренка и нејзината весела верверичка, децата учеа за значењето на дрвјата, природата и пошумувањето, преку игра, дружење и креативност.

Искрено им се заблагодаруваме на „Боренка“ и Комерцијална банка за можноста нашите ученици да бидат дел од оваа прекрасна еко-иницијатива која поттикнува љубов кон природата и одговорно однесување кон околината.
Со вакви активности градиме посвест, знаење и вредности што ќе ги следат децата во иднина. 🌱
https://www.facebook.com/share/v/19iHq3no6T/

Во име на сите ученици, наставници и целиот колектив на нашето училиште ја изразуваме нашата искрена и огромна благодарн...
14/10/2025

Во име на сите ученици, наставници и целиот колектив на нашето училиште ја изразуваме нашата искрена и огромна благодарност на компанијата MAGNA - Струга за нивната великодушна донација на нова пинг-понг маса за нашето училиште.
Почитувани, Вашиот гест на добра волја и поддршка е од непроценливо значење за нас. Со оваа донација, Вие директно придонесувате за збогатување на училишниот живот и нудите нова можност за спортска активност и рекреација на нашите ученици за време на наставата и одморите. Пинг-понгот не само што е одличен начин за физичка активност, туку и ги поттикнува фер-плејот, концентрацијата и другарството меѓу децата.
Ве уверуваме дека масата веќе стана централно место за забава и спорт, а радоста и ентузијазмот на учениците се најголемиот доказ за вредноста на Вашата донација.
Уште еднаш, Ви благодариме што сте дел од поддржувачите на нашето училиште и што инвестирате во иднината и здравјето на нашите млади. Се надеваме на понатамошна соработка во иднина.❤️🍀👏

07/10/2025

Одбележуваме Детска недела под мотото:
„Детето денес – иднината утре“ ✨

Пораката е силна: кон иднината се минува преку мостот на љубовта, чесноста, пријателството, почитта, знаењето, солидарноста, трудот и добрината. 💛
Само со овие вредности можеме да изградиме посветла и посреќна иднина за сите деца.

20/09/2025
🇲🇰​Среќен Ден на независноста, Македонијo!🇲🇰​Нека е вечна и просперитетна нашата татковина, а слободата и единството нек...
08/09/2025

🇲🇰​Среќен Ден на независноста, Македонијo!🇲🇰
​Нека е вечна и просперитетна нашата татковина, а слободата и единството нека нѐ водат кон посветла иднина.
​За многу години!🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Address

с. Мислешево
Mislesevo

Opening Hours

Monday 07:00 - 18:00
Tuesday 07:00 - 18:00
Wednesday 07:00 - 18:00
Thursday 07:00 - 18:00
Friday 07:00 - 18:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share