Митко Пенџуклиски - Кратово (средно училиште)

  • Home
  • Macedonia
  • Kratovo
  • Митко Пенџуклиски - Кратово (средно училиште)

Митко Пенџуклиски - Кратово (средно училиште) СОУ „Митко Пенџуклиски“ - Кратово - гимназиско образование
техничко образование

Драги матуранти!Со особена гордост и радост ви го честитаме завршувањето на вашето средно образование! Ви благодариме шт...
14/08/2026

Драги матуранти!
Со особена гордост и радост ви го честитаме завршувањето на вашето средно образование! Ви благодариме што бевте дел од семејството на СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово и што со своето присуство, труд и младешка енергија оставивте трага во нашето училиште. Денес затворате едно важно поглавје од вашиот живот, но пред вас се отвораат нови можности, предизвици и патишта кон вашите соништа. Ви посакуваме многу успех во понатамошното образование, во професионалниот живот и, пред сè, среќа и исполнетост во личниот живот. Секогаш верувајте во себе, следете ги своите соништа и не заборавајте на училиштето кое беше дел од вашето растење и созревање. Со гордост ве испраќаме во иднината – бидете успешни, храбри и добри луѓе!

Со среќа, драги матуранти!

22/06/2026

📢 ВТОРО ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УПИС

Почитувани ученици и родители,
Ве информираме дека второто електронско пријавување за упис ќе се одвива на :

23 јуни
⏰ од 00:00 до 23:59 часот
📄 Потребните документи за запишување се доставуваат во училиштето:
23 јуни и 24 јуни
⏰ од 08:00 до 15:00 часот
Ранг листата на запишани ученици ќе биде објавена:
25 јуни (најдоцна до 12:00 часот)

Потребни документи:
✅ Пријава за запишување (електронската пријава од системот за е-услуги)
✅ Оригинални свидетелства од VI до IX одделение
✅ Извод од матична книга на родените
✅ Дипломи од освоени места на државни натпревари (доколку има)

11/06/2026

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЈУНСКИ УПИСЕН РОК
- прво електронско пријавување, техничка поддршка и доставување документи -

Првото електронско пријавување на учениците ќе започне од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.

Пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ #/login
со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Учениците кои не се во можност да се пријават електронски, можат да дојдат во училиштето со потребната документација и да им се помогне на:

• 12 јуни 2026 г. и
• 15 јуни 2026 г. во училиштето.

За учениците кои успешно извршиле електронско пријавување, доставувањето на потребната документација до училиштата е на:
• 16 јуни 2026 година од 08:00 ч. до 19:00 ч.
• 17 јуни 2026 година од 08:00 ч. до 17:00 ч.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

По успешното електронско пријавување, учениците во избраното јавно средно училиште ја доставуваат следната документација:

1. Пријава за запишување (пријавата учениците ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги);

2. Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

3. Извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

* Проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12:00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.

Ве очекуваме!

10/06/2026

🍀 За крајот на наставната година слушнете уште една успешна приказна од наши поранешни ученици, кои сѐ уште даваат поддршка на нашето училиште и соработуваат со нас.
🌐 Лиде Стојановска, еден од најпознатите и најактивни туристички водичи во државата е ученичка од СОУ ,,Митко Пенџуклиски" - Кратово.

📚🖋️ На одржаниот Државен натпревар по македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, нашиот учен...
10/06/2026

📚🖋️ На одржаниот Државен натпревар по македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, нашиот ученик Лука Тоневски од I година, под менторство на проф. Ана Димитровска, достојно го претстави нашето училиште, покажувајќи знаење, посветеност и сериозен пристап кон натпреварувањето.
👏 Му честитаме за учеството и постигнатиот успех и му посакуваме уште многу достигнувања, нови предизвици и успеси во понатамошното образование. 🎓📖✨

09/06/2026

Работилница за ,,шприц коктели"

🍹 Работилница за подготовка на коктели - ,,шприц коктели" (Spritz). 🪩  веќе некое време активно соработува со нас и наши...
09/06/2026

🍹 Работилница за подготовка на коктели - ,,шприц коктели" (Spritz).

🪩 веќе некое време активно соработува со нас и наши ученици, препознавајќи го нашиот ентузијазам и ни дава огромна поддршка во делот на барменството.

🍀 Денес нивниот бармен, Ангелчо Манов, заедно со нашиот ученик Филип Атанасов, на нашите ученици им ја претставија професијата бармен и ја одржаа првата од серијата планирани работилници за коктели на тема ,,шприц коктели" (Spritz). Иако, едноставни, сепак бараат многу внимание при подготовката. Ангелчо и Филип по теоретското и практичното објаснување им отстапија простор на нашите ученици да пробаат самите да направат Aperol Spritz.

🚨 Денес во нашето училиште успешно беше реализирана симулациска вежба за евакуација, со цел подигнување на подготвеноста...
09/06/2026

🚨 Денес во нашето училиште успешно беше реализирана симулациска вежба за евакуација, со цел подигнување на подготвеноста и безбедносната култура кај учениците и вработените во случај на вонредни ситуации.
Преку практична демонстрација и координирана акција, учениците и вработените имаа можност да се запознаат со правилните постапки за безбедна и навремена евакуација.

Упатуваме искрена благодарност до ТППЕ Кратово, Здравствен дом Кратово и Итната медицинска помош, како и до Црвен Крст – Пробиштип, за нивната професионалност, поддршка и активно учество во реализацијата на оваа значајна активност.

Со заедничка соработка и континуирана едукација создаваме побезбедна средина за сите.

Со големо задоволство ја прифативме поканата од Домот на културата „Лазар Софијанов“ – Кратово за учество на грнчарската...
09/06/2026

Со големо задоволство ја прифативме поканата од Домот на културата „Лазар Софијанов“ – Кратово за учество на грнчарската работилница „Грнчарство“. Нашите ученици, заедно со професорката Дивна Младеновска, имаа можност да се запознаат со богатата традиција на грнчарството, да го проследат процесот на изработка на грнчарски предмети и активно да учествуваат во креативните активности.

Им благодариме на организаторите за укажаната чест и за прекрасното едукативно искуство кое ќе остане во трајно сеќавање на учениците.

💬 „Успехот никогаш не е само лична заслуга. Тој е резултат на луѓето што верувале во нас, нè поддржувале и ни помогнале ...
08/06/2026

💬 „Успехот никогаш не е само лична заслуга. Тој е резултат на луѓето што верувале во нас, нè поддржувале и ни помогнале да ги препознаеме сопствените можности.“

🌟 Нашите успешни приказни продолжуваат да нè инспирираат!

🤗 Со голема гордост ја споделуваме приказната на нашата поранешна ученичка Драгана Заревска, која успешно ги заврши докторските студии на Техничкиот универзитет во Брно, Република Чешка, и денес е универзитетски предавач на Катедрата за визуелни уметности.

👣 Нејзиниот пат е доказ дека со знаење, посветеност и поддршка нема граници за успехот. Особено ни значи што Драгана со благодарност се сеќава на своето средно училиште во Кратово и на професорите кои биле дел од нејзиниот развој.

🤩 Нејзината приказна е инспирација за сегашните и идните генерации ученици.

Address

Михајло Апостолски 10
Kratovo
1360

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Митко Пенџуклиски - Кратово (средно училиште) posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Митко Пенџуклиски - Кратово (средно училиште):

Shortcuts

Share

Category