ООУ „Климент Охридски“ - Миравци

ООУ „Климент Охридски“ - Миравци Општинско основно училиште

Основно училиште со мал број на ученици и вработени, но со голема желба и амбиција да се достигнат најголемите висини на успехот во учењето и работата.

Учениците од IV и V одделение учествуваа на одбележувањето на Светскиот ден на пчелата 🌼🐝
14/05/2026

Учениците од IV и V одделение учествуваа на одбележувањето на Светскиот ден на пчелата 🌼🐝

Нашите ученици од I до V одделение, заедно со дечињата од градинката како наши драги гости, имаа можност да уживаат во п...
12/05/2026

Нашите ученици од I до V одделение, заедно со дечињата од градинката како наши драги гости, имаа можност да уживаат во прекрасната театарска претстава „Добрата Јана и лошиот дедо“, во изведба на Младински културен театар.

Со големо задоволство ја реализиравме еднодневната едукативна екскурзија во Скопје, на која учениците имаа можност да по...
11/05/2026

Со големо задоволство ја реализиравме еднодневната едукативна екскурзија во Скопје, на која учениците имаа можност да посетат значајни културно-историски и државни институции.

Во рамки на посетата, учениците го разгледаа Собрание на Македонија, каде се запознаа со работата на законодавниот дом, неговото значење и улогата во функционирањето на државата.

Потоа следуваше посета на Археолошки музеј на Македонија, каде учениците имаа можност да видат бројни археолошки артефакти и да научат повеќе за богатото историско и културно наследство на Македонија.

Во продолжение ја посетивме Црква Свети Спас, позната по својата духовна и историска вредност, како и по уникатниот иконостас. Во склоп на црквата, учениците оддадоа почит и на гробот на Гоце Делчев, потсетувајќи се на животот и делото на еден од најзначајните македонски револуционери.

Екскурзијата помина во одлична атмосфера, исполнета со дружење, нови знаења и позитивни впечатоци. Ваквите активности претставуваат значајно искуство за учениците, бидејќи овозможуваат учење преку непосредно запознавање со историјата, културата и институциите на нашата држава.

Драги родители и идни првачиња!Ве покануваме на упис во прво одделение во нашето училиште.
06/05/2026

Драги родители и идни првачиња!
Ве покануваме на упис во прво одделение во нашето училиште.

По повод Светскиот ден на книгата 23 април се одржа натпревар од прочитани лектири со цел да се поттикне љубовта кон чит...
29/04/2026

По повод Светскиот ден на книгата 23 април се одржа натпревар од прочитани лектири со цел да се поттикне љубовта кон читањето. Учениците покажаа успешно познавање од прочитани лектири.

Денот на планетата Земја се одбележува секоја година на 22 април и претставува потсетник дека нашата планета  е наш един...
29/04/2026

Денот на планетата Земја се одбележува секоја година на 22 април и претставува потсетник дека нашата планета е наш единствен дом.Тој ден не поттикнува да размислиме како се однесуваме кон природата и што можеме да направиме за да ја заштитиме.Со мали чекори и заеднички напори, можеме да придонесеме за почиста и поздрава Земја.

18/04/2026

На денешниот регионален натпревар по англиски јазик, што се одржа во ООУ "Владо Кантарџиев" во Гевгелија, нашите ученици Јована Стојкова и Зорица Динева остварија позитивен резултат и учество, додека Христина Наскова со освоени 91 поен освои II награда и се здоби со право да учествува на државниот натпревар.
Честитки до учениците и нивните наставници-ментори Сузана Ѓорѓиева и Никола Малевски.

Успешно реализирана работилница од стручна служба!  Денес во V одделение 🙋‍♀️🙋📚се одржа креативна интерактивна работилни...
09/04/2026

Успешно реализирана работилница од стручна служба!
Денес во V одделение 🙋‍♀️🙋📚се одржа креативна интерактивна работилница на тема:" Што носиме во себе".
Преку разговор,игри и искрени детски мисли,учениците учеа како да ги препознаат и на здрав начин да ги изразат своите чувства.
Пофалба до сите ученици од V одделение 📖👋❤за нивната искреност и храброст да се соочат со своите чувства.
Заминавме радосни,насмеани и побогати по знаење и човечност.💛🍀✨️

Нека Велигден Ви донесе  љубов, здравје и многу среќа во Вашите домови.Учениците со многу креативност и насмевки ги укра...
09/04/2026

Нека Велигден Ви донесе љубов, здравје и многу среќа во Вашите домови.
Учениците со многу креативност и насмевки ги украсија велигденските јајца, внесувајќи боја и радост во училиштето.
Среќни празници! 🥚

Андреј Василевски го претстави нашето училиште на регионалниот натпревар по математика и имаше успешно учество. Ментор: ...
08/04/2026

Андреј Василевски го претстави нашето училиште на регионалниот натпревар по математика и имаше успешно учество.
Ментор: Кристина Петкова
Браво! 👏

1 Април - АприлилиГи споделуваме и фотографиите од учениците од 5 одделение, кои со својата креативност и насмевки го ра...
03/04/2026

1 Април - Априлили

Ги споделуваме и фотографиите од учениците од 5 одделение, кои со својата креативност и насмевки го разубавија денот. 😊

Address

Гоце Делчев б. б
Miravci
1486

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Климент Охридски“ - Миравци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ „Климент Охридски“ - Миравци:

Shortcuts

Share

Category