Аикидо Клуб "АГАТСУ" Куманово

Аикидо Клуб "АГАТСУ" Куманово Клуб за изучување на традиционална јапонска боречка вештина Аикидо!

Во нашиот клуб се работи и изучува аикидо според правилата и стандардите на Аикикаи Фондацијата од Токио, Јапонија и се предава изворно аикидо создадено од основачот Морихеи Уешиба.

Аикидо е боречка вештина која потекнува и своите корени ги носи од самурајските боречки вештини на Јапонија. Содржи елементи на јапонска култура и традиција како и основни принципи на будо. Создадено е од Морихеи Уешиба во првата половина од 20-от век.

Денеска претставува современ метод за физички и ментален развој, стекнување и подобрување на физичка кондиција, рекреација и ефикасен вид на самоодбрана.

Основната идеја на аикидо е користејќи самооодбрана да не го повредиме својот напаѓач. Целта е да се порази својата агресија, а не агресорот. Тоа вклучува пред се запознавање на сопствените агресивни инстинкти и нивна контрола.

Аикидото не учи да се вклопиме со движењето на напаѓачот и ја пренасочиме неговата сила и енергија во наша корист. Со мал физички напор и со директни и кружни движења, техниките се завршуваат во разни форми на фрлања и полуги на напаѓачот со што се воспоставува контрола на нападот.

Програмот и методот на вежбање на аикидо нема карактеристика на спортска дисциплина и не постои натпреварување, така да содржината е пристапна за сите возрасти и за двата пола, кои сакаат да одржат здрава психофизичка рамнотежа.

12/10/2025
Аикидо Клуб Агатсу ги известува своите членови и љубители на боречката вештина аикидо, дека од 1-ви септември тренинзите...
31/08/2025

Аикидо Клуб Агатсу ги известува своите членови и љубители на боречката вештина аикидо, дека од 1-ви септември тренинзите ќе започнат да се одвиваат во редовни термини и групи.

Група за возрасни:
понеделник, среда и петок од 19.30 до 20.30 часот

Група за деца:
вторник, четврток и сабота од 19.30 до 20.30 часот

Се гледаме на татами!

Драги членови и љубители на вештината аикидо.Аикидо Клуб Агатсу ја започнува новата сезона од 04.08.2025 (понеделник). Т...
30/07/2025

Драги членови и љубители на вештината аикидо.
Аикидо Клуб Агатсу ја започнува новата сезона од 04.08.2025 (понеделник).

Термини за месец август ќе бидат:
Група за деца и возрасни:
Понеделник, Среда и Петок од 19.30 до 20.30 часот

Повелете

29/05/2025

Аикидо клуб Агатсу одбележува 20 години постоење. По тој повод викендов ќе бидат одржани семинар и манифестација во спортската сала на средното училиште „Перо Нако...

Драги членови и љубители на вештината аикидо.Аикидо Клуб Агатсу ја започнува новата сезона од 10.09.2024 (вторник). Терм...
09/09/2024

Драги членови и љубители на вештината аикидо.
Аикидо Клуб Агатсу ја започнува новата сезона од 10.09.2024 (вторник). Термините за тренинг остануваат исти.

Група за деца:
Вторник, Четврток и Сабота од 19.30 до 20.30 часот

Група за возрасни:
Понеделник, Среда и Петок од 19.30 до 20.30 часот

Повелете

02/07/2024

Известување!

Аикидо Клуб Агатсу за време на летниот период (јули и август), ќе работи во една група секој понеделник, среда и петок од 19.30 до 20.30 часот во еден термин и за двете групи (возрасни и деца).

Address

Пиринска
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 18:00 - 21:00
Tuesday 18:00 - 21:00
Wednesday 18:00 - 21:00
Thursday 18:00 - 21:00
Friday 18:00 - 21:00
Saturday 18:00 - 21:00

Telephone

+38970818889

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Аикидо Клуб "АГАТСУ" Куманово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Аикидо Клуб "АГАТСУ" Куманово:

Shortcuts

Share