Гимназија Добри Даскалов Кавадарци

Гимназија Добри Даскалов Кавадарци Официјална Facebook страница на Гимназија „Добри Даскалов“

Гимназиското образование во Кавадарци датира уште од 1897 година, кога Бугарската егзархија отвoра нижа гимназија застапена во два класа-први и втори. Во учебната 1907/08 година, гимназијата станува трикласна и како таква работи до 1913 година, кога е укината со влегувањето на српската окупаторска власт во Вардарскиот дел на Македонија.

Со започнувањето на Првата светска војна биле направени обиди за повторно воспостваување на гимназиското образование, преку испраќање на барање од Општинскиот одбор на Кавадарци до Министерот за просвета и црковни прашања во Белград, но поради тешките воени услови, барањето не е прифатено. По воспоставувањето на бугарската власт во текот на Првата светска војна, поточно од декември 1915 година, во учебната 1916/17 и 1917/18 година, продолжила со работа порано формираната прогимназија.

По завршувањето на Првата светска војна и повторното воспоставување на српската окупаторска власт, во октомври 1919 година, со дозвола на српскита политичка и школска власт во Кавадарци, отворенае е трикласна гимназија која работи се до 1929 година, кога со шестојануарската диктатура се затворени скоро сите гимназии во Вардарска Македонија. Во периодот од 1929 до 1938 година работи Граѓанска школа, а во 1938 година наместо граѓанска школа отворена е нижа гимназија која работи се до капитулацијата на Југославија.

Во текот на Втората светска војна, бугарската окупаторка власт отвора гимназија која работи се до ослободувањето на градот. Гимназијата во овој период претставува јадро на раволуционерните идеи, носител е на сите акции во градот и претставува значајна база за пополнување на партизанските единици со нови борци.

По завршувањето на НОВ, највисокиот државен орган, АСНОМ, донесува одлука за отворање на повеќе гимназии и технички училишта , меѓу кои е и нашата Гимназија. Отпочнува со работа на 5 февруари 1945 година, во старата зграда (денес ОУ „Страшо Пинџур“) под името Јосип Броз Тито. Работи како полна Народна гимназија со застапеност од I до VIII клас, а наставата се изведува на мајчин македонски јазик (стандарден).

На полугодието од учебната 1955/56 година, поточно на 1 февруари 1956 година, Гимназијата се вселува во новата зграда која не е целосно доградена. Новиот дел како анекс кон зградата, е дограден дури во периодот од 1974 до 1976 година, со што гимназијата се здобива со кабинети и лабаратории по повеќе наставни предмети, библиотека, читална, свечена сала, фискултурна сала со потребните соблекувални и кабинет за наставниците.

Во 1956 година, со новата реформа во образованието, одлучено е да се намали гимназиското во корист на стручното образование. За таа цел, во рамките на Гимназијата се отвора Економско училиште, а веќе во учебната 1956/57 година во прва година се запишуваат само економски паралелки. Во состав на Гимназијата и економското училиште, работи и лозарско-шумарско училиште, кое после неколку години се издвојува како самостојно средно училиште. Овие реформи траат до 1960 година, кога повторно е воведено гимназиското образование, а во состав на Гимназијата се и економските паралелки. Застапени се две насоки, општествено-јазичната и природно математичка. Гимназиското образование се одвива се до 1982 година, кога наполно е укинато поради новите реформи во средното образованието, каде што му се дава предност на средното насочено образование. Па така, од учебната 1982/83 година нашата Гимназија се преструктуира во Училиште за средно образование и има четири струки: математичко-информатичка, биотехнолошка, правна и биротехничка. Овој концепт се применува се до учебната 1989/1990 година.

Во учебната 1991/92 година со повторното воведување на гимназиското образование е дозволено културолошката и математичко-информатичката струка да се преструктуираат во гимназиски насоки, а Училиштето за средно образование си го враќа името Гимназија. Се упишуваат по 6 паралелки: 2 општа гимназија, 2 природноматематичка гимназија и 2 правна струка.

Од основањето, во 1945 година па се до 1994 година, Гимназијата го носи името „ Јосип Броз Тито“. Во 1994 година, по предлог на Републичката комисија при Министерството за образование и физичка култура е одлучено Гимназијата да го носи името на познатиот војвода од Тивешијата од илинденскиот период- Добри Даскалов.

„Кожувчанка” и „МИН-ЕКС” со донација на инвертер клима уреди за кабинетите во ГимназијатаДвата кабинети по биологија и х...
04/08/2026

„Кожувчанка” и „МИН-ЕКС” со донација на инвертер клима уреди за кабинетите во Гимназијата

Двата кабинети по биологија и хемија во Гимназијата, кои неодамна беа обновени од Ротари клуб, сега се збогатени и со нови инвертер клима уреди, донирани од „Кожувчанка” ДОО и „МИН-ЕКС” ДОО .

Голема благодарност до овие две компании за нивната општествена одговорност и грижа за подобрување на условите за учење на нашите ученици. Вакви примери покажуваат дека заедно можеме многу повеќе. Ви благодариме!

🏆 Гимназија „Добри Даскалов“ со претставник во националниот тим за Меѓународната олимпијада по геонауки!Македонското гео...
05/07/2026

🏆 Гимназија „Добри Даскалов“ со претставник во националниот тим за Меѓународната олимпијада по геонауки!

Македонското географско друштво и оваа година организира учество на Меѓународната Олимпијада за геонауки (International Earth Science Olympiad 2026), која ќе се одржи во периодот од 20 до 27 август 2026 година во Торино, Италија.

Согласно утврдениот критериум, право на пријава имаат учениците кои освоиле 85 или повеќе поени на државниот натпревар по географија (2026).

Учениците Трајче Шатков, втора година и Благица Петрова ,прва година во СОУ Гимназија Добри Даскалов - Кавадарци, (ментор Валентина Димитрова) успешно учествуваа на селекциониот натпревар за избор на Меѓународната олимпијада за геонауки.

На натпреварот учениците покажаа високо ниво на знаење, аналитичко размислување и интерес за геонауките, достојно претставувајќи го нашето училиште.
Селекциониот натпревар за претстојната Олимпијада по геонауки се одржа на 22 јуни 2026 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток од 10 часот .

Националната репрезентацијата ќе биде составена од четворица ученици ( оние кои ги освоиле првите четири места) и двајца ментори/водачи на репрезентацијата.
Со особено задоволство известуваме дека ученикот Трајче Шатков, со освоеното второ место на селекциониот натпревар е еден од четворицата ученици кои се пласираа во националниот тим кој ќе ја претставува нашата држава на Меѓународната Олимпијада за геонауки.

На нашиот ученик Трајче, и на целата македонска репрезентација им посакуваме многу успех на Меѓународната олимпијада за геонауки и достојно претставување на нашата држава.

Среќно!

https://dobridaskalov.edu.mk/izveshta-za-sprovedeniot-selekcionen-test-za-uchestvo-na-olimpi-ada-po-geonauki/

29/06/2026
29/06/2026
Натпревар „Камп на иновации” и освоено 3 (трето) местоВо организација на „Џуниор Ачивмент Македонија”, од 15 до 16 јуни ...
23/06/2026

Натпревар „Камп на иновации” и освоено 3 (трето) место

Во организација на „Џуниор Ачивмент Македонија”, од 15 до 16 јуни 2026 година во Струга, се одржа тимски натпревар „Камп на иновации” на тема: „Екологија и иновации”.

На овој натпревар, од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” - Kавадарци учество земаа ученичките од II-6 клас, профил: економски техничар: Симона Цветковиќ, Благица Димкова, Драгица Кимова, Симона Кабранова и Магдалена Димитриева, под менторство на професорката Лоска Давчева.

Целта на натпреварот беше јакнење на претприемничките вештини на учениците, преку демонстрирање тимска работа, креативност, иновативност и создавање „зелени” иновации.
Тимовите од ученици, под менторство на професорите, создаваа иновации преку кои ќе се искористуваат, а стовремено и заштитуваат природните ресурси.

Ученичката Симона Цветковиќ, со нејзиниот тим, освои освои 3 (трето) место и доби пригодна награда, а сите учесници на натпреварот добија сертификати. Овој натпревар е доказ дека младите можат и знаат – само треба да се канализира нивната
визија!

https://dobridaskalov.edu.mk/natprevar-kamp-na-inovacii-i-osvoeno-3-treto-mesto-2/

Прва и втора награда за нашите ученички на Државниот натпревар по македонски јазик и литератураНа 7.6.2026 година, на Фи...
12/06/2026

Прва и втора награда за нашите ученички на Државниот натпревар по македонски јазик и литература

На 7.6.2026 година, на Филолошкиот факултет во Скопје, ученичките Весна Давчева и Елена Манасијевска достојно го претставија нашето училиште на Државниот натпревар по македонски јазик и литература за III година, постигнувајќи одлични
резултати.

Под менторство на професорката Катица Манева, Весна Давчева ја освои првата награда, а Елена Манасијевска втората награда, потврдувајќи ги своите знаења и посветеност во изучувањето на македонскиот јазик и литература. Со својата љубов кон македонскиот јазик и литература, тие уште еднаш покажаа дека трудот и истрајноста носат врвни резултати.

Овој успех претставува гордост за нашето училиште и поттик за сите ученици да ги развиваат своите знаења и таленти. Им честитаме на ученичките и им посакуваме уште многу успеси и достигнувања во иднина.

https://dobridaskalov.edu.mk/prva-i-vtora-nagrada-za-nash*te-uchenichki-na-drzhavniot-natprevar-po-makedonski-jazik-i-literatura/

Успешно реализирана средношколска екскурзија на учениците од I и II година при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ КавадарциВ...
12/06/2026

Успешно реализирана средношколска екскурзија на учениците од I и II година при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци

Во период од 26.5.2026 до 28.5.2026 година учениците од I и II година при СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” успешно реализираа тридневна научно-истражувачка екскурзија на релација Кавадарци- Вруток- Бигорскиот манастир-Струга-Охрид-Кавадарци

Посетивме значајни природно и културно историски знаменитости во нашата земја.

Првиот ден го посетивме Вруток, познат по изворот на реката Вардар и прекрасната природа.

Манастирот ,,Св. Јован Бигорски”, еден од најубавите православни манастири во Македонија, познат по својата историја, архитектура и духовно наследство.

Во Струга го посетивме Природно научниот музеј „Никола Незлобински“, биолошкото, етнолошкото, археолошкото и историското одделение.

Ја посетивме и Спомен куќата на браќата Миладиновци, основоположници на македонската преродба, поборници на културната слобода на својот народ за својот мајчин јазик. Учениците потоа го видоа местото каде реката Црн Дрим истекува од Охридското Езеро и Мостот на поезијата.

Вториот ден се запознавме со градот Охрид, од каде започува да се шири словенската писменост и култура. Град богат со културно историски знаменитости и природни убавини.Куќата на Робевци, црквите ,,Св. Софија”, ,,Св. Јован Канео”, Самуиловата тврдина, Античкиот театар,потоа Плаошник или црквата ,,Св. Климент Охридски”, место кое претставувало расадник на словенската писменост и култура,место каде е изграден првиот словенски универзитет на Балканот, познат како Охридска книжевна школа.

Третиот ден го посетивме Заливот на коските, каде видовме како живееле старите Словени и ја посетивме црквата ,,Св. Наум Охрдиски” (чудотворецот), значаен духовен и историски центар во Македонија, со импресивна архитектура и фрески.

Екскурзијата беше незаборавно искуство. Научивме повеќе за нашата историја, култура и природни богатсва. Покрај тоа поминавме убаво време со дружење, создадовме нови спомени, направивме нови приказни и стекнавме нови знаења.

https://dobridaskalov.edu.mk/uspeshno-realizirana-srednoshkolska-ekskurzija-na-uchenicite-od-i-i-ii-godina-pri-sou-gimnazija-dobri-daskalov-kavadarci/

УПИСИ 2026/2027 Електронско пријавување за упис во I (прва) година🎓🎓🎓
08/06/2026

УПИСИ 2026/2027

Електронско пријавување за упис во I (прва) година

🎓🎓🎓

Address

Мито Хаџи Василев бр. 68
Kavadarci
1430

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Гимназија Добри Даскалов Кавадарци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share