ОСУ "Мирко Милески" Кичево

ОСУ "Мирко Милески" Кичево ОСУ „Мирко Милески“- Кичево

ОСУ „Мирко Милески“ е средно општинско училиште, се наоѓа во строгиот центар на Кичево на улица Рудничка бр. 2. Центарот располага со 25970 метри квадратни. На овој простор се сместени главната зграда, спортската сала, отворените игралишта за фудбал и кошарка, како и две машински работилници.
Гимназијата има на располагање 36 училници, од кои во 21 може да се изведува класична настава. Моментално во центарот наставата редовно ја посетуваат 1500 ученици, а бројот на стручниот кадар што ја води наставата брои 102 лица. наставата се изведува на македонски и
ОСУ започнало со работа дамнешната 1952/53 година како виша гимназија Мирко Милески.

ℹ️Утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите год...
11/06/2026

ℹ️Утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk.

Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 и 17 јуни. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштата треба да ја објават на 18 јуни.

Второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 23 јуни, додека доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни. Третото пријавување е на 20 август.

Конкурсот со слободните места и јавните средни училишта учениците можат да го најдат на следниот линк: https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/konkurs-za-zapisuvanje-ucenici-vo-javnite-sredni-ucilista-za-ucebnata-20262027-godina-vo-republika-severna-makedonija .

За учениците од голема помош при изборот, може да биде онлајн водичот за квалификации - https://kvalifikacii.crso.gov.mk/ , кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат.

Среќно!

Утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта

Nesër fillon regjistrimi elektronik i nxënësve në shkollat e mesme publike

https://mon.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/zapocnuvaat-upisite-vo-sredno-obrazovanie

10/06/2026
03/06/2026

📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ 📢

Се информираат сите ученици од завршните класови (од IV година и од клас III-14 ) дека на огласната табла во училиштето се истакнати списоците за полагање на државна стручна матура и државна матура по предметите Англиски јазик и Математика.

Ги замолуваме сите ученици навремено да се информираат и внимателно да ги проверат своите податоци.

Со особена чест и благодарност, денес во ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево беше одбележан значаен момент – пензионирањето на ...
02/06/2026

Со особена чест и благодарност, денес во ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево беше одбележан значаен момент – пензионирањето на нашиот почитуван професор по Ликовна уметност, Мирослав Крстески.
По долгогодишна посветена работа, исполнета со креативност, професионалност и искрена љубов кон учениците и уметноста, професорот Крстески го завршува своето успешно работно патување, оставајќи неизбришлива трага во нашето училиште и во генерациите ученици кои ги воспитуваше и инспирираше.
По тој повод, директорот Бранислав Стојаноски свечено му го врачи Решението за пензионирање, изразувајќи искрена благодарност за неговиот значаен придонес во развојот и афирмацијата на училиштето, како и за неговата несебична посветеност во образовниот процес.
Во име на колективот на ОСУ „Мирко Милески“, му посакуваме на професорот Miroslav Miro Krsteski добро здравје, многу среќа, лична исполнетост и уште многу години исполнети со инспирација, творештво и убави моменти во заслужените пензионерски денови.
Ви благодариме за сè што направивте за нашето училиште и за вашата благородна мисија во образованието. Вашето дело ќе остане траен дел од историјата на ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево.
Среќна пензија, професоре Крстески!

🎨Првата фаза од проектот  #успешниприказни ја заокружуваме денес со деканот на Ликовната академија при Универзитетот „Го...
29/05/2026

🎨Првата фаза од проектот #успешниприказни ја заокружуваме денес со деканот на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип проф. д-р Слободан Милошески.

Неговата богата и успешна кариера нѐ прави горди што бил наш ученик и му посакуваме уште повисоки академски достигнувања во иднина!

29/05/2026

🎓Отворен ден во ОСУ „Мирко Милески“ - Кичево 🎓

Денес нашето училиште беше исполнето со енергија, насмевки и нови соништа!
Со голема радост ги пречекавме полуматурантите од Општина Кичево и Општина Пласница, кои имаа можност одблиску да го почувствуваат духот на ОСУ „Мирко Милески“.

📚 Преку интересни презентации, креативни штандови и практични активности, учениците се запознаа со гимназиското образование и стручните профили, како и со можностите што ги отвора образованието.

🚀 Твојата иднина започнува денес!
🌟 Избери знаење. Избери успех. Избери пат што води кон твоите соништа!

🏫 Добредојде во ОСУ „Мирко Милески“ - Кичево!

28/05/2026

ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево денеска ги отвори вратите за идните средношколци, организирајќи успешен Отворен ден исполнет со креативност, презентации и

📍Со посебна гордост денес претставуваме уште една од низата  #успешниприказни. Д-р Давор Јанкулоски е наш драг поранешен...
27/05/2026

📍Со посебна гордост денес претставуваме уште една од низата #успешниприказни. Д-р Давор Јанкулоски е наш драг поранешен ученик, а сегашен научен соработник во истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ.

🇲🇰Наша заедничка мисија е да го негуваме и сочуваме македонскиот јазик. Ги охрабруваме новите генерации да го следат примерот на Давор во изучувањето на мајчиниот јазик и со гордост секаде да зборуваат на македонски јазик!

Задоволство ни е да упатиме пофалба за учеството на државниот натпревар на Економската олимпијада организиран од страна ...
27/05/2026

Задоволство ни е да упатиме пофалба за учеството на државниот натпревар на Економската олимпијада организиран од страна на Сојузот на Математичари на Македонија на ученикот од трета година Марко Миладиноски . Овој успех претставува доказ за вложениот труд, знаење и посветеност, како и способноста за аналитичко размислување и натпреварувачки дух. Учеството на вакво високо ниво е значајно достигнување и гордост, на нашето училиште ОСУ „Мирко Милески“ и претставува поттик за понатамошен развој и нови успеси. Честитки!

 #успешниприказни  во приватниот сектор има многу, но ретки се компаниите во нашиот град кои по својот обем на работа сп...
26/05/2026

#успешниприказни во приватниот сектор има многу, но ретки се компаниите во нашиот град кои по својот обем на работа спаѓаат во категоријата средни претпријатија. Една таква компанија е раководена од нашиот поранешен ученик Томислав Филипоски!

📈 На Томислав му посакуваме да ја зачува амбицијата, да ја развива својата компанија во различни стопански сфери и да нуди различни содржини за граѓаните!

Address

Рудничка бр. 2
Kicevo
6520

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОСУ "Мирко Милески" Кичево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category