ООУ „Христијан Карпош“ Куманово - Hristijan Karposh

  • Home
  • Macedonia
  • Kumanovo
  • ООУ „Христијан Карпош“ Куманово - Hristijan Karposh

ООУ „Христијан Карпош“ Куманово - Hristijan Karposh Основно Општинско Училиште

ОТВОРЕН ПОВИК за избор на Ученик-правобранител и негови заменициСе повикуваат учениците од предметна настава да аплицира...
09/09/2026

ОТВОРЕН ПОВИК за избор на Ученик-правобранител и негови заменици

Се повикуваат учениците од предметна настава да аплицираат за избор на Ученик- правобранител и нивни заменици. Ученикот- правобранител со замениците се грижат за:

1.промовирање на детските права и обврски (преку едукативни работилници, дебати, инфо денови...) и
2. даваат поддршка за заштита на детските права (прибирање поплаки и иницијатива за мирно решавање на проблемите преку менторска поддршка).

Сите ученици кои се заинтересирани за оваа важна и одговорна функција, можат да се пријават кај проф.Весна Алексова и Габриела Бошковска најдоцна до 16 септември, среда за да пополнат формулар за аплицирање.

Сите пријави ќе ги разгледа Комисија за евалуација која ќе направи кратко интервју со сите кандидати за да се утврдат нивните компетенции ( мотивација за пријавување, основни познавања на детските права, комуникациски и организаторски способности, претходно поведение, претходно искуство од воннаставни активности,...)

По направениот избор на Ученик- правобранител и негови заменици, кои ќе имаат мандат од две години, истите ќе организираат Инфо-ден во текот на месец октомври за да се претстават подобро пред останатите ученици од училиштето.

Среќно на сите заинтересирани кандидати!

💙✨ Драги наши првачиња! ✨💙Денес, во вашиот втор дом – ООУ „Христијан Карпош“, ги слушнавме првите чекори на вашето голем...
01/09/2026

💙✨ Драги наши првачиња! ✨💙
Денес, во вашиот втор дом – ООУ „Христијан Карпош“, ги слушнавме првите чекори на вашето големо патување. Со насмевки на лицето и срца полни со љубопитност (баш како што симболично ги носевте и црвените срца на вашите бели маички), вие официјално станавте дел од нашето големо училишно семејство! 🏫❤️

Денес салата беше премала за сета радост и енергија што ја донесовте. Ви посакуваме среќен и успешен почеток во светот на знаењето!
Нека секој нов училишен ден ви биде исполнет со неверојатни откритија, вистински пријателства, многу смеа и бескрајна инспирација.

Напред кон нови авантури, бидете храбри, љубезни и секогаш љубопитни!

Нека ни е среќна и успешна новата учебна година за сите нас! 🚀📚🎈

#ОУХристијанКарпош #Првачиња #НоваУчебнаГодина #ПрвУчилишенДен #АвантураЗапочнува #СреќниДенови #Училиште #Образование #Македонија

31/08/2026
Соопштение за почеток на учебната годинаПочнуваме во вторник, на 1 септември.Прва смена (3, 5, 7 и 9 одделение): во 07:1...
27/08/2026

Соопштение за почеток на учебната година

Почнуваме во вторник, на 1 септември.

Прва смена (3, 5, 7 и 9 одделение): во 07:15 часот

Втора смена (2, 4, 6 и 8 одделение): во 13:15 часот

Прием на првачиња:

Централно училиште: во 09:30 часот во салата, со пригодна приредба и обраќање на директорот

Подрачно училиште „Иго Тричковиќ“: во 08:30 часот

Подрачно училиште „Тромеѓа“: во 07:30 часот

Со особена гордост и неизмерна радост ви ја претставуваме нашата ученичка Ана Стевановиќ, избрана за Првенец на генераци...
16/06/2026

Со особена гордост и неизмерна радост ви ја претставуваме нашата ученичка Ана Стевановиќ, избрана за Првенец на генерација во ООУ „Христијан Карпош“.

Со својата посветеност, трудољубивост, одговорност и континуирани успеси, Ана остави силен белег во нашето училиште. Низ годините таа беше пример за истрајност, знаење, дисциплина и другарство, покажувајќи дека вистинскиот успех се гради со упорност, љубов кон учењето и почит кон другите.
Покрај одличните резултати, Ана се истакнува со својата скромност, позитивен дух и подготвеност секогаш да им помогне на своите соученици. Нејзините постигнувања се гордост за нашето училиште и инспирација за сите идни генерации.

Драга Ана, ти честитаме за ова заслужено признание и ти посакуваме многу успех, нови достигнувања и остварување на сите твои соништа. Веруваме дека со истата посветеност и ентузијазам ќе продолжиш да чекориш кон нови победи.
Твојот успех е успех и на нашето училиште.
Од срце ти честитаме!

Тука е и нашата ученичка Евалин Дурова, која со своите успеси е Гордост на генерацијата. Ова признание е потврда за нејзиниот труд, залагање и достигнувања, кои претставуваат инспирација за сите ученици.

Драга Евалин, ти честитаме за ова заслужено признание и ти посакуваме многу нови успеси, исполнети соништа и светла иднина.

#ПрвенецНаГенерација #ГордостНаГенерацијата #ООУХристијанКарпош #Успех #ТрудИДисциплина #ИдниЛидери #НајдобриУченици #ОбразованиеМакедонија

Успесите се редат во континуитет...🏆📖✍🏻Изминатиот викенд на 7. VI 2026 г. на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески" во Ск...
10/06/2026

Успесите се редат во континуитет...🏆📖✍🏻

Изминатиот викенд на 7. VI 2026 г. на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески" во Скопје се одржа Државен натпревар по македонски јазик. Нашите ученици ги постигнаа следните резултати:

IX одделение
🥇Ана Стевановиќ - ПРВА НАГРАДА и трето место во државата
🎖️ Јована Милковска - Благодарница за учество
Ментор: Фросина Пешевска

VIII одделение
🎖️ Леонтина Спасовска - Благодарница за учество
Ментор: Елена Милошевска

VII одделение
🎖️Лука Станојковски - Благодарница за учество
🎖️Лина Трајчевска - Благодарница за учество
Ментор: Весна Алексова

VI одделение
🥉 Клаудија Величковиќ - ТРЕТА НАГРАДА
🎖️Миа Цветковска - Благодарница за учество
Ментор: Ивана Стојмановска

Честитки за сите! 🍀

🏆 Голем успех за нашето училиште! Со огромна гордост соопштуваме дека нашата професорка по математика, Даниела Стојановс...
05/06/2026

🏆 Голем успех за нашето училиште!

Со огромна гордост соопштуваме дека нашата професорка по математика, Даниела Стојановска, се стекна со звањето наставник-советник! 👏

Ова признание е резултат на нејзината долгогодишна посветеност, континуирано усовршување и несебично вложување во едукацијата на нашите ученици. Професорката Стојановска е вистински пример за професионализам и инспирација за сите нас. 🌟

Честитки до нашиот наставник-советник! Посакуваме уште многу успеси во понатамошната работа! 💐

#Успех #НаставникСоветник #Гордост #Образование #Математика

02/06/2026

Почитувани,
По повод информациите кои се споделуваат во јавноста, поврзани со процесот на оптимизација во основното образование, раководството на ООУ „Христијан Карпош“ сака јасно и недвосмислено да информира дека ја разбира загриженоста на локалната заедница во с. Тромеѓа, но најодлучно ги демантира тие „информации“ и истакнува дека подрачното училиште во с. Тромеѓа нема да се затвори.

Нашата цел, во ниту еден момент не е згаснување на овој важен центар, туку изнаоѓање решенија за неговиот опстанок и развој во време кога сите се соочуваме со предизвикот на намален број ученици во руралните средини, а притоа следејќи го и процесот на оптимизација во основното образование, што е во тек во Република Македонија.

Наш приоритет е да обезбедиме безбедна, мирна и квалитетна средина за учење токму тука – во Тромеѓа. Вратите на училиштето, како и досега, се отворени за соработка и меѓусебна почит, бидејќи само заедно со родителите и локалната заедница можеме да ја зачуваме и продолжиме традицијата на нашето училиште.

Со почит,
Слаѓан Спасовски (Директор на ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово

Address

Radoje Dimik 55
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00

Telephone

031 422 951

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Христијан Карпош“ Куманово - Hristijan Karposh posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share