17/09/2026
💻 ДЕТСКА IT АКАДЕМИЈА Виртуал-М Образовен Центар Виртуал-М Образовна Академија
Од првото кликнување до знаење што може да стане професија.
Денешните деца растат со технологија. Но, да се користи технологија не значи и да се знае како правилно да се користи.
Токму тука започнува разликата.
Детето може да знае да отвори апликација, да игра игра или да гледа видео. Но вистинската дигитална писменост значи да знае како функционира технологијата, како да создава со неа, како безбедно да ја користи и како дигиталните алатки да ги претвори во знаење и вештина.
Затоа во Детската IT Академија едукацијата започнува постепено, според возраста, предзнаењето и способностите на детето.
🎓 ЗОШТО ДА ПОЧНЕ ОД 5 ГОДИНИ?
Затоа што највредното време за развој на основните навики за учење е токму детството.
Не е целта петгодишно дете да стане програмер.
Целта е да започне правилно.
Да учи да размислува.
Да истражува.
Да создава.
Да решава.
Да користи технологија со причина.
А кога ќе дојде времето за посложени знаења, основата веќе постои.
На најрана возраст фокусот не е на тоа детето само да „седи на компјутер“.
Преку соодветни активности се развиваат:
• дигитална писменост,
• логичко и алгоритамско размислување,
• концентрација и решавање проблеми,
• креативност и дигитално изразување,
• правилно користење на компјутер и дигитални уреди
• основи на безбедно, однесување во дигитална средина,
• самостојност при работа со дигитални алатки.
Потоа знаењето расте заедно со детето.
🌱 ОД ОСНОВИ ДО МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД
Едукацијата продолжува кон систематско совладување на информатичките вештини според меѓународниот ECDL/ICDL стандард.
Детето постепено учи да работи со компјутер, оперативен систем, датотеки и папки, интернет и дигитална комуникација, документи, табеларни пресметки и презентации.
Практикум, со стекнување вештина.
По завршување на соодветните програми, постои можност за стекнување освен стандарден и меѓународно признат ICDL E-kids сертификат, согласно условите на конкретната програма и сертификација.
💼 MICROSOFT 365 OFFICE, ГРАФИЧКИ И ВЕБ ДИЗАЈН, ПРОГРАМИРАЊЕ, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И РОБОТИКА...
✨️30 ГОДИНИ ЗНАЕЊЕ✨️