Едукативен центар Талентино е место каде децата се згрижени, учат и се забавуваат преку програми: Предучилишна програма (3–6 г.), Целодневен престој (1–5 одд.), IQ UP (3–13 г.) и едукативни летни/зимски кампови во средина со грижа и креативност. Едукативниот центар IDEA во фокусот на неговото работење ги става децата,нивното едуцирање,воспитување и поттикнување на креативноста и имагинацијата.Има
за цел згрижување на децата пред и после училиште,завршување на домашните задачи,учење на тековни лекции,совладување на потешкотиите во наставниот материјал,истовремено забавувајќи се со креативни и едукативни работилници,изучување на нови вештини и знаења.Во склоп со програмата е предвидување изучување на англискиот јазик преку игри.Во нашиот центар преку креативни и едукативни работилници се поттикнува имагинацијата,креативноста,фантазијата,спонтаноста,слободата на изразување,ставајќи акцент на индивидуалноста. Активностите се спроведуваат според возраста на децата.
Едукацијата која ние ја креираме за децата преку програмата се темели врз основа на вистински човекови вредности: љубов, искреност, почит и среќа.Нашата желба е подобар и поправеден свет во кој сите живеат во љубов, мир и меѓусебно почитување.Целта e cекое дете да ги реализира и користи сите ментални вештини и способности, интелектуалниот капацитет, емоционалната интелегенција и животните квалитети. Децата да се реализираат во лидери и самите да се одговорни за сопствениот живот со голема самосвесност за своите однесувања и активности како идни жители на овој свет.
Програма
Програмата која ние ја креиравме во едукативниот центар IDEA е соодветна за правилен раст и развој на предучилишни(3-6 години) и деца кои веке одат на училиште(6-12 години).Програмата за предучилишни деца од 3-6 години е поделена во 2 групи во зависност од возраста.