ООУ „Гоце Делчев“ - Конче

ООУ „Гоце Делчев“ - Конче Општинско Основно Училиште

https://oougocedelcev.mk/

Пролетен ден 🍀🌸
28/05/2026

Пролетен ден 🍀🌸

22/05/2026

Денес во нашето училиште се реализираше заедничка работилница во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, заедно со учениците од
ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци. 🤝

Учениците работеа во мешани тимови и преку рециклирање изработуваа интересни и креативни содржини за ЕКО ГРАДИНА. ♻️🌱 Со многу идеи и тимски дух тие покажаа како отпадните материјали можат да добијат нова и корисна намена.

Преку заедничката работа учениците се дружеа, соработуваа и учеа за значењето на екологијата, почитта и прифаќањето на различностите.

Работилницата уште еднаш потврди дека кога работиме заедно можеме да создадеме поубава, почиста и посреќна средина за сите.

👏 Благодарност до сите ученици и наставници кои беа дел од оваа прекрасна активност!

Во пресрет на чествувањето на денот на на сесловенските просветители и учители Светите Кирил и Методиј — темелите на пис...
21/05/2026

Во пресрет на чествувањето на денот на на сесловенските просветители и учители Светите Кирил и Методиј — темелите на писменоста, знаењето и просветителството , ООУ „Гоце Делчев“-Конче со особена гордост ги истакнува успесите на своите вработени, Катерина Василева и Зујца Стојанова, кои се стекнаа со звањето ментор — признание што претставува потврда за нивната стручност, посветеност, професионалност и континуирана заложба во воспитно-образовниот процес.

Просветни работници кои зад себе имаат резултати, визија, знаење и исклучителна посветеност кон учениците, наставата и професијата. Нивната работа е препознаена како пример за одговорност, квалитет и современ пристап во образованието.

Овие успеси не се момент, ниту случајност. Тие се резултат на години вложен труд, безброј часови посветени на учениците, соработка со родителите, постојано професионално усовршување, реализирани проекти и искрена љубов кон професијата. Токму таквите луѓе го создаваат квалитетот за кој зборуваме кога зборуваме за образование.

Горди сме што токму вакви просветни работници се дел од нашето училиште. Нивните успеси се инспирација, но и потсетник дека вистинските вредности секогаш наоѓаат начин да бидат препознаени.

Драги колешки, ви честитаме од срце. Нека ова признание биде поттик за уште поголеми успеси, нови предизвици и достигнувања со кои ќе продолжите да бидете гордост на нашето училиште и на образованието.

Успешно реализирана дводневна екскурзија со учениците од VI одделение, исполнета со дружење, нови искуства, насмевки и н...
19/05/2026

Успешно реализирана дводневна екскурзија со учениците од VI одделение, исполнета со дружење, нови искуства, насмевки и незаборавни спомени. Спомените остануваат, а искуствата од ваквите патувања се најубавиот дел од училишните денови ✨

Во Скопје денес се одржа конференција посветена на ученички активизам за безбедни училишта, во рамки на проектот „Промоц...
14/05/2026

Во Скопје денес се одржа конференција посветена на ученички активизам за безбедни училишта, во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ што го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со Министерството за образование и наука, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“, СМАРТ АП - Лабораторија за социјални иновации и Детската фондација Песталоци. На конференцијата учествуваше и нашето училиште претставувано од педагогот Зујца Стојанова.

Реализирана тридневна ученичка екскурзија Конче-Охрид-Струга-Битола-Конче  За учениците од IX одделение заврши уште еден...
14/05/2026

Реализирана тридневна ученичка екскурзија Конче-Охрид-Струга-Битола-Конче
За учениците од IX одделение заврши уште еден дел од деветгодишното заедничко патување!🍀

Реалирана еднодневна екскурзија на нашите третоодделенци! Екскурзијата е убав и весел ден за учениците. Тие учат нови ра...
09/05/2026

Реалирана еднодневна екскурзија на нашите третоодделенци!
Екскурзијата е убав и весел ден за учениците. Тие учат нови работи, посетуваат интересни места и се дружат со своите другарчиња и наставници. За време на патувањето се забавуваат и создаваат убави спомени.🍀

Чистата околина започнува од нас! 🌿Со малку грижа денес, создаваме поубаво утре за сите. Генералка викенд 2026
08/05/2026

Чистата околина започнува од нас! 🌿
Со малку грижа денес, создаваме поубаво утре за сите.
Генералка викенд 2026

Со гордост и почит го одбележуваме патрониот празник на нашето училиште, посветен на ликот и делото на Гоце Делчев. Него...
04/05/2026

Со гордост и почит го одбележуваме патрониот празник на нашето училиште, посветен на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговата борба за слобода, правда и просвета.
Нека ни биде вечна инспирација да чекориме по патот на знаењето, единството и хуманоста.

Гоце Делчев - инспирација на знаење храброст и единство.
Честит патронен празник!🍀

Голем успех за нашето училиште на денешниот општински натпревар „Млади библиотекари 2026“!🥇Ученикот Давид Манчев од IX о...
30/04/2026

Голем успех за нашето училиште на денешниот општински натпревар „Млади библиотекари 2026“!
🥇Ученикот Давид Манчев од IX одделение го освои првото место, додека Теа Стојанова, исто така ученичка од IX одделение, се закити со второто место. Двајцата ученици работеа под менторство на Валерија Алексова.
🥇Со освоеното прво место, Давид Манчев обезбеди пласман на државниот натпревар „Млади библиотекари 2026“, кој ќе се одржи на 15 мај во Ресен.
🍀Честитки за учениците и нивниот ментор за постигнатиот успех и им посакуваме многу среќа и успех понатаму!

Address

Konche, North Macedonia
Konce
2424

Opening Hours

Monday 07:30 - 13:00
Tuesday 07:30 - 13:00
Wednesday 07:30 - 13:00
Thursday 07:30 - 13:00
Friday 07:30 - 13:00

Telephone

+38932649145

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Гоце Делчев“ - Конче posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ „Гоце Делчев“ - Конче:

Shortcuts

Share

Category