ООУ ,,Вера Которка"с.Клечовце

ООУ ,,Вера Которка"с.Клечовце Основно училиште ,,Вера Которка,, с.Клечовце Општина Куманово

По повод 22 Април – Денот на планетата Земја 🌍, учениците од одделенска настава реализираа низа едукативни и креативни а...
23/04/2026

По повод 22 Април – Денот на планетата Земја 🌍, учениците од одделенска настава реализираа низа едукативни и креативни активности посветени на заштитата на животната средина.

Преку разговор, работилница, изработка на хамер и еко-пораки, учениците ја истакнаа важноста од грижата за природата, чистата околина и одговорното однесување кон ресурсите што ни ги нуди нашата планета.

✅️Со многу ентузијазам и љубов, тие испратија силна порака:
„Земјата не е наследство од нашите предци, туку заем од нашите деца – да ја чуваме заедно!“🌎 🌱🌿🌳🍀🌿🪴🌲💧🌎

👉Да продолжиме да ја негуваме еко-свеста и да бидеме пример за здрава и чиста животна средина!

#ДенНаПланетатаЗемја #ЕкоСвесност #ЧистаОколина

17/04/2026

Малите чувари на водата💧💧💧

📢Нашите ученици, денеска, на малиот и големиот градски плоштад во Куманово преку живи пораки и интервјуа со случајни мин...
17/04/2026

📢Нашите ученици, денеска, на малиот и големиот градски плоштад во Куманово преку живи пораки и интервјуа со случајни минувачи, испратија порака до граѓаните за рационално користење на водата и нејзина заштеда, како и против загадување на истата.
💧🌎💙💧🌿☘️🌳💧🌎💙💧
✅️Активноста се реализираше како дел од иницијативата “Малите чувари на водата”, во рамките на проектот „Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, на Здружение на социјални работници на Македонија и Центар за социјални иницијативи “Надеж”- Скопје, финансиски поддржан од страна на “Цивика Мобилитас”. Во рамките на проектот, Општина Куманово во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа - Куманово ја пилотираат мерката „Зелена социјална работа“.

👉Денешната едукативна кампања има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за водата како ограничен и значаен природен ресурс, поттикнувајќи одговорно користење и заштита на водата, како основа за здравјето и животот.

❤️Претставници на Општина Куманово и Центарот за социјални работи на сите ученици учесници во едукативната кампања Малите чувари на водата им доделија Благодарница за учество.👏👏👏

💛Бои, насмевки и многу креативност во нашето училиште. 🎨Учениците со голема љубов шараа велигденски јајца и создадоа пре...
09/04/2026

💛Бои, насмевки и многу креативност во нашето училиште. 🎨
Учениците со голема љубов шараа велигденски јајца и создадоа прекрасни цртежи инспирирани од празничниот дух.
🌷🐣🥚🌸🐥🐰🥚💛🌷
Секоја боја носи радост, а секое дело – дел од нивната детска магија.✨

Ви посакуваме топли празнични мигови и среќен Велигден! 🌸

🐣🥚🐥🌷Во духот на претстојниот празник Велигден, во Националната Установа Музеј Куманово се одржа Велигденска работилница ...
09/04/2026

🐣🥚🐥🌷Во духот на претстојниот празник Велигден, во Националната Установа Музеј Куманово се одржа Велигденска работилница под раководство на музејскиот водич Даниела Данаиловска, во која учество земаа нашите ученици од IV и V одд. заедно со својата учителка Марија Димитровска.

🐰🌸🥚Учениците имаа можност да се запознаат со велигденските традиции и да ја изразат својата креативност преку изработка на велигденски јајца и други тематски изработки во топла и инспиративна атмосфера.

👉Сите учесници се здобија со Благодарница за учество.👏👏👏

07/04/2026
📢Со успешно реализирана подготвителна активност, го најавуваме почетокот на еко-социјалната иницијатива💧💧💧 „Малите чувар...
07/04/2026

📢Со успешно реализирана подготвителна активност, го најавуваме почетокот на еко-социјалната иницијатива
💧💧💧 „Малите чувари на водата“.💧💧💧
🌎🌳 Иницијативата се реализира во рамки на проектот „333 – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а спроведуван како дел од партнерски проект на Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје како носител, и Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје како партнерски организации.
👉Со овие организации нашето училиште потпиша меморандум за соработка и ќе биде носител на планираните еко активности.

👉Преку оваа активност направивме важен чекор кон подигање на свеста кај најмладите за заштитата на водата и животната средина.
🌱💧🌿🌳🍃💧☘️🌲🪴🌴💧🌿🌱

👉Ве покануваме да ни се придружите на главниот настан на 17 април на плоштадот во Куманово, каде заедно ќе ја заокружиме иницијативата со едукативни и забавни активности!

✅️Да бидеме гласот на природата – заедно! #МалитеЧувариНаВодата #ЗаштитаНаВодата #ЕкоСвест #Куманово #МладиЗаПриродата

Априлилилили🎭🎉🤠🥸🥳🎨
01/04/2026

Априлилилили🎭🎉🤠🥸🥳🎨

01/04/2026

🥳🥸🤠🎉🎭🎨🥳🥸🤠🎉🎭

🎭✨ МАСКЕНБАЛ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ! 🎭Учениците блеснаа со својата креативност и оригиналност, претставувајќи најразлични ин...
01/04/2026

🎭✨ МАСКЕНБАЛ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ! 🎭

Учениците блеснаа со својата креативност и оригиналност, претставувајќи најразлични интересни и уникатни маски по повод Денот на шегста - 1 Април. 🎨🦸‍♂️👑

🎉 Настанот беше исполнет со:

Многу смеа и позитивна енергија 😄
Одлична музика и забава💃🕺
Натпревар за најдобра маска 🏆
Изненадување за сите ученици🎉🥳

Им честитаме на сите учесници за вложениот труд и фантазија, а особено на наградените ученици! 👏
👉I место Анастасија Бошковска🥇
👉II место Теа Александровска🥈
👉III место Лана Максимовска🥉
Голема благодарност до сите кои помогнаа во организацијата и придонесоа овој настан да биде незаборавен, посебна благодарност до нашите маскоти La Bubu i Paw Patrol . ❤️

Со нетрпение очекуваме нови вакви убави дружби! 🎈

Address

с. Клечовце бб
Kumanovo
1304

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ ,,Вера Которка"с.Клечовце posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share