Ученички Дом ,,Боро Менков'' - Крива Паланка

Ученички Дом ,,Боро Менков'' - Крива Паланка Zakoni na Univerzumot

17/08/2024

🚀 ПОДАРУВАМЕ ТРИ УЧИЛИШНИ КОМПЛЕТИ! 🚀

🥳 Тагирајте личност на која ќе ѝ биде корисен училишен комплет како на сликата!
🥳 Споделете на својот профил или страница;

⏰ ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА: 24.08.2024 во 17 часот, на нашата Фејсбук страница!

Среќнооо! 🍀🍀

31/10/2017
Драги ученици и родители, во пресрет на почетокот на новата учебна 2017/2018 година ве информираме да побрзате со достав...
19/08/2017

Драги ученици и родители, во пресрет на почетокот на новата учебна 2017/2018 година ве информираме да побрзате со достава на документи за упис.
Сместувањето во домот ќе биде од 03.09.2017, недела, по 14.00 часот и секако 04.09.2017 понеделник кога официјално започнува учебната година. Со среќа во учењето, дружењето и животот!

11/09/2016

Кога човек чита книга за родителство, или некој текст како најдобро да постапи или ако слушнете некој како зборува за тоа како најновите научни истражувања на некој многу важен универзитет покажал…

01/04/2016

Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2016/2017 година
Врз основа на член 27 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” број 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15 и 30/16), Правилникот за начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови („Службен весник на Република Македонија“ број 55/10, 49/11, 50/15 и 59/16) и Правилникот за начинот на остварување на правото за сместување во ученички дом за учениците во спортска академија бр.20-6066/1 од 22.03.2016 година, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА распишува
К О Н К У Р С
за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2016/2017 година

Во учебната 2016/2017 година во јавните ученички домови ќе се примаат за сместување и исхрана ученици од средното образование и тоа:
Реден број УЧЕНИЧКИ ДОМ ГРАД/ОПШТИНА Број на легла
за учебната 2016/2017 година
Вкупно за I година за II година за III година за IV година
1 "Мирка Гинова" Битола 273 76 62 75 60
2 “Лазар Лазаревски” Велес 221 41 72 62 46
3 “Бранко Станоевиќ” Гостивар 200 77 41 42 40
4 “Крсте П. Мисирков” Кавадарци 100 40 30 15 15
5 “Проф. Мијалковиќ” Куманово 120 30 30 30 30
6 “Митко Пенџуклиски” Кратово 45 15 10 10 10
7 "Боро Менков" КриваПаланка 84 30 20 19 15
8 “Св.НаумОхридски” МакедонскиБрод 70 20 20 16 14
9 “Ванчо Питошески” Охрид 125 36 47 22 20
10 “Кочо Рацин” Свети Николе 106 46 20 20 20
11 “Димитар Влахов” Струмица 86 18 24 24 20
12 “Браќа Миладиновци” Струга 140 50 30 30 30
13 “Здравко Цветковски” Скопје 396 90 76 108 122
14 “Д-р ПанчеКараѓозов” Скопје 103 22 34 29 18
15 "Св. Наум Охридски" Скопје 75 30 25 20 0
16 “ДимитарВлахов”ЗРО Скопје 90 25 25 20 20
17 “ПартениеЗографски” Скопје 220 74 41 60 45
18 “Искра” Штип 96 40 32 24 0

• Приоритет при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на Република Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ
Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици кои ги исполнуваат следните услови:
1. Да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2016/2017 година;
2. Да се државјани на Република Македонија;
3. Да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење;
4. Училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз;
5. Училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.
I. 1.
Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици запишани во Спортската академија во Скопје, кои ги исполнуваат следните услови:
1. Да се запишани како редовни ученици во Спортската академија во Скопје во учебната 2016/2017 година;
2. Да се државјани на Република Македонија;
3. Да се со место на живеење различно од местото во кое е Спортската академија и ако во местото во кое ученикот живее не се реализира наставен план за спорт за кои ученикот е запишан.

I. 2.
Ученикот може да конкурира за сместување во ученички дом надвор од местото на живеење на ученикот и за ученик за кој во неговото место на живеење се реализира наставен план за спорт за кој ученикот е запишан, и тоа ако:
- има потреба од тренинзи на ученикот по избраниот спорт, за што доставува потврда од спортската академија во која е запишан,
- ученикот е член на национална спортска репрезентација по избраниот спорт, за што доставува потврда од националната спортска репрезентација во која е член, и/или
- родителот, односно старателот во текот на школувањето на ученикот, го сменил местото на живеење, односно местото на престојување, за што доставува соодветен доказ од надлежен орган на управата.


II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците, кои конкурираат во првиот уписен рок, комплетната документација ја доставуваат од 29.06.2016 година до 08.07.2016 година во домот каде што бараат сместување.
Учениците, кои конкурираат во вториот уписен рок, комплетната документација ја доставуваат од 22.08.2016 година до 30.08.2016 година во домот каде што има слободни места после првиот уписен рок.
Учениците кои од претходната учебна година престојувале во ученички дом, комплетната документација треба да ја достават најдоцна до 06.07.2016 година до соодветниот дом.
Учениците, кои од претходната учебна година престојувале во домот, а се упатени на поправен испит, комплетната документација треба да ја достават најдоцна до 31.08.2016 година до соодветниот дом.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
1. Пријава;
2. Потврда од училиштето за средно образование дека е редовен ученик;
3. Копии од свидетелства за завршено образование од претходните учебни години (учениците кои се запишуваат за прв пат во задолжителното средно образование доставуваат копии од свидетелствата од VI, VII, VIII и IX одделение);
4. Изјава од родител-старател на ученикот за бројот на членови во семејството;
5. Потврди за сите остварени приходи на членовите во семејството (потврда за последно исплатена месечна нето плата, последен чек од пензија или решение за остварување на правото за користење на социјална помош), умреница за починат родител, доколку се невработени родителите да достават потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина; Потврда за брат/сестра (доколку е ученик/студент се доставува потврда од училиште/ факултет, доколку се вработени се доставува потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина, за предучилишна возраст се доставува копија од извод на родените);
6. Медицинска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на ученикот;
7. Изјава од родител-старател на ученикот дека во целост ќе ги подмири трошоците за евентуално направените штети од страна на ученикот и
8. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија.
Потребните документи-обрасци (за точките 1, 4 и 7) за учество на Конкурсот, кандидатите може да ги добијат во јавните ученички домови и на официјалната интернет страна www.mon.gov.mk, каде е објавен Конкурсот.
III.1
За редовните ученици запишани во спортска академија:
1. Пријава;
2. Потврда од Спортската академија дека е редовен ученик (за ученици од втора, трета и четврта година средно образование, а учениците кои се запишуваат за прв пат во спортска академија оваа потврда ќе ја достават по уписот во спортската академија);
3. Изјава од родител-старател на ученикот дека во целост ќе ги подмири трошоците за евентуално направените штети од страна на ученикот и
4. Доказ за државјанство на Република Македонија.
Потребните документи-обрасци (за точките 1 и 3) за учество на Конкурсот, кандидатите може да ги добијат во јавните ученички домови и на официјалната интернет страна www.mon.gov.mk, каде е објавен Конкурсот.
Учениците запишани во Спортската академија во Скопје кои конкурираат согласно точка I.2 од овој Конкурс дополнително доставуваат:
1. потврда од спортската академија дека ученикот има потреба од тренинзи на ученикот по избраниот спорт;
2. потврда од националната спортска репрезентација дека ученикот е член, и/или
3. доказ од соодветен орган дека родителот, односно старателот во текот на школувањето на ученикот, го сменил местото на живеење, односно местото на престојување.

IV. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ
Начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за ученичкиот стандард и Правилникот за начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови.
Комисијата од член 10 став 2 на горенаведените правилници е должна да:
- утврди дали наставните планови и програми на кои се запишал ученикот-кандидат се изучуваат во општината од каде што доаѓа ученикот-кандидат (со исклучок на учениците со посебни образовни потреби);
- за учениците запишани во спортска академија да изврши проверка дали во местото во кое живее ученикот не се реализира наставен план за спорт за кој ученикот е запишан;
- изготви ранг-листа на пријавените кандидати со точно пресметани бодови (со исклучок на учениците со посебни образовни потреби), при што максималиот број на бодови да изнесува 100, од кои кандидатот може да оствари најмногу 40 бодови за остварениот успех од претходните учебни години (за ученици од I година се зема остварениот успех од VI, VII, VIII и IX одделение), до 25 бодови за оддалеченоста од местото на живеење до местото на школување, до 10 бодови за примерно поведение на кандидатот од претходните учебни години, до 25 бодови за вкупно остварените приходи од потесното семејство на кандидатот (последна исплатена месечна плата, пензија или социјална помош на родителите-старатели на кандидатот и слично, во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика); Оваа ранг листа со целокупната доставена документација од сите кандидати да ја достави до Министерството ;
- изготви и достави до Министерството конечен список на примени ученици, на кои се добива одобрение-согласност од Министерството за образование и наука;
- изготви решенија со образложение за одбиените кандидати и истите да ги достави до кандидатите.
Резултатите од Конкурсот по првиот уписен рок ќе се објават на огласната табла на домот најдоцна до 22.07.2016 година.
Резултатите од Конкурсот по вториот уписен рок ќе се објават на огласната табла на домот најдоцна до 31.08.2016 година.
На домот може да му се издаде одобрение-согласност од Министерството за образование и наука за конечен список на примени ученици најмногу до три пати.
Учениците, кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом, сами ќе ги подмируваат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење.
Доколку предвидените места од II година, III година или IV година не се пополнат со ученици од соодветната година, истите може да се пополнат со ученици од I година доколку ги исполнуваат условите од овој конкурс, и обратно доколку предвидените места од I година не се пополнат со ученици, истите може да се пополнат со ученици од II година, III година или IV година доколку ги исполнуваат условите од овој конкурс.
Доколку слободните капацитети во јавните ученички домови не се пополнат и заради економска оправданост, конкурсот останува отворен за пополнување на слободните места со студенти во согласност со Правилник за начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови („Службен весник на Република Македонија“ број 89/13 и 98/13).
Вселувањето на примените ученици започнува од 31 август 2016 година.


Потребни документи:

Пријава;

Изјава за бројот на членови во семејството

Изјава за подмирување на трошоците

Министерство за образование и наука. Ministry of Education and Science. Ministria e arsimit dhe shkencës

Денот на шегата, 1 Април...Незаборавни спомени, креативни маски и многу дружење
01/04/2016

Денот на шегата, 1 Април...Незаборавни спомени, креативни маски и многу дружење

Ние, учениците од ученичкиот дом се забавувавме со заедничко истражување на Интернет, потоа се групиравме и тимски израб...
08/03/2016

Ние, учениците од ученичкиот дом се забавувавме со заедничко истражување на Интернет, потоа се групиравме и тимски изработивме украси и честитки со кои го честитаме 8 Март на нашите мајки, роднини, учителки, воспитувачи. СРЕЌЕН 8 МАРТ!

Address

Kriva Palanka
1330

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ученички Дом ,,Боро Менков'' - Крива Паланка posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Ученички Дом ,,Боро Менков'' - Крива Паланка:

Shortcuts

Share

Category