Alt School / Алт Скул

Alt School / Алт Скул Алтернативен едукативен центар

ИДЕЈАТА на Алт Скул е потребата од квалитетна воннаставна програма која ќе им овозможи на посетителите да го надградат своето знаење или да се стекнат со нови знаења и вештини во зависност од програмите кои ќе ги одберат.
Нашиот СТРУЧЕН ТИМ користи соодветни техники за полесно совладување на материјалот на забавен начин преку интеракција со учениците со цел полесно да се совлада материјалот.
Кабинетите се опремени со соодветни наставни помагала и нудат комфортна средина за престој и учење.
ПРОГРАМИТЕ се прилагодени во неколку категории и тоа:

- Целодневна настава за основци од 1во до 5то одделение,
- Јазици и специјализирани курсеви (Англиски, Грчки, Германски, Француски, Италјански, Работа со компјутери, Програмирање, Дизајн, Анимации)

Сакај ја и чувај ја планетата Земја! 🌍💚
22/04/2026

Сакај ја и чувај ја планетата Земја! 🌍💚

Христос Воскресна! ✨Нека светлината на овој празник ви донесе мир, радост и љубов во секој дом.Среќни велигденски празни...
12/04/2026

Христос Воскресна! ✨
Нека светлината на овој празник ви донесе мир, радост и љубов во секој дом.
Среќни велигденски празници! 🐣

Среќни велигденски празници! Претшколска возраст!🥚
10/04/2026

Среќни велигденски празници!
Претшколска возраст!🥚

Почитувани родители,Ве известуваме дека утре, 7.4.2026, по повод Априлијада за учениците од основните училишта, во орган...
06/04/2026

Почитувани родители,
Ве известуваме дека утре, 7.4.2026, по повод Априлијада за учениците од основните училишта, во организација на Пионерски дом Гевгелија, во нашиот едукативен центар Alt School / Алт Скул:
🔸 Часовите за дневен престој нема да се одржат.
🔸 Курсевите по англиски јазик ќе се одвиваат во редовните (стандардни) термини.
Ви благодариме на разбирањето.

Со многу љубов и внимание ги правиме првите чекори кон училишниот свет 📚✨Во нашата  училница вредно се подготвуваме за д...
21/03/2026

Со многу љубов и внимание ги правиме првите чекори кон училишниот свет 📚✨
Во нашата училница вредно се подготвуваме за да станеме успешни првачиња – учиме како правилно да седиме на столче, ги запознаваме буквите и бројките, боиме, твориме и секојдневно откриваме нешто ново. 🎨🔢
Работната атмосфера е исполнета со насмевки, радост и многу активности преку кои децата учат на забавен и креативен начин.
Заедно градиме сигурни и самостојни идни ученици! 🌟

Наши идни првачиња! 😍

Среќен 8 Март ! 🥰🌸🌼
08/03/2026

Среќен 8 Март ! 🥰🌸🌼

✨ Мали рачиња, големи чекори! ✨Нашите идни  првачиња секојдневно учат низ игра, истражуваат и растат.Пишуваме, споредува...
20/02/2026

✨ Мали рачиња, големи чекори! ✨
Нашите идни првачиња секојдневно учат низ игра, истражуваат и растат.
Пишуваме, споредуваме, собираме и одземаме, учиме нови букви и бројки, правиме сликовници и откриваме колку е убав светот на знаењето.
Со многу насмевки, трпение и љубопитност, чекор по чекор ги градиме најважните основи. 📚💛
Горди сме на секој нивен мал успех кој за нас значи голем напредок! ❤️

Пред точно 8️⃣ години, на 1 февруари 2018 година, официјално започна со работа едукативниот центар Алт Скул.⏳ Од тогаш д...
03/02/2026

Пред точно 8️⃣ години, на 1 февруари 2018 година, официјално започна со работа едукативниот центар Алт Скул.

⏳ Од тогаш до денес, зад нас се илјадници часови учење, смеа, труд, напредок и безброј мали и големи победи.

📜 Во сите овие години испишавме прекрасни приказни – приказни за првите научени букви, првите зборови на англиски, првите успеси, самодовербата што расте и детските насмевки што ни се најголемата награда. 🏅

🏫 Алт Скул не е само место за учење, туку простор каде децата растат, се охрабруваат и се чувствуваат прифатено.
Нашата мисија отсекогаш била јасна и непроменета, а најдобро ја кажува и нашиот слоган:

„Нашата цел се успешни, среќни и задоволни деца.“

🫶 Благодарни сме на сите ученици, родители и наставници кои беа и се дел од ова патување. Благодарение на вас, Алт Скул расте, се развива и секојдневно станува подобар.

🚀 Продолжуваме понатаму – со нови идеи, нови цели и уште поголеми заеднички успеси!!!
..ваш Alt School / Алт Скул 😊

Пишуваме, сечеме, лепиме, создаваме и чекор по чекор се подготвуваме за прваче 📚✂️🎨Учењето е најубаво кога е низ игра, д...
30/01/2026

Пишуваме, сечеме, лепиме, создаваме и чекор по чекор се подготвуваме за прваче 📚✂️🎨
Учењето е најубаво кога е низ игра, дружба и детска радост. 🙂
Подготовка за првачиња! 🍀

Новогодишните подароци за сите кои дојдоа на сликање се спремни. Останатите кои не успеавте да дојдете ниту во договорен...
19/01/2026

Новогодишните подароци за сите кои дојдоа на сликање се спремни. Останатите кои не успеавте да дојдете ниту во договорените термини, ниту за цел зимски распуст, наредно сликање ви закажуваме за 31.12.2026. 😊

Распустот заврши, книгите повторно се отворија! Потсетување на ученото,  читаме, повторуваме и учиме заедно. Нови страни...
16/01/2026

Распустот заврши, книгите повторно се отворија! Потсетување на ученото, читаме, повторуваме и учиме заедно. Нови страници, нови знаења! 📖✏️

Address

Gevgelia
1480

Opening Hours

Monday 09:00 - 21:00
Tuesday 09:00 - 21:00
Wednesday 09:00 - 21:00
Thursday 09:00 - 21:00
Friday 09:00 - 21:00
Saturday 10:00 - 13:00

Telephone

+38976448996

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Alt School / Алт Скул posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category