СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово/ Gymnasium "Goce Delchev" - Kumanovo

  • Home
  • Macedonia
  • Kumanovo
  • СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово/ Gymnasium "Goce Delchev" - Kumanovo

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово/ Gymnasium "Goce Delchev" - Kumanovo Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово/ Gymnasium "Goce Delchev" - Kumanovo, High School, Pero Cico 31a, Kumanovo.

Официјална ФБ страна на СОУ
Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово

Веб-страна:
gdku.edu.mk

YouTube канал:


Инстаграм профил:


Linktree-профил:
linktr.ee/gimnazijakumanovo

🇲🇰 🤝🏻 🇲🇫Учениците од билингвалните француски паралелки од прва до четврта година, вчера присуствуваа на настанот "Отворе...
11/09/2026

🇲🇰 🤝🏻 🇲🇫
Учениците од билингвалните француски паралелки од прва до четврта година, вчера присуствуваа на настанот "Отворени врати во Францускиот институт" во Скопје. Во пријатна и опуштена атмосфера се натпреваруваа во квиз за француската култура, цртаа и пишуваа, играа друштвени игри, гледаа проекција на кратки филмови, се забавуваа со Диџеј Павел и дегустираа специјалитети од француската кујна.

Учениците имаа можност да се запознаат одблизу со сите простории на Институтот и со потенцијалите кои им ги пружа во понатамошното образование. Во придружба на учениците беа наставничките кои се дел од проектот: Лидија Тасевска и Марија Јакимовска

Со длабока тага се збогуваме со нашата почитувана колешка Биљана Краљевска, наставник по хемија, која со својата благоро...
09/09/2026

Со длабока тага се збогуваме со нашата почитувана колешка Биљана Краљевска, наставник по хемија, која со својата благородност и несебичност го збогати нашиот училиштен колектив. Споменот за заедничките мигови, нејзиниот ведар дух и љубовта кон професијата засекогаш ќе остане со нас. Нека почива во мир! 🕊️

Посмртните останки ќе бидат изложени утре во Градската капела од 13 часот, а погребот е во 15 часот на Градските гробишта во Куманово. На нејзините најблиски им изразуваме најдлабоко сочувство и им посакуваме сила во овие тешки мигови - од вработените при СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

08/09/2026
Среќно 🍀🍀🍀
31/08/2026

Среќно 🍀🍀🍀

15/07/2026

Нашата ученичка Василиа Дурова ја изведува француската химна на официјалниот прием по повод 14 јули. 🇫🇷
Ментор: Милена Денчевска.

Вчера, по повод националниот празник на Република Франција - 14 јули, се одржа прием на кој од нашата Гимназија поканети...
15/07/2026

Вчера, по повод националниот празник на Република Франција - 14 јули, се одржа прием на кој од нашата Гимназија поканети беа професорката по француски јазик Милена Денчевска и професорката по македонски јазик и литература Лидија Тасевска.

Настанот беше посебно важен за нас како училиште затоа што официјалните химни на Франција и на Македонија беа изведени од страна на нашата ученичка Василиа Дурова, под менторство на професорката по француски јазик Милена Денчевска. 🇫🇷🇲🇰

🇲🇰 🇫🇷 Од 29 јуни до 3 јули, во Струга по 27ми пат се одржа Регионален летен универзитет. Преубавата Струга беше центар н...
07/07/2026

🇲🇰 🇫🇷

Од 29 јуни до 3 јули, во Струга по 27ми пат се одржа Регионален летен универзитет. Преубавата Струга беше
центар на професионален развој, стручно усовршувањe, размена на искуства. На летниот универзитет учествуваа вкупно 87 наставници од 6 земји од регионот: Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово.

Настанот беше организиран од страна на Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје во партнерство со CREFECO и Bel Idéal.

#ФранцускиИнститутСкопје #Образование #РегионалнаСоработка

Неизмерно сме горди на успехот на нашиот матурант Лука Шуниќ од 4-9 клас кој на Државната матура ги освои извонредните 1...
05/07/2026

Неизмерно сме горди на успехот на нашиот матурант Лука Шуниќ од 4-9 клас кој на Државната матура ги освои извонредните 100 перцентили на тестот по Српски јазик и литература. 💯

🇷🇸 Овој успех не е само лична победа на Лука, тој е и потврда за неговата долгогодишна посветеност кон изучување на српскиот јазик и српската литература.

Во текот на своето гимназиско образование, тој активно учествуваше на многубројни поетски читања, презентации и културни настани, достојно претставувајќи го нашето училиште на локално и државно ниво. 👏🏻

➡️ Српската паралелка во нашата гимназија успешно функционира од 2021 година. Покрај наставата на српски јазик, учениците од овие паралелки имаат можност да учествуваат на Летниот камп во Тршиќ, каде преку работилници, предавања и дружења со врсниците од соседните држави уште повеќе го усовршуваат српскиот јазик и го збогатуваат своето знаење од српската граматика и книжевност.

Резултатот на Лука е потврда дека српската паралелка во СОУ ,,Гоце Делчев" продолжува да создава успешни млади луѓе и идни академски граѓани на кои со гордост ќе се сеќаваме. ✅

***

Неизмерно смо поносни на успех нашег матуранта средње школе Луке Шунића, клас 4-9, који је на Државној матури постигао изванредних 100 перцентила на тесту из српског језика и књижевности. 💯

🇷🇸 Овај успех није само лична победа Луке, већ је и потврда његове дугогодишње посвећености проучавању српског језика и српске књижевности.

Током свог гимназиског образовања, активно је учествовао у бројним поетским читањима, презентацијама и културним догађајима, достојно представљајући нашу школу на локалном и државном нивоу. 👏🏻

➡️ Српско одељење у нашој гимназији успешно функционише од 2021. године. Поред наставе на српском језику, ученици из ових одељења имају прилику да учествују у Летњем кампу у Тршићу, где кроз радионице, предавањима и дружењем са вршњацима из суседних земаља додатно усавршавају свој српски језик и обогаћују своје знање из српске граматике и књижевности.

Лукин резултат је потврда да српско одељење у Гимназији „Гоце Делчев“ наставља да ствара успешне младе људе и будуће академске грађане којих ћемо се са поносом сећати. ✅

🎓✨ КОГА ЉУБОВТА КОН ЗНАЕЊЕТО СЕ ПРЕТВОРА ВО СОВРШЕН УСПЕХ! ✨🎓Постојат успеси што не се мерат само со бројки, туку со хра...
05/07/2026

🎓✨ КОГА ЉУБОВТА КОН ЗНАЕЊЕТО СЕ ПРЕТВОРА ВО СОВРШЕН УСПЕХ! ✨🎓
Постојат успеси што не се мерат само со бројки, туку со храброста, истрајноста, љубовта и годините посветена работа што стојат зад нив.
Со неизмерна гордост ви ја претставуваме нашата матурантка Мила Анѓеловска од IV-7, која на Државната матура постигна извонреден резултат – 100 перцентили по руски јазик, односно максимален успех кој претставува круна на нејзиното осумгодишно изучување на рускиот јазик.
Она што овој резултат го прави уште повреден е фактот што Мила беше единствената ученичка од нашето училиште која имаше храброст за својот испит на зрелоста да го избере токму рускиот јазик. Наместо да тргне по полесниот пат, таа го следеше своето срце. Љубовта кон рускиот јазик беше посилна од секој страв, а денес токму таа љубов е наградена со највисок можен резултат.
Во текот на своето школување Мила активно учествуваше на бројни државни и меѓународни натпревари, литературни конкурси и културни манифестации посветени на рускиот јазик, литературата и традицијата. Беше дел од одбележувањето на Денот на рускиот јазик, Масленица, Велигден и многу други културни настани. Во 2023 година, на XVI Меѓународен фестивал за детско литературно творештво во Санкт Петербург, го освои второто место, претставувајќи ја Македонија со чест, достоинство и голем успех.
🇷🇺 Рускиот јазик во нашето училиште се изучува уште од самото негово основање и денес претставува препознатлив бренд, изграден врз квалитет, знаење, истрајност, креативност, возвишени вредности и врвни резултати.
Само во последните две децении нашите ученици имаат освоено 35 државни и дури 49 меѓународни награди, а повеќе од 30 наши ученици добиле стипендии од Министерството за образование и наука на Руската Федерација за бесплатно студирање на најпрестижните државни универзитети во Русија.
Тие што веќе завршија денес се успешни и почитувани лекари, инженери во градежништвото, архитектурата и енергетиката, економисти, пилоти, уметници, професори и други високообразовани стручни кадри, кои со своето знаење и професионалност придонесуваат за развојот на Македонија и пошироко. Тоа е најсилниот доказ дека изучувањето на рускиот јазик во нашето училиште не е само учење на еден странски јазик, туку инвестиција во иднината, отворање на нови хоризонти и можност за врвно образование и успешна кариера.
Секој од овие успеси е резултат на огромниот труд, талент и посветеност на учениците, но и на долгогодишното несебично менторство, професионалност и визија на нивниот професор, кој со љубов и ентузијазам ги мотивира младите луѓе да ги следат своите соништа и да веруваат во своите способности.
🌹 Драга Мила, твоите 100 перцентили не се само личен успех. Тие се гордост за твоето семејство, за твоите професори, за нашето училиште и за сите генерации ученици кои со љубов го изучуваат рускиот јазик.
Ти благодариме што уште еднаш потврди дека знаењето, трудот, истрајноста и љубовта секогаш носат најубави плодови.

Со огромна гордост и чест ја споделуваме веста за уште еден историски успех на нашите ученици! На овогодинешната Државна...
04/07/2026

Со огромна гордост и чест ја споделуваме веста за уште еден историски успех на нашите ученици! На овогодинешната Државна матура, нашата матурантка Анастасија Трајковска од 4-1 клас покажа врвно знаење и освои максимален број поени на испитот по математика. Овој извонреден резултат на испитот на зрелоста е само потврда дека трудот, талентот и вистинската поддршка секогаш водат до самиот врв. 👏☺️

Дека успехот во нашето училиште не е случајност, туку континуитет, ни докажуваат и минатогодишните резултати. За потсетување, во учебната 2024/2025 година, нашиот ученик Леонид Димитриевски од 4-8 клас постигна неверојатни 100 перцентили на матурскиот испит по математика. Леонид денес успешно го чекори својот академски пат на студиите по Информатички науки, докажувајќи дека основата стекната во нашите клупи отвора врати насекаде во светот. ↗️📝

Овие блескави резултати се плод на континуираната, макотрпна и несебична работа на нашите професори и ментори. Секоја година, низ темелни и посветени подготовки за јунското полагање на матурата, тие будно ги водат учениците низ сите предизвици, несебично споделувајќи го своето знаење и мотивирајќи ги да го достигнат својот полн потенцијал. 🙏🥇

Нашето училиште останува расадник на таленти и синоним за квалитетно образование. Оваа традиција на успеси е најдобриот мотив за сите идни генерации кои сакаат да ги претворат своите амбиции во реалност.✅

Address

Pero Cico 31a
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00

Telephone

+38931421079

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово/ Gymnasium "Goce Delchev" - Kumanovo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category