22/02/2015
Ликовен конкурс на тема „Карневал“ Конкурс за ликовни дела на тема „Карневал“ распишаа издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Ликовна Работилница, Education, N. Utca Centar za Kultura "Trajko Prokopiev", Kumanovo.
Ликовната работилница пружа цел спектар на ликовни и применети активности во различни техники:
- Цртање и сликање со молив, јаглен, дрвени боици, фломастери, туш, пастел, акварел, темпера, маслени бои на платно, репродукција, ѕидно сликарство;
- Маски, предмети од глинамол, колаж, оригами;
- Цртање и сликање во природа;
- Цртање на портрет и човечка фигура, по модел;
22/02/2015
Ликовен конкурс на тема „Карневал“ Конкурс за ликовни дела на тема „Карневал“ распишаа издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.
12/01/2015
Ликовен конкурс на тема „Книга и чај“ Делата ќе бидат изложени на претстојниот фестивал кој ќе започне на 4 февруари и ќе трае до 8 март во Културниот центар Феникс во Скопје.
СНЕЖЕН ГРАД И КАРВАН - МАВРОВО 2013
„Снежен Град“ е најмасовната детска манифестација од државен карактер која се одржува во втората половина на месец Фебруари. Прв пат е одржана во 1969 година. Маниферстацијата е од сложен карактер креативно – рекреативен и едукативен. Основно е правење снежни објекти и фигури. Во минатото се одржувала на повеќе планински терени низ Македонија, а во последните дваесетина години се одржува во Бунец – Маврово. Снежниот град досега го граделе повеќе од 5000 градители, а го посетиле повеќе од 500 000 песетители.
Организатор: Детски културен центар “КАРПОШ” Скопје
Тип: Традиционална детска меѓународна манифестација од отворен тип
Карактер: Креативно-рекреативен
Вид: Сложена од повеќе активности и области
Мото: ОСМО СНЕЖНО СВЕТСКО ЧУДО
Цел: Поттикнување на детската креативност, чувство на одговорност и колективизам како и рекреација
Учесници:
1. Градители: деца, наставници, организатори
2. Посетители: деца, наставници, возрасни (организирани групи - училишта и поединци)
Време:
Од 11.02 до 16.02 - Прв дел СНЕЖЕН ГРАД (градба)
Од 16.02 до 21.02. - Втор дел СНЕЖЕН КАРВАН (посета на градот)
Екипи: 13 до 15 организирани екипи или 150 до 250 вкупно
Децата од Македонија со нетрпение очекуваат да го видат снежното чудо наречено СНЕЖЕН ГРАД, манифестација која досега, барем по бројот на оние што учествувале и за оние што е наменета, можеме слободно да речеме, најмасовна во Македонија. За тоа зборуваат бројките на хрониката, а тоа се: преку 3.000 градители или непосредни учесници; повеќе од 200.000 посетители, само во еден ден (16.02.1980) 11.000 рекордни посетители. Со такви импозантни бројки ретко која манифестација во Македонија може да се пофали. Традицијата се повторува и со тоа што некогашните градители, сега ги носат своите деца да го видат СНЕЖНИОТ ГРАД..
Децата го сакаат снегот и од него прават чуда. Прават ОСМО СНЕЖНО СВЕТСКО ЧУДО од снегот што сонцето го топи, но срцето го чува.
СНЕЖЕН ГРАД И КАРВАН - МАВРОВО 2013 Joomla! - the dynamic portal engine and content management system
Ликовната работилница пружа цел спектар на ликовни и применети активности:
- Цртање и сликање со молив, јаглен, дрвени боици, фломастери, туш, пастел, акварел, темпера, маслени бои на платно, репродукција, ѕидно сликарство;
- Маски, предмети од глинамол, колаж, 3-д честитки, оригами;
- Цртање и сликање во природа;
- Цртање на портрет и човечка фигура, по модел;
Со совладување на техниките, креативниот потенцијал кај самата индивидуа се развива и унапредува, во зависност од тоа каков медиум преферира да користи.
Особено кај малите деца се развива чувство за естетика, мотивација, тие учат како да ги изразуваат своите чувства, како да ја покажат својата фантазија и креативност. Со колективна работа децата се навикнуваат на меѓусебните разлики, а со тоа кај нив се гради единствен и автентичен начин на изразување.
Преку создавање на уметничкото дело се формира чувство за умешност, нештата околу нас добиваат поинакво значење..
Просторот станува предмет на постојано истражување.
| Tuesday | 19:00 - 20:30 |
| Thursday | 19:00 - 20:30 |