СОУ Ѓорче Петров - Крива Паланка

СОУ Ѓорче Петров - Крива Паланка Официјална facebook страна на СОУ Ѓорче Петров-Крива Паланка

НАШИТЕ НАЈУСПЕШНИ – НАША ГОРДОСТ И НАШАТА НАЈУБАВА ПРОМОЦИЈА!✨️Денес, со особена чест и гордост, ги пречекавме  нашите н...
16/09/2026

НАШИТЕ НАЈУСПЕШНИ – НАША ГОРДОСТ И НАШАТА НАЈУБАВА ПРОМОЦИЈА!

✨️Денес, со особена чест и гордост, ги пречекавме нашите најуспешни ученици на години за учебна 2025/2026 година.
За прва година, за ученик на година е прогласена Ева Стојановска, I-8 паралелка, сектор Економијa, право и трговија, за втора година, за ученик на година е прогласена Стефани Симонова, II-3 паралелка, природно-математичко подрачје и за трета година за ученик на година е прогласена Сара Стојановска, III-2 паралелка, природно-математичко подрачје.

🍀Нивниот успех е резултат на знаење, посветеност, истрајност и верба во сопствените можности. Тие се пример за своите врсници и најубав доказ за квалитетот и вредностите што ги негуваме во СОУ „Ѓорче Петров“- Крива Паланка.

Кога учениците постигнуваат успех, успева и училиштето.
А кога тие се горди на своето училиште – тоа е нашата најголема награда🎉

Горди сме на вас и ви посакуваме уште поголеми успеси на патот што е пред вас!

ПО УСПЕХОТ СЕ ПРЕПОЗНАВААТ ГЕНЕРАЦИИТЕ!Драги матуранти, генерација 2022–2026,Четири години учење, предизвици, дружења, у...
16/09/2026

ПО УСПЕХОТ СЕ ПРЕПОЗНАВААТ ГЕНЕРАЦИИТЕ!

Драги матуранти, генерација 2022–2026,

Четири години учење, предизвици, дружења, успеси и незаборавни спомени денес стануваат дел од вашата животна приказна.

🏆Со посебна чест го издвојуваме Димитар Стојановски, ученик во IV-1 паралелка, природно-математичко подрачје, кој со својот труд, знаење, истрајност и изворедни постигнување е прогласен за - Ученик на генерацијата 2022-2026.

✨️Со гордост ги истакнуваме и пофалените ученици Вања Костовска, Никола Митовски, Ангела Илиевска, Ана Велковска, Сандра Колевска, Мартина Ѓорѓиевска, Леа Симонова и Дениција Цветановска.

И секој од вас, драги матуранти остави свој белег во нашето училиште. Понесете ги со себе знаењето, пријателствата и спомените што ги создадовте.

Сонувајте храбро, чекорете истрајно и верувајте во себе.

Горди сме на вас и веруваме во вас!
Секогаш ќе бидете дел од нашето СОУ „Ѓорче Петров“.
Со среќа, генерацијо 2022–2026!

31/08/2026
22/06/2026

📢 ВТОРО ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УПИС

Почитувани ученици и родители,
Ве информираме дека второто електронско пријавување за упис ќе се одвива:

📅 23 јуни
⏰ од 00:00 до 23:59 часот
📄 Потребните документи за запишување се доставуваат во училиштето:
📅 23 јуни и 24 јуни
⏰ од 08:00 до 15:00 часот
📋 Ранг листата на запишани ученици ќе биде објавена:
📅 25 јуни (најдоцна до 12:00 часот)

Потребни документи:
✅ Пријава за запишување (електронската пријава од системот за е-услуги)
✅ Оригинални свидетелства од VI до IX одделение
✅ Извод од матична книга на родените
✅ Дипломи од освоени места на државни натпревари (доколку има)

Ве очекуваме🍀

11/06/2026

✨ Имаш големи соништа?
Почни со школување тука 🤗

Гимназиското образование ти отвора врати кон нови знаења, предизвици и бескрајни можности. 📚🚀

👉Истражувај👉 Учи.👉 Напредувај 🧑‍🎓
Создади ја својата успешна приказната во СОУ Ѓорче Петров 🎓✨

#ИзбериГимназија #ТвојПатДоУспехот

🏛️📚 Уште еден успех за нашето училиште! ✨На Државниот натпревар по латински јазик кој се одржа на 16.05.2026г. во Скопје...
09/06/2026

🏛️📚 Уште еден успех за нашето училиште! ✨

На Државниот натпревар по латински јазик кој се одржа на 16.05.2026г. во Скопје:

🥉 Исидора Стоевска освои трета награда, а
📜 Михаела Ивановска доби пофалница за успешно учество.
🧑‍🏫 Ментор: проф. Силвана Величковска.

Честитки за одличниот успех и достојното претставување на нашето училиште! 👏🎉

#ГордиНаНашитеУченици
#Успех
#ЛатинскиЈазик

05/06/2026

📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАТУРАНТИТЕ

Почитувани матуранти,

Ве известуваме дека на 06.06.2026 година (сабота) ќе се одржи тестирањето по Англиски јазик и Математика за Државната матура.

Потребно е да бидете пред локацијата за тестирање најдоцна до 07:45 часот и со себе да носите валиден документ за идентификација.

Списоците со распоредот на учениците се објавени на влезот од училиштето и на влезот од спортската сала. Ве молиме внимателно да ги проверите и да ги почитувате сите правила и упатства поврзани со полагањето.

На денот на испитот учениците:

❌ НЕ СМЕАТ да внесуваат мобилни телефони, паметни часовници и други електронски уреди во просториите за полагање.

✅ Во испитната просторија треба да влезат само со:

- документ за идентификација (лична карта, пасош, ученичка легитимација или возачка дозвола);
- пенкала што пишуваат со сино мастило;
- прибор за испитот по Математика (доколку е потребен).

✅ Треба да бидат пристојно облечени.

✅ Задолжително треба да бидат пред означениот влез според претходно објавениот распоред најдоцна до 07:45 часот.

✅ По влегувањето во испитниот простор треба да ги следат насоките на лицето назначено од УМК до нивното место за полагање.

✅ Да проверат дали нивните лични податоци се означени на клупата на која седат.

🕘 Во 09:00 часот, по првото ѕвонење и добивањето на тестовите, треба да го прочитаат упатството на насловната страница. Тестот не смее да се отвора пред второто ѕвонење.

🕘 Во 09:15 часот, по второто ѕвонење, треба да ја проверат исправноста на тестот и, доколку нема технички недостатоци, да започнат со решавање. Во случај на забележан недостаток, со кревање рака треба веднаш да го информираат тестаторот.

💧 Сите ученици можат да носат вода во мали шишиња.

Ви посакуваме успешно тестирање, многу концентрација и одлични резултати!

🧪⚗️ ГОРДИ СМЕ НА НАШИТЕ МЛАДИ ХЕМИЧАРИ! ⚗️🧪На Државниот натпревар по хемија, одржан на 14.05.2026 година, нашите ученици...
04/06/2026

🧪⚗️ ГОРДИ СМЕ НА НАШИТЕ МЛАДИ ХЕМИЧАРИ! ⚗️🧪

На Државниот натпревар по хемија, одржан на 14.05.2026 година, нашите ученици постигнаа извонредни резултати и уште еднаш покажаа дека знаењето, трудот и посветеноста носат врвни успеси. 🔬🧫

🏆 Освоени награди:

🥇 Димитар Стојановски – I место (IV година)

🥈 Дејвид Пешовски – II награда (II година)

📜 Сертификати за учество добија:

🔹 I година: Марија Ивановска, Матеја Стефановска
🔹 II година: Ива Јовановска, Мила Стојановска, Ева Величковска, Стефани Симонова и Миа Марија Велковска
🔹 III година: Меланија Тасковска, Катерина Алексовска, Сара Стојановска, Петар Цветковски, Михаела Георгиевска и Невена Стефановска

Овој успех е резултат на нивната истрајност, љубопитност, посветена работа и љубов кон науката. ⚛️📚

Им честитаме на сите ученици и нивните ментори за постигнатите резултати и им посакуваме уште многу успеси на идните натпревари!

💙 Нашите ученици се доказ дека знаењето е најсилната формула за успех! 🏆🧪

Address

8 October
Kriva Palanka
1330

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СОУ Ѓорче Петров - Крива Паланка posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category