13/06/2022
ДРАГИ РОДИТЕЛИ, НЕ ЈА ПРОПУШТАЈТЕ ОВАА МОЖНОСТ!!!
Дали е возможно да се мотивира безволно дете?
4 експерти велат ДА и објаснуваат КАКО!!
https://opserver.mk/novosti-slajder/dali-e-vozmozhno-da-se-motivira-bezvolno-dete-4-eksperti-velat-da-i-objasnuvaat-kako/
Среда, 15.06.2022. во 18h – Брзо читање и мудро учење е возможно Часлав Манчиќ – Меѓународен мастер-тренер и директор на канцеларијата на компанијата DOOR Training & Consulting“ во Србија и татко. Има преку 30 меѓународни сертификати како тренер во многу области (комуникација, креативност, глотодидактика, управување со проекти итн). Како на децата да им се овозможи да ја совладаат вештината која на англиски се нарекува „learnability“ – способност од која на денешните деца им зависи кариерата во иднина, што е функционално учење, како паметно се учи, што можат да бидат проблемите кај децата во учењето, како да се мотивираат децата на учење. „За детето да може да го одржува потребното ниво на концентрација при извршување на некоја подолга активност, се препорачува на секои 20 до 30 минути да направи пауза – во текот на која ќе се занимава со нешто сосема поинакво од активноста претходно. На овој начин, детето во целост ќе биде посконцентрирано и поуспешно, отколку да се наоѓа под некој вид присиленост – од него да се бара да заврши некоја активност во целост. Затоа, бидете внимателни со притисоците со кои сакате да го мотивирате вашето дете да заврши некоја обврска. Понекогаш ПОВЕЌЕ е всушност ПОМАЛКУ и обратно“.