09/10/2025
Преубав текст напишан некад одамна. И нормално, у њега стои збор што смо сигурни дека не га знаете, а у прашање е ШАРЛАГАН.
Стар кумановски збор, сас турско потекло, што значи ладно цедено масло.
Шарлаган се е правија иначе, или од афион, или од сусам. Чисто да ви биде јасно како се е ранија народ порано, за да не мислите дека с'га тој што ви се сервира како здрава храна, дека е некој измислија топлу воду.
Поздрав, кумановци :)
Споменатиот кумановски автор Димчо Џарто, во веќе споменатиот есеј, „Една меана-две куќе“, објавен во кумановското списание „Корени“ за мезалукот во нивната кафеана „Караѓорѓе“ на улицата „Поенкаре“ денес ,,Ленинова“, помеѓу двете светски војни, запишал:
"На пладне у кафану нема никој. Само залангури, што немав ни куќу ни покуќнину. Ч'к приквечер, к'д наступи ракиено време, само да гледаш сеир.... Најнапред ќе ce зададе башчеванџија Коле-Крив. Сал глава му штрчи над количке с'с зелен товар. Све што треба за мезе. Од нас - оцат и сол и некалко капке шарлаган. Све тој е за ракиџије, а за винари е запиперен мезал’к на књишку: шкембе, тефтерче, џигерче, слезенка, плетени цревца..Тава светиниколска, голема, има за сви. Може да избереш, може да брцнеш с'с прсти. Све може..."