ООУ „Кочо Рацин“ - Кратово

ООУ „Кочо Рацин“ - Кратово Општинско основно училиште „Кочо Рацин“ - Кратово, Р. Македонија

На натпреварот организиран од фондацијата  "Браќа Миладиновци-Миладиновско слово" учествуваше и нашата колешка која ја о...
18/09/2026

На натпреварот организиран од фондацијата "Браќа Миладиновци-
Миладиновско слово" учествуваше и нашата колешка која ја освои првата награда за најдобар есеј на годината. Се надеваме дека овој успех ќе придонесе во работата со учениците кон пишувањето и чувањето на македонскиот јазик, книжевност и култура.

🤖 ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ТИМОТ ЗА РОБОТИКА И ИНОВАЦИИ – LEGO DIMENSIONSООУ „Кочо Рацин“ – Кратово ги повикува сите заинтересиран...
13/09/2026

🤖 ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ТИМОТ ЗА РОБОТИКА И ИНОВАЦИИ – LEGO DIMENSIONS
ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово ги повикува сите заинтересирани ученици од V до IX одделение да се пријават за учество во тимот за роботика и иновации „LEGO Dimensions“.
Учениците ќе имаат можност да учат и работат во областа на роботиката, програмирањето, STEM, технологијата и иновациите, да развиваат сопствени идеи и да работат тимски на интересни предизвици и проекти.
📌 Пријавувањето ќе се врши кај класните раководители во текот на следната недела.
Доколку има поголем број заинтересирани ученици, ќе биде спроведена селекција за избор на членовите на тимот.
Ги охрабруваме сите ученици кои сакаат да создаваат, програмираат, истражуваат и експериментираат да се пријават!
Стани дел од LEGO Dimensions – создавај, програмирај, иновирај! 🤖⚙️🚀

🤖 ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ТИМОТ ЗА РОБОТИКА И ИНОВАЦИИ – LEGO DIMENSIONS

ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово ги повикува сите заинтересирани ученици од V до IX одделение да се пријават за учество во тимот за роботика и иновации „LEGO Dimensions“.

Учениците ќе имаат можност да учат и работат во областа на роботиката, програмирањето, STEM, технологијата и иновациите, да развиваат сопствени идеи и да работат тимски на интересни предизвици и проекти.

📌 Пријавувањето ќе се врши кај класните раководители во текот на следната недела.

Доколку има поголем број заинтересирани ученици, ќе биде спроведена селекција за избор на членовите на тимот.

Ги охрабруваме сите ученици кои сакаат да создаваат, програмираат, истражуваат и експериментираат да се пријават!

Стани дел од LEGO Dimensions – создавај, програмирај, иновирај! 🤖⚙️🚀

За учениците денес започна новата учебна 2026/2027 година.https://oouracinkratovo.edu.mk/2026/09/01/12400/Традиционално,...
01/09/2026

За учениците денес започна новата учебна 2026/2027 година.
https://oouracinkratovo.edu.mk/2026/09/01/12400/
Традиционално, првиот училишен ден во ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово помина во позитивна и радосна атмосфера, со пригодна свеченост подготвена од вработените во нашето училиште. На сите ученици, а особено на нашите првачиња, им посакуваме топло добредојде, успешен почеток и многу убави моменти исполнети со дружење, нови знаења и желба за учење.

Образованието е важен и понекогаш тежок, но истовремено интересен и вреден предизвик. Тоа ги отвора вратите кон знаењето, напредокот, личниот развој и успехот. Ученичките денови се едни од најубавите денови во животот, затоа ги охрабруваме учениците да го започнат образовниот процес со насмевка, љубопитност и желба за постигнување високи резултати. Веруваме дека со труд, посветеност и поддршка ќе се изградат во успешни личности кои во иднина ќе придонесуваат за развојот на нашиот град Кратово и на целото општество.

Честитки по повод почетокот на новата учебна година упати и градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски, кој од свое лично име и во име на Советот на Општина Кратово им посака на учениците успешна и плодна учебна година со доделување на ранчиња со училишен прибор.

Среќен почеток и успешна учебна година на сите ученици!

За учениците денес започна новата учебна 2026/2027 година. Традиционално, првиот училишен ден во ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово помина во позитивна и радосна атмосфера, с....

Почитувани ученици, родители и вработени,пред нас е новата учебна 2026/2027 година.На 1.9.2026 год., започнува уште една...
29/08/2026

Почитувани ученици, родители и вработени,
пред нас е новата учебна 2026/2027 година.
На 1.9.2026 год., започнува уште една година која ќе биде исполнета со нови знаења, предизвици, пријателства и можности за успех.
На нашите ученици им посакуваме со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, храбро да ги следат своите соништа и секојдневно да бидат подобра верзија од себе.
На родителите им благодариме за довербата и поддршката, а на наставниците и сите вработени им посакуваме успешна, исполнета и мотивирачка година.
Ви посакуваме и оваа година нашето училиште да биде место каде што се учи со срце, се расте со знаење и се создаваат спомени за цел живот.

Среќен и успешен почеток на учебната 2026/2027 година!

Со почит,
ООУ" Кочо Рацин"
Кратово

27/08/2026

Благодарност до British Council за донираната опрема во рамки на програмата „Училишта на 21 век“.

Донацијата вклучува 20 BBC micro:bit V2 уреди, Kitronik Discovery Kit, :MOVE Motor и дополнителна практична опрема која може да се користи за програмирање, роботика и развој на иновативни ученички проекти.

Нашето училиште со претставник на меѓународниот проект „Smart Learn – The Magic of Letters and Numbers“ Нашето училиште ...
17/07/2026

Нашето училиште со претставник на меѓународниот проект „Smart Learn – The Magic of Letters and Numbers“ Нашето училиште активно учествува во меѓународниот проект „Smart Learn – The Magic of Letters and Numbers“, кој се реализира во Истанбул, Турција, со учество на наставници и педагози од Македонија, Шпанија, Хрватска и Турција.

Претставник на нашето училиште е професорот Давид Крстевски, кој заедно со професори и педагози од Скопје работи на темата „Taking Responsibilities“, насочена кон развивање на социјална и онлајн одговорност кај учениците.

Во текот на проектот учесниците разменуваат искуства, добри практики и современи пристапи во образованието, со цел да се создадат квалитетни активности што ќе ја поттикнат одговорноста, безбедното користење на интернетот, меѓусебната почит и активното учество на учениците во училиштето и заедницата.

Стекнатите знаења и искуства ќе бидат применети и во нашето училиште преку работилници и едукативни активности, со што ќе се придонесе за унапредување на воспитно-образовниот процес и развивање на дигиталните и социјалните компетенции на учениците.

Нашето училиште со претставник на меѓународниот проект „Smart Learn – The Magic of Letters and Numbers“ Нашето училиште активно учествува во меѓународниот проект „Smart Learn – The Magic of L...

Гордост е кога наставникот остава трага не само во училницата, туку и во литературата.Со особена чест и искрена радост ѝ...
29/06/2026

Гордост е кога наставникот остава трага не само во училницата, туку и во литературата.

Со особена чест и искрена радост ѝ честитаме на нашата наставничка по македонски јазик, Радица Таскова, за успешната промоција на нејзината прва поетска книга „Лузни што зборуваат“. Книгата, која зборува за болката, надежта и силата на човековиот дух, доби високи оценки преку рецензиите на проф. д-р Венко Андоновски и проф. и лектор Марија Лозановска, што претставува големо признание за авторката и нејзиното творештво.

Особено сме горди што дел од оваа прекрасна книжевна вечер беа и нашите ученички Марија Христова и Ивона Георгиевска од VI-а одделение, кои со искрена емоција и достоинство читаа песни од книгата, збогатувајќи ја промоцијата со својата љубов кон пишаниот збор.

На нашата колешка ѝ посакуваме ова да биде само почеток на едно долго и успешно литературно патување. Нека нејзините стихови продолжат да допираат до срцата на читателите и да бидат инспирација за многу генерации.

Од срце честитки и уште многу успеси! 📚

Гордост е кога наставникот остава трага не само во училницата, туку и во литературата. Со особена чест и искрена радост ѝ честитаме на нашата наставничка по македон...

Успешно ја завршивме оваа учебна година во која се стекнаа нови знаења, искуства и успеси.Горди сме на постигнатите резу...
16/06/2026

Успешно ја завршивме оваа учебна година во која се стекнаа нови знаења, искуства и успеси.

Горди сме на постигнатите резултати од Државниот натпревар по природни науки, одржан на 7.6.2026 година на Природно математички факултет-Скопје,каде што нашите ученици покажаа одлични знаења,труд и посветеност. Честитки за сите ученици и ментори за постигнатиот успех !

IV одделение

Павел Трајчев – III награда
ментор Станка Спиридонова

Христијан Димовски – III награда
Милена Арсовска – пофалница
ментор Лидија Арсовска

V одделение

Војдан Манев- III награда
ментор Валентина Ефремовска

VI одделение

Марија Христова -III награда
Ивона Георгиева- пофалница
ментор Христина Николовска

Успешно ја завршивме оваа учебна година во која се стекнаа нови знаења, искуства и успеси. Горди сме на постигнатите резултати од Државниот натпревар по природни н....

Честитки за нашите полуматуранти – генерација 2017-2026!Денес, со гордост, радост и многу емоции, им честитаме на нашите...
10/06/2026

Честитки за нашите полуматуранти – генерација 2017-2026!

Денес, со гордост, радост и многу емоции, им честитаме на нашите деветтоодделенци за успешно завршеното основно образование. Вие денес не сте само ученици кои го завршуваат своето основно училишно патување – вие сте полуматуранти, генерација 2026, која зад себе остава убави спомени, искрени пријателства, насмевки и многу научени лекции.

Вашите училишни денови беа исполнети со предизвици, успеси, труд, смеа, понекогаш и солзи, но секој момент беше дел од приказната што ве обликуваше во младите личности какви што сте денес. Вие сте нашата гордост и доказ дека со упорност, знаење, поддршка од наставниците и љубов од родителите се гради цврста основа за светла иднина.

Денес не велиме „збогум“, туку „до видување“, затоа што секогаш ќе останете дел од нашето училишно семејство. Ви посакуваме многу успех, здравје, радост и инспирација на новиот образовен пат што ве очекува.

Веруваме во вас и знаеме дека секој од вас има сила, талент и храброст да го оствари својот сон.

Од срце –
честита полуматура, генерација 2017-2026!

Полуматуранти, Кратово

Address

Mihajlo Apostolski No. 11
Kratovo
1360

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:00
Tuesday 07:30 - 15:00
Wednesday 07:30 - 15:00
Thursday 07:30 - 15:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Кочо Рацин“ - Кратово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share