СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар

СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар Единствено средно општинско училиште во Демир Хисар, официјална страна

СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар, општина Демир Хисар, Република Македонија, основано како Општа гимназија со Решение на Министерството за образование на РМ од 1975 година.

Средно училиште од посебен општествен и локален интерес, сместено во релативно нова наменски изградена зграда на ул. „Гоце Делчев“ б.б. во Демир Хисар. Основната дејност на училиштето е организирање на воспитно-образовен процес, според наставните планови и програми од Бирото за развој на образованието на Република Македонија за Реформирано гимназиско образование и Стручно образование од Шумарско-дрвопреработувачка струка и Електротехничка струка.

Во текот на своето постоење училиштето континуирано успева да ја докаже својата вредност како образовна институција, која својата воспитно образовна работа ја изведува на високо професионално ниво.

08/06/2026
Почитувани матуранти, Ова се правила по кои треба да се придржувате за време на испитите од Државната матура и Државна с...
05/06/2026

Почитувани матуранти,

Ова се правила по кои треба да се придржувате за време на испитите од Државната матура и Државна стручна матура.

Како што претходно сте известени полагањата се на 06.06.2026 година (сабота) и на 11.06.2026 година (четврток ), како и 12.06.2026 година(петок) за Државна стручна матура сите со почеток во 09.00 часот.

Утре вие на ден 06.06.2026 г. пред ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ- БИТОЛА треба да сте во 7.45 часот.

Полагањето ќе се реализира во Технички факултет во Битола во АМФИТЕАТАР 4( I кат).

1. Не смеете да внесувате телефони или други електронски уреди во просториите за полагање на денот на испитот;

2. Во испитната просторија треба да влезете само со документ за идентификација (лична карта, пасош, ученичка легитимација, возачка дозвола) и пенкала кои пишуваат СИНО..

3. Да сте облечени пристојно на денот на испитот.

4. На денот на испитот задолжително треба да бидете пред означениот влез на испитниот објект (училишната сала)

5. Штом влезете во испитниот простор да го следите лицето одредено од УМК до своето место за полагање.

6. Да проверите дали вашите лични податоци се означени на клупата на која седите.

7. Кога ќе го слушнат кратко ѕвонење во 09:00 (прво ѕвонење) да започнете со читање на упатството на насловната страна од тестот. Тестот не смее да се отвара пред второто ѕвонење.

8. По второто ѕвонење во 09:15 да ја проверите исправноста на тестот (со листање на целиот тест) и доколку констатираат дека е во ред да започнете со решавање на тестот, а во спротивно со кревање на рака да го информирате тестаторот.

СРЕЌНО 🍀

31/05/2026
📚✨ Денес во нашето училиште се одржа успешен и инспиративен Отворен ден, исполнет со позитивна енергија, креативност и н...
27/05/2026

📚✨ Денес во нашето училиште се одржа успешен и инспиративен Отворен ден, исполнет со позитивна енергија, креативност и насмевки! ✨📚
Посетителите имаа можност одблиску да се запознаат со трите струки кои ги нуди нашето училиште, преку интересни презентации, практични демонстрации и активности подготвени од нашите ученици и професори. 👩‍🏫👨‍🎓
Во текот на целиот ден владееше прекрасна атмосфера, а учениците покажаа голема посветеност, организираност и тимска работа. Со многу ентузијазам и самодоверба тие ги претставија своите знаења, вештини и таленти, оставајќи силен впечаток кај сите присутни. 🌟
Секој агол од училиштето беше исполнет со динамика, креативни идеи и мотивирани млади луѓе кои уште еднаш покажаа дека нашето училиште е место каде се создаваат знаење, пријателства и успешни приказни. ❤️
Им благодариме на сите посетители за интересот и поддршката, а особена благодарност до нашите ученици и наставници кои со својата ангажираност и труд придонесоа овој ден да помине во најдобро светло. 👏
📍 СОУ ,,Крсте Петков Мисирков” – Демир Хисар Вашата иднина започнува тука! 🎓

🇮🇹✨ Следната дестинација од нашата незаборавна екскурзија беше магичната Венеција – градот на водите, мостовите и романт...
26/05/2026

🇮🇹✨ Следната дестинација од нашата незаборавна екскурзија беше магичната Венеција – градот на водите, мостовите и романтиката. 🌊🚤
Прошетката низ тесните улички, пловењето по каналите и прекрасната архитектура оставија силен впечаток кај нашите ученици. 🏛️✨ Венеција е град кој ја раскажува својата историја на секој чекор, а нејзината убавина никого не остава рамнодушен.
Со многу насмевки, фотографии и незаборавни моменти, нашата авантура во Италија продолжува...

Address

Ulica "Goce Delchev" B. B
Demir Hisar
7240

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00

Telephone

+38947276711

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар:

Shortcuts

Share

Category