ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија, Education, "Петар Мусев" бр. 22, Gevgelia.

05/06/2026

ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА 2025/2026 година

Со особена гордост и задоволство Ви го претставуваме нашиот ученик Леонид Дуклевски од IX одделение, кој е избран за првенец на генерацијата за учебната 2025/2026 година.

Во текот на своето основно образование, Леонид се истакна со своето знаење, одговорност, упорност и примерен однос кон училишните обврски.
Со својата посветеност и труд постигна бројни успеси на натпревари од различни области, освојувајќи повеќе награди и признанија, меѓу кои и награди на државни натпревари.

Покрај одличните оценки, Леонид беше пример за добро однесување, почит кон наставниците и соучениците и активно учество во училишниот живот. Со својата позитивна енергија, искреност и подготвеност да помогне, тој остави прекрасен впечаток кај сите што имаа можност да работат и да се дружат со него.

Ова признание е заслужена награда за неговата континуирана работа, вложен труд и стремеж кон успех.

Честитки до Леонид за ова значајно достигнување.

Му посакуваме многу успех, нови предизвици и уште поголеми достигнувања во понатамошното образование.

Леонид е гордост на нашето училиште.
Тој е пример за знаење, труд и успех.

Нека ова биде поттик за нови победи и остварени соништа!

На ден 30.05.2026 година, се одржа Државен натпревар по Биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, под мент...
03/06/2026

На ден 30.05.2026 година, се одржа Државен натпревар по Биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје,
под менторство на наставничката Тодорка Николова.

🌺 Нашите ученици постигнаа голем успех и одлични резултати:

🌼 VIII одделение
🌸 Петар Тошев – II награда

🌼 IX одделение
🌸 Леонид Дуклевски – II награда

🌺 Честитки до учениците и менторот за освоените награди!

На ден 26.05.2026 година во Ооу Владо Кантарџиев  беа доделени наградите од  литературниот конкурс во организација на Оп...
30/05/2026

На ден 26.05.2026 година во Ооу Владо Кантарџиев беа доделени наградите од литературниот конкурс во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) при општина Гевгелија.
Литературниот конкурс беше во 2 категории и учествуваа учениците од сите основни училишта од општина Гевгелија.
- I категорија за учениците од IV-VI одделение, на тема ,,Сообраќајот низ детските очи", во која нашата ученичка Ива Џотова освои втора награда 🥈.
-II категоријата за учениците од VII - IX одделение, на тема: „Со зборови до побезбеден пат" ученичката Кристина Дојранлиева освои втора награда 🥈
и Марија Крстова трета награда 🥉.
Честитки до сите учесници.

На 15.05.2026 година во Скопје се одржа Државниот натпревар по хемија за основно образование.Нашиот ученик Петар Тошев о...
22/05/2026

На 15.05.2026 година во Скопје се одржа Државниот натпревар по хемија за основно образование.

Нашиот ученик Петар Тошев од VIII одделение, под менторство на наставникот Љупчо Делев, освои
Втора награда.

Честитки до Петар за постигнатиот успех и освоената награда.
Му посакуваме уште многу успеси и одлични резултати и во иднина!

На Меѓународниот фестивал за деца и млади со своја поетска творба ,,Мојата  училница'' учествуваше ученичката од седмо о...
18/05/2026

На Меѓународниот фестивал за деца и млади со своја поетска творба ,,Мојата училница'' учествуваше ученичката од седмо одд. Александра Полизоева под менторство на наставничката м-р Мери Олумчева и освои прва награда.
Честитки за успехот и уште многу творечки победи!

Активноста „Генералка-викенд“, се реализираше и во нашето училиште.  Учениците од IV до IX одделение учествуваа во уреду...
15/05/2026

Активноста „Генералка-викенд“, се реализираше и во нашето училиште. Учениците од IV до IX одделение учествуваа во уредување и чистење на училишниот двор, додека учениците од I до III одделение реализираа „Еко час".
Со овие активности ја поттикнавме еколошката свест и грижата за животната средина. 🌍🍀

Училишниот фудбалски турнир од VII до IX одделение се приближува кон крајот, а возбудата е на највисоко ниво!По 7 одигра...
15/05/2026

Училишниот фудбалски турнир од VII до IX одделение се приближува кон крајот, а возбудата е на највисоко ниво!

По 7 одиграни кола, остануваат уште само 2 решавачки кола. Борбата за 4. место е целосно отворена – неколку екипи се во игра и секој бод може да направи голема разлика.

На теренот се гледа голема желба, борбеност и тимски дух, а секој натпревар станува сè поважен.

Училишен спортски клуб Училишни Ѕвезди

13/05/2026
📖На Републичкиот литературен фестивал ,,Мали ѕвездички“ во организација на ,,Златно перо“ – Битола учествуваа ученици и ...
11/05/2026

📖На Републичкиот литературен фестивал ,,Мали ѕвездички“ во организација на ,,Златно перо“ – Битола учествуваа ученици и наставници – ментори од нашето училиште. Во текот на изминатите години оваа манифестација ја поттикнува детската креативност, љубовта кон пишаниот збор и уметничкото изразување.

На учениците и нивните ментори им беа доделени дипломи, а нивните литературни творби се објавени во издадена стихозбирка во електронска форма.

На наградените ученици и ментори им се восхитуваме и им честитаме на нивната творечка енергија и им посакуваме уште многу напишани литературни творби!

Наградени ученици под менторство на наставник м-р Мери Олумчева:

Кристина Дојранлиева – седмо одд.

Миа Роман- седмо одд.

Андреа Ташкова- седмо одд.

Даниел Петров- седмо одд.

Наградени ученици под менторство на наставник м-р Ленче Јанева:

Дора Лазарова- прво одд.

Дарја Чочкова-прво одд.

Катерина Вегова – прво одд.

Наградени ученици под менторство на наставник Славица Митрова:

Горјана Дебникова –прво одд.

Лара Маринковиќ- прво одд.

Наградени ученици по менторство на наставник Маја Мичова:

Цветанка Аврамова-трето одд.

Марија Илкова-трето одд.

Тереза Танова-трето одд.

Елена Димчевска-трето одд.

Ристе Токов-трето одд.

Андреј Сарамандов-трето одд.

Горан Јованов-трето одд.

Address

"Петар Мусев" бр. 22
Gevgelia

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category