ООУ „Толи Зордумис“, Куманово

ООУ „Толи Зордумис“, Куманово Современ училишен центар по мерка на учениците и наст?

📚 Една убава вест во пресрет на новата учебна година! 📚Со особено задоволство го споделуваме излегувањето на Вежбанката ...
24/08/2026

📚 Една убава вест во пресрет на новата учебна година! 📚

Со особено задоволство го споделуваме излегувањето на Вежбанката по Биологија за 7 одделение, создадена со многу знаење, посветеност и љубов кон наставата. 🧬🔬📖

Веруваме дека оваа вежбанка ќе им помогне на сите ученици полесно, поинтересно и со поголема љубопитност да го откриваат светот на биологијата.

Авторка на вежбанката е нашата професорка Емилија Веселиновска, на која ѝ упатуваме искрени честитки за овој значаен професионален успех и за вложениот труд и посветеност. ❤️

Нека новата учебна година биде исполнета со нови знаења, идеи и успеси! ✨📚

Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.

📘 „Европас во училница“ – чекор поблиску до идните можности!Со задоволство ја споделуваме објавата за успешно реализиран...
02/07/2026

📘 „Европас во училница“ – чекор поблиску до идните можности!
Со задоволство ја споделуваме објавата за успешно реализираната работилница „Европас во училница“ во нашето училиште.
Преку практична работа учениците се запознаа со платформата Europass, нејзините можности и придобивки. Тие креираа сопствени Europass профили и ги унапредија своите дигитални компетенции.
Благодарност до Europass за поддршката и можноста нашите ученици да стекнат нови знаења и вештини.

#ДигиталниКомпетенции #КариеренРазвој #НашетоУчилиште
#УчењеЗаИднината

Со голема радост го одбележавме успешното завршување на нашиот eTwinning проект, посветен на правата, одговорностите и в...
26/06/2026

Со голема радост го одбележавме успешното завршување на нашиот eTwinning проект, посветен на правата, одговорностите и вредностите на добриот граѓанин. 🌍✨

Во текот на проектот учениците имаа можност да учат, истражуваат и развиваат свест за своите права, но и за одговорностите што ги имаат како членови на заедницата. Преку различни активности тие учеа за важноста на почитта, искреноста, добрината, правдата и љубовта.

Горди сме на нивниот труд, посветеност и активното учество во сите проектни активности. Како симбол на нивниот успех и вложен труд, денес им беа доделени сертификати за успешно учество. 🏅

Овој проект ни покажа дека со мали чекори и добри дела можеме да изградиме подобро, поправедно и похумано општество.

Им честитаме на сите ученици и им посакуваме и понатаму да растат во одговорни, совесни и активни граѓани!

🪄 Заврши овогодинешната Детска ликовна колонија „АСНОМ“ – Куманово 2026, која се реализираше во организација на Фондациј...
24/06/2026

🪄 Заврши овогодинешната Детска ликовна колонија „АСНОМ“ – Куманово 2026, која се реализираше во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово.
🏫 Нашето училиште успешно го претставија учениците Јасин Асани и Лена Ѓорѓиевска, под менторство на проф. по ликовно образование Далибор Крстевски.
🍀 По завршувањето на колонијата, учесниците добија благодарници за учество како признание за нивната креативност, труд и посветеност.
✨ Им честитаме на нашите ученици и им посакуваме уште многу успеси во иднина!

🎨 Денеска, во ресторан „Грација“, започна овогодинешниот Детски ликовен камп „АСНОМ“ – Куманово 2026, во комплетна орган...
22/06/2026

🎨 Денеска, во ресторан „Грација“, започна овогодинешниот Детски ликовен камп „АСНОМ“ – Куманово 2026, во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

✨ Годинава учествуваат 30 учесници, талентирани ученици од основните општински училишта, а инволвирани се и корисници на „Дневен центар“ и „Порака наша“.
Од нашето училиште учество зедоа учениците Јасин Асани и Лена Ѓорѓиевска, под менторство на проф. по ликовно образование Далибор Крстевски.

🖌️ Учесниците беа интерно селектирани од нивните ликовни педагози при матичните училишта, а во рамките на кампот, кој ќе трае вкупно три дена, ќе работат во три техники (сликарство, графика – монотипија и декорација на керамички садови), со менторките Симона Јакимовска и Елена Спасовска-Радошевиќ, ангажирани од страна на Фондацијата.

🍀 На VIII Белгородски меѓународен фестивал-конкурс за деца и млади „Прозорец кон Србија“ (Руска Федерација), поддржан од...
14/06/2026

🍀 На VIII Белгородски меѓународен фестивал-конкурс за деца и млади „Прозорец кон Србија“ (Руска Федерација), поддржан од Министерството за култура на Белгородската област, Амбасадата на Република Србија во Руската Федерација и Претставништвото во номинацијата „Ликовно творештво“, цртежот „Духовно огледало“ на Далибор Крстевски, наставник во ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово, Република Северна Македонија, во петтата возрасна категорија освои II место.

🎨 Во ова дело матрјошката се појавува како симбол на духовноста, културното наследство и заедничките вредности, прераснувајќи во чувар на македонската душа. Преку внимателно избраните мотиви и симболика, авторот ја претставува средбата на две традиции, истакнувајќи ја убавината на културниот дијалог, меѓусебното почитување и духовната поврзаност меѓу народите.

👏 Честитки за наставникот Далибор Крстевски за ова високо меѓународно признание.

09/06/2026

Sot zhvilluam programin tonë përfundimtar para prindërve, një pasdite e mbushur me emocione, buzëqeshje dhe krenari. Fëmijët treguan me shumë dashuri e përkushtim gjithçka që kanë mësuar gjatë këtij viti shkollor.
Faleminderit prindërve për praninë, mbështetjen dhe bashkëpunimin e vazhdueshëm. Sukseset e fëmijëve janë fryt i punës së përbashkët mes shkollës dhe familjes.
Me zemër plot mirënjohje i përshëndesim nxënësit tanë të dashur, duke u uruar pushime të mbara dhe shumë suksese në klasën e dytë! ❤️📚🌟

08/06/2026

🔬🧪 Shkenca në veprim! Nxënësit gjatë realizimit të eksperimenteve interesante në orën e Kimisë. Mësim, hulumtim dhe zbulime të reja në çdo hap. 👏✨
🔬🧪 Науката во акција! Учениците за време на реализација на интересни експерименти по Хемија. Учење, истражување и нови откритија на секој чекор. 👏✨

08/06/2026

📌Доаѓа крајот на учебната година, но не и на нашите успеси!
Три учеснички – три награди – меѓународно признание! ✅
📝 На VIII Белгородски меѓународен фестивал-конкурс за деца и млади „Прозорец кон Србија“ (Руска Федерација), поддржан од Министерството за култура на Белгородската област, Амбасадата на Република Србија во Руската Федерација и Претставништвото на Република Српска во Руската Федерација, нашите ученички освоија:

🥇 Теодора Трајковска – прво место (поезија), ментор: Марија Цветановиќ

🥈 Лена Ѓорѓиевска – второ место (проза), ментор: Марија Цветановиќ

🥈 Мелани Пауновска – второ место (проза), ментор: Емилија Ристова

🧑‍🏫 Учеството беше реализирано по иницијатива на учителката Валентина Петрушевска Благоевска, а свој придонес дадоа и учениците од IV одделение преку цртежи и интерпретација на песната „Македонско девојче“.
👏 Честитки за уште еден меѓународен успех!

04/06/2026

Address

Boro Prcan, 38
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00

Telephone

+389 31 412 311

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Толи Зордумис“, Куманово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share