☀️Активност: „Патување низ Сончевиот систем“ 🪐
Преку движење и игра, децата денес го истражуваа Сончевиот систем и научија дека сите планети се вртат околу Сонцето.
Со голем интерес и насмевки, секое дете претставуваше една планета и се движеше по својата патека, демонстрирајќи како планетите кружат околу Сонцето. #✨
Низ оваа активност децата учеа:
🪐 како се движат планетите
☀️ зошто Сонцето е центар на Сончевиот систем
🎭 учење преку игра, движење и соработка
На забавен и креативен начин, децата го доживеаја „патувањето“ низ вселената. 🚀
Приватна градинка 'Ѕуница' - Гевгелија
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Приватна градинка 'Ѕуница' - Гевгелија, Nursery, Даме Груев бр. 4/2, Gevgelija.
06/05/2026
☀️ Сончев систем 🌍🪐
Сончевиот систем и планетите што кружат околу Сонцето.
Преку боенка, креативна изработка и игра, децата ги запознаа планетите, нивниот изглед и редослед.
Со голема љубопитност разговаравме за Сонцето, Земјата, Марс, Јупитер и другите планети.
Децата твореа, боеја и учеа низ забава, развивајќи ја креативноста, вниманието и љубовта кон истражување. 🌟
04/05/2026
🎉 Расти ни безгрижно мила наша убавице 🎉
🍀🥳 Среќен 1-ви роденден Миа 🥳🍀
30/04/2026
🐝 Во посета на вредните пчели 🍯
Денес децата имаа прекрасно и поучно искуство – бевме во посета на пчеларник!
Научивме каде живеат пчелите, како изгледа нивниот дом и каде се чува медот.
Со голема љубопитност ги набљудувавме пчелите и разговаравме за нивниот труд и значење за природата.
Сфативме дека зад секоја лажичка мед стои многу работа, трпение и тимска соработка.
Преку оваа посета, децата учеа низ игра и искуство – да ги почитуваат пчелите и природата околу нас. 🌼
Огромна благодарност до Апи-терапевтскиот центар „Ристо Алчинов“ – Гевгелија за топлиот пречек, едукацијата и незаборавното искуство што им го овозможија на нашите деца. 🐝🍯
🐝 Во посета на пчелите 🍯
Денес видовме каде живеат пчелите, каде го чуваат медот и научивме колку е вреден нивниот труд.
Со љубопитност и насмевки – учиме од природата 💛
28/04/2026
Мали рачиња – големи откритија 🌸
Преку игра со природни материјали, децата истражуваат, пресипуваат и создаваат. Со лажичка ги префрлаат зрнцата, учејќи за текстури, количини и прецизност.
🌟 Со оваа активност развиваме:
👉 фина моторика
👉 координација око-рака
👉 концентрација и трпение
👉 сетилно искуство
Учиме преку допир, игра и радост! 🌿✨
28/04/2026
Светот на инсектите 🐞
Препознаваме инсекти – кои летаат, а кои лазат. 🦋🐛
Низ игра учиме за нив, истражуваме и се забавуваме! 🌿✨
Фати ја мувата“ 🐸🪰
Учиме низ игра!
Жабата се храни со инсекти, а најчесто со муви, комарци и други мали бубачки. Преку оваа активност децата на забавен начин учат за животот на жабата и нејзината исхрана.
👉 Со играта се развиваат:
моторика, координација око–рака, внимание, концентрација, брзина, логичко размислување и развој на говорот.
👉 „Со дувањето се поттикнува правилно дишење и развој на говорот, преку јакнење на говорните мускули и контрола на издишувањето.“
24/04/2026
🎉 Биди ни секогаш среќна убавице наша 🎉
🥳🍀 Среќен 5-ти роденден Алиса 🍀🥳
23/04/2026
🎉 Расти ни безгрижно мило наше детенце 🎉
🥳🍀Среќна 5-ка Јован🍀🥳
22/04/2026
22 -Април
🌎 Ден на планетата Земја 🌏
🌟 Да го зачуваме тоа што е останато и да го поправиме тоа што е веќе уништено.
#приватнаградинкаѕуница
#еднаѕуницазасреќнидечиња
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Website
Address
Даме Груев бр. 4/2
Gevgelija
1480