Ас- Анима Советувалиште

Ас- Анима Советувалиште

Едукација за психодијагностика, асертивност, емоционална писменост, автоген тренинг, ран детски разво

Сите лица кој се соочуваат со одреден проблем да имаат каде да побараат помош за својот проблем,да се развијат,да научат да се грижат за себе,да бидат среќни и насмеани и да создадат иднина во која наредните генерации ќе имаат задоволни,исполнети родители,пријатели,животен партнер,работа.

Operating as usual

Како функционира здраво семејство и како да препознаете кога нешто не е во ред, објаснува професорката Слаѓана Анѓелкоска 14/04/2023

Како функционира здраво семејство и како да препознаете кога нешто не е во ред, објаснува професорката Слаѓана Анѓелкоска Детето што расте во здраво семејство има предиспозиции да се развие во стабилна личност Тргнувајќи од анализата на семејството како клучен фактор за развојот на д....

Авотоген тренинг – Психотерапевтска техника за борба против стрес - Ас Анима 13/04/2023

Практикувањето на автогениот тренинг ни помага во многу животни ситуации- пред важен настан, пред јавно говорење, во стресни ситуации, при пореметен сон. Тој се применува пред се во лекување на напнатост, немир, страв, анксиозност и психосоматски болести. Техниките на автогениот тренинг ги користат сите луѓе за постигнување на подобра концентрација, релаксација, креативност, имагинација, кондиција, спремност за работа. Посебно се препорачува на професионалните спортисти.

Авотоген тренинг – Психотерапевтска техника за борба против стрес - Ас Анима Автоген тренинг е психолошки призната и психотерапевтска техника за борба против стрес. Тоа е една од најпознатите и најстарите техники

07/04/2023

Фокусот,вниманието,концентрацијата и помнењето се способности кои се значајни за успешно функционирањето во секојдневните ситуации. Со когнитивната табла ги вежбаме децата да научат да го задржат фокусот и вниманието, да создадат ментални шеми за полесно помнење и одржана концентрација.
☎️ Повеќе информации на 078 263 078

29/03/2023

Научните испитувања покажале дека во различен возрасен период се изразуваат извесни општи форми на развој по кој одреден период се разликува од оној што следи и од оној кој поминал. Кога детето ќе премине од еден развоен период во друг развоен период се јавува поместување во доминантните форми на развој карактеристични за возраста на детето🧠

25/03/2023

За полесно следење на детскиот развој потребно е да се знаат развојните карактеристики на детето.Познавањето на развојните специфичности ќе му помогне на родителот правилно да го следи детето во развојот и да знае кога треба да побара стручна помош. 🧠🧠🧠

19/03/2023

Работна меморија значи примање на информацијата, нејзино задржување во краткотрајната меморија , нејзина ментална обработка и потоа интерпретирање на информацијата...овој мисловен процес е важен за совладување на знаењето и негова употреба 🧠🧠🧠

16/03/2023

Меморија(помнење) преставува способност да се запомнат и да се манипулира со нови информации и да се присетиме на информации од минатото.
Помнење на контекст преставува способност да запомниме и да го утврдиме изворот на одредено срќавање. Помнење на контекст им помага на децата во учењето... Помнење на контекст ни помага да се фокусираме и да се сетиме на информациите...🧠🧠🧠

15/03/2023

Вашето дете треба на есен да почне на училиште, но не сте сигурни дали е подготвено да ги совлада наставните содржини. Забележувате дека нема фокус,внимание,концентрација иако знае да брои, ги знае буквите, знае да чита, можеби зборува и англиски, но тоа не е доволно за да бидете сигурени дека вашето дете успешно ќе ги совлада наставните содржини.
Проверете дали Вашето дете ги има развиено потребните способности за на училиште, добијте детален план што треба да направите за да му ги поттикнете потребните способности на Вашето дете. Со малку вложен труд ќе добиете многу, а добивката на родителот е успехот на детето.
Тука сме за Вас и Вашето дете заедно да ги вежбаме фокусот, концентрацијата, меморијата и вниманието.
Искористете ги Априлските попусти.
Информирајте се за попустот кој ќе го добиете и начин на работа
тел 078 263 078
e-mail [email protected]

05/03/2023

Автоген тренинг е техника на длабоко опуштање кое го унапредува телесното и психичкото здравје, ослободува од штетните последици на стресот и го подобрува квалитетот на живот. Сите техники, методи и вежби на личноста ѝ ја враќаат рамнотежата на организмот и стабилното чувство на самоконтрола. Главната цел е разбирање на поврзаноста на телото и психата ...

21/02/2023
19/02/2023

Фокус, внимание,концентрација и брзина на реакција е нешто што најмногу им недостига кај голем број на деца, а се важни за постигнување на успех и правилен развој на детето...
Поради што се намалени овие значајни способности? - Денес децата се навикнати секоја своја потреба да ја задоволат во истиот момент, кај нив нема одложување на потребата,а тоа значи дека нивниот фокус на една активност се задржува кратко време и без некој поголем ментален напор и степенот на среќа за таа активност е кратка... Секоја потреба подолго да го задржат вниманието на една активност кај децата развива фрустрација и нетолеранција на одложена активност...
Со помош на когнитивната табла детето го вежба фокусот, вниманието, времето на реакција, а со тоа го зголемува нивото на ендорхин или хормонот на среќа...🧠🧠🧠

Photos from Ас- Анима Советувалиште's post 18/02/2023

Развојот на емоционалната интелигенција е важна за развојот на детето, ако детето ги препознае емоциите кај себе и кај другите ќе знае како да се вклопи во социјалната средина...ќе може полесно да ги регулира непријатните емоции, ќе умее да се справи со стресни ситуации на рационален начин. Со емоционална интелигенција не се раѓаме, неа треба да ја развиваме и да ја негуваме од најмала возраст 🧠🧠🧠

Photos from Ас- Анима Советувалиште's post 16/02/2023

Когнитивниот развој на детето е од суштинско значење за понатамошните постигнувања на детето. За да ги совлада училишните задачи детето треба да има добро развиен фокус, внимание, концентрација, меморија, логичко и функционално размислување. Истражувањата покажуваат дека денес децата имаат послаб училишен успех токму поради намалени когнитивни способности... Когнитивните способности се вежбаат, се усовршуваат и се развиваат, но тоа бара вложенист, труд и посветеност 🧠🧠🧠

Photos from Ас- Анима Советувалиште's post 15/02/2023

Денес децата не се активни, окупирани се со телефони, игри на компјутер, таблети, па поради тоа потребно е моторички да се активираат со цел правилно да го развијат својот психомоторен развој.
Детскиот фитнес е важен за целокупниот развој на децата бидејќи децата низ игра и вежби правилно се развиваат. Во детскиот фитнес децата не се свесни дека се на тренинг и дека имаат обврска, туку одат на час да играат и да уживаат. Тоа на фитнес тренерот му овозможува низ метод на игра да работи со децата вежби за правилно држење на телото, превенција од деформитет, развој на моторика и координација.
Главен елемент е играта, но игра која има јасна цел и која позитивно влијае на детскиот развој. Опремата која се користи во фитнесот за деца е безбедна за децата и прилагодена на нивните способности и можности.
Моторната активност позитивно влијае на:
• Развој на мозокот;
• Поголема отпорност на низа настинки и болести;
• Координација;
• Социјални способности;
• Груба моторика;
• Емоционален развој;
• Самодоверба;
• Тимска работа;
• Им помага на децата да изградат доверба;
• Помага во јакнење на коските и мускулите;
• Ја подобрува флексибилноста, спретноста, кондицијата;
• Одржува здрава телесна тежина;
• Развива добро држење;
• Намалува стрес;
• Го подобрува сонот и др.
Динамика на тренинзи: двапати неделно во траење од еден час;
Место на одржување: Скопје и Гостивар
Пријавување до 15.03.2023година
Тренинзите ќе бидат водени од сертифициран фитнес тренер: Анамарија Анѓелкоска

17/01/2023

Индивидуални и групни тренинзи за Когнитивно и Ментално јакнење на деца 🧠

18/12/2022

Тимот на Ас-Анима Психовелнес и советувалиште од месец Февруари 2023 година ќе почне со спроведување на психодијагностична проценка на деца и адолесценти во Битола.
За повеќе информации и закажување на термин можете да се обратите на
☎️ 078 26 30 78
📨 [email protected]

10/12/2022

Проективните техники ни помагаат да допреме до внатрешниот свет на детето. Еден од начоните да допреме до детскиот свет е со примена на цртежот,боите,недовршените приказни,стимулирачи слики... За нивното значење дознајте на работилницата која ќе се одржи на 20.12.2022 година во 17 часот на zoom платформата...
📌Инфо и пријавување на mail [email protected]
☎️ 078 26 30 78

04/12/2022

Работната меморија преставува сет на процеси кои ни овозможува податоците да ги чуваме и да манипулираме со нив за да извршиме сложени когнитивни активности... Вежбањето на работната меморија е важна за детето и неговите училишни постигнувања...🧠🧠🧠

Photos from Ас- Анима Советувалиште's post 27/11/2022

Стимулирање на логичкото размислување кај децата е од голема важност... Логичкото размислување детето го применува да размислува за се што го опкружува, како и за односите и разликите помеѓу предметите...Логичкото размислување овозможува анализа, споредба, изнаоѓање на различни решенија кои произлегуваат од претходното искуство...со помош на логичкото размислување детето може да рассудува и да објасни различни ситуации... Низ добро осмислени игри успешно може да го поттикнете логичкото размислување на детето...🧠🧠🧠

15/11/2022

Додека се стремиш кон целта, биди како дрвото, стои исправно, држи се цврсто, оди нагоре и пронајди го мирот...не се плаши да стигнеш на врвот на дрвото бидејќи тамо плодовите се највкусни 🍀🍀🍀

06/11/2022

Неуроразвојна проценка претставува детална, сеопфатна проценка на способностите, потешкотиите и потребите на вашето дете. Проценката може да се направи од оној момент кога ќе забележите дека вашето дете не покажува знаци на развој во согласност со возраста и очекувањата.
Исто така неуроразвојна проценка може да направите и во оној момент кога ќе оцените дека на вашето дете му е потребна дополнителна помош во неговиот развој и учење.
Неуроразвојна проценка која што ја прави тимот на Ас-Анима Психовелнес и советување е прилагодена на возраста на детето. Таа опфаќа сеопфатно разбирање на детето, согледување на неговите "јаки страни", предизвици, интереси, мотивација, но и потешкотиите во развојот.
Пристапот кој го нудиме овозможува рано препознавање, дијагностицирање, третман и следење на детето со неуроразвојни проблеми, со што би се обезбедила соодветна рана интервенција и поддршка...
Повеќе информации може да добиете на тел.078 26 30 78

Photos from Ас- Анима Советувалиште's post 01/11/2022

За да може детето со леснотија да ги совлада умствените задачи потребно е да се направи проценка која хемисфера на мозокот е доминантна, а потоа да се отпочне со адекватна когнитивна стимулација...таблата за когнитивни вежби го стимулира когнитивниот развој на детето..помага детето да ги подобри умствените процеси, меморијата, вниманието, визуелно скенирање, координација око-рака, просторна ориентација, да развие стратегии за решавање на проблем ситуација...
Ако сакаме децата да бидат успешни потребна им е когнитивна стимулација 🧠🧠🧠

10/10/2022

🧠 Доколку сакате да ги дознаете јаките и слабите страни во интелектуалното функционирање на Вашето дете и доколку сакате да вложите во неговиот правилен интелектуален развој резервирајте термин за проценка на когнитивните и интелектуалните способности на детето.

💬 Подетални информации може да побарате на [email protected]

Психолошката проценка на интелектуалното функционирање е непристрасен метод, кој со голема сигурност одредува на која интелектуална категорија припаѓате, дава увид во вашиот коефициент на интелигенција и квалитативно ги толкува вашите силни и слаби страни, ги специфицира способностите кои се поразвиени и помалку развиени, во однос на целиот спектар на вашето интелектуално функционирање.

Увидот во нивото на интелектуалното функционирање и способности може да биде од големо значење. Ги информира родителите за способностите на нивните деца, а со тоа им дава насоки за справување со децата и нуди реален увид во видот и новите достигнувања што можат да ги очекуваат од нивните деца.

17/09/2022

Најголемата среќа ја доживуваме кога целта ни е да уживаме во сегашниот момент, бидејќи се друго е игра на мислите 🍀

Want your school to be the top-listed School/college in Gostivar?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


Трајко Јованоски 52
Gostivar
1230
Other Colleges & Universities in Gostivar (show all)
Islami Sot Islami Sot
Balindollska
Gostivar, 1230

Es-Selamu Aleikum - Paqa dhe meshira e Allahut qoft mbi ju.

Uluslararası "VİZYON" Üniversitesi - Gostivar-Makedonya Uluslararası "VİZYON" Üniversitesi - Gostivar-Makedonya
Major Cede Filiposki. No: 1
Gostivar, 1230

Uluslararası VİZYON Üniversitesi Avrupa'ya açılan eğitim merkezidir,Makedonya Cumhuriyeti Anayasasın