15/09/2026
Со огромна радост ви најавуваме нешто ново! 💛
Од 25-ти септември ќе биде достапен работниот прирачник за следење на напредокот при интеграција на примитивни рефлекси, на македонски јазик, со гратис картички и по промотивна цена за Македонија!
📖 Што содржи прирачникот?
Работниот прирачник е осмислен да овозможи планирање и следење на целиот процес на работа со детето – од првичната проценка, преку долгорочно и дневно планирање, до следење на напредокот во интеграцијата на рефлексите.
Лесен е за пополнување и директно поврзан со терапевтските картички, што овозможува подобра организација, прегледност и континуитет во работата.
✨ Моментално материјалите се подготвени за:
• Babinski рефлекс
• Moro рефлекс
• Spinal Galant рефлекс
👩🏫 Креирано од Александра Буковица, специјален едукатор за интеграција на примитивни рефлекси и експерт во ова поле.
🎴 Картичките се достапни за нарачка и засебно!
Сите заинтересирани кои сакаат да направат pre-order, слободно пишете ни во inbox. 💌