ООУ,,Гоце Делчев"-Босилово

ООУ,,Гоце Делчев"-Босилово Добредојдовте на официјалниот Facebook профил на OОУ „Гоце Делчев“ Босилово

Со огромна чест и  гордост ја соопштуваме веста  дека Наставничкиот совет го избра првенецот на генерацијата за оваа уче...
10/06/2026

Со огромна чест и гордост ја соопштуваме веста дека Наставничкиот совет го избра првенецот на генерацијата за оваа учебна година. Оваа престижна титула заслужено и припадна на нашата ученичка Исидора Велкова.
Во текот на деветгодишното школување, Исидора покажа извонредни резултати во наставните активности и беспрекорен континуиран одличен успех во сите одделенија. Нејзиниот голем талент, посветеност и љубов кон знаењето резултираа со врвни успеси во областа на природните науки, Англиски јазик и математика. Исидора се истакна и со својата хуманост и практични вештини, постигнувајќи забележителни резултати во рамките на натпреварите по Прва помош.
Покрај сите успеси, Исидора е пример за примерно однесување, искрено другарство, солидарност и активен придонес во училишната заедница.
Честитки, Исидора! Ти си нашата гордост!
Остануваш инспирација за целата твоја генерација.Граници за тебе не постојат.
🏆✨👩‍🎓

08/06/2026

Моноспитово на 17 јуни ќе ја пречека филмската екипа која го снима играниот филм “Пролетно чистење” во режија на Марија Апчевска.
Сцените кои ќе се снимаат во Моноспитово ќе ги најават случувањата во филмот.
Токму затоа бараме локални жители што ќе ни помогнат да ја доловиме атмосферата на овој уникатен дел од нашата земја.
Потребни ни се возрасни луѓе над 30 години и деца на возраст од 6 до 10 години.
Дојдете утре во ООУ Гоце Делчев во 14:00.
Не ја пропуштајте можноста да се гледате на филмското платно

📚🇲🇰🇵🇹 Со свеченото доделување на сертификатите успешно заврши обуката „Make Technology Your Friend“ во Порто, Португалиј...
05/06/2026

📚🇲🇰🇵🇹 Со свеченото доделување на сертификатите успешно заврши обуката „Make Technology Your Friend“ во Порто, Португалија, реализирана во рамките на програмата Еразмус+, Клучна акција 122 – Училишно образование.
Меѓу учесниците беа и наставничките од нашето училиште, Марина Николова и Весна Поп-Алексова, кои во текот на мобилноста стекнаа нови знаења, вештини и идеи за примена на современи дигитални алатки во наставата, а воедно успешно го претставија нашето училиште и нашата држава 🇲🇰 пред колеги од повеќе европски земји.
Им честитаме за успешно завршената мобилност и за нивната посветеност во унапредувањето на квалитетот на образованието преку меѓународна соработка, размена на искуства и професионален развој.
Голема благодарност до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за поддршката и можноста за учество во вакви значајни образовни активности.
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Различни земји, заеднички вредности. Како што мостовите поврзуваат два брега, така и Португалија и Северна Македонија се...
04/06/2026

Различни земји, заеднички вредности. Како што мостовите поврзуваат два брега, така и Португалија и Северна Македонија се поврзани преку пријателство, соработка и меѓусебна почит. 🇵🇹🇲🇰

Different countries, shared values. Like bridges connecting two shores, Portugal and North Macedonia are connected through friendship, cooperation, and mutual respect. 🇵🇹🇲🇰


Минатата недела на ден 27.05 во Струмица, Учениците од V и IVодд на одд наставници Аргир Зимбаков, Ален Пенев и Ленче То...
03/06/2026

Минатата недела на ден 27.05 во Струмица, Учениците од V и IVодд на одд наставници Аргир Зимбаков, Ален Пенев и Ленче Тодосова од ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово под менторство на наставникот по ФЗО учествуваа на Плазма спортските игри за деца, каде со голем спортски дух се натпреваруваа во народна игра и атлетика – трчање. 👏🏃‍♂️🏃‍♀️

Особено сме горди на постигнатиот успех во Народна игра 2ро место и на ученикот Славе Дедејдки 3то место во атлетика 🇲🇰

Им посакуваме многу успех, среќа и уште многу победи во иднина!

Почитувани,На ден 5.6.2026 г. (петок) во Дом на културата во Босилово со почеток во 19:00 часот ќе се одржи промоција на...
03/06/2026

Почитувани,

На ден 5.6.2026 г. (петок) во Дом на културата во Босилово со почеток во 19:00 часот ќе се одржи промоција на книгата ,,Училиштето во с. Босилово - некогаш и денес", од Иван Котев.

Ве очекуваме со радост!

Во рамките на проектот од програмата Еразмус+, Клучна акција 122, во тек е мобилноста на две наставнички од нашето учили...
01/06/2026

Во рамките на проектот од програмата Еразмус+, Клучна акција 122, во тек е мобилноста на две наставнички од нашето училиште – Марина Николова, координатор на проектот, и Весна Поп-Алексова, учесник во проектот, кои во периодот од 1 до 5 јуни 2026 година учествуваат на обуката „Make Technology Your Friend“ во Порто, Португалија.
На самиот почеток на обуката, тие успешно го претставија нашето училиште и нашата држава пред учесници од повеќе европски земји, споделувајќи примери од наставната практика, училишните активности и културното богатство на Македонија.
Обуката е насочена кон развивање и унапредување на дигиталните компетенции на наставниците, како и кон стекнување знаења за примена на современи технолошки алатки во наставниот процес, со цел создавање поиновативна, поинклузивна и поефикасна образовна средина.
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

29/05/2026

На натпреварот Финален круг Кенгур 2026 година што се одржа на 9.5.2026 во ООУ "Тошо Арсов" во Штип. Нашите ученици ги постигнаа следните резултати:
Златни медали добија учениците:
Стефанија Тачовска 4 одд. ментор Саветка Костова.
Жанета Вангелова 7 одд. ментор Цвета Спасковска.
Трајан Николов 7 одд. ментор Цвета Спасковска.
Петар Тачовски 8 одд. ментор Фроска Томова.
Бронзен медал доби Антонија Јанкова 9 одд. ментор Фроска Томова.
Пофалница добија:
Исидора Велкова 9 одд. и Бојана Трајкова 9 одд. ментор Цвета Спасковска.

26/05/2026

По повод 24 Мај, Ден на сесловевенските просветители Св.Кирил и Методиј ,ЛУБ "Благој Јанков Мучето"распиша литературен конкурс за најубав кириличен ракопис на тема "Кирилицата е нашата азбука".Нашата ученичка Вероника Гавровска од 7б одд под менторство на наставничката Весна Тилева го освои првото место .Честитки Вероника!

📢🎒 ВНИМАНИЕ РОДИТЕЛИ! 🎒📢Започна уписот на првачиња! ✏️📚Ве повикуваме внимателно да ги прочитате сите информации и услови...
06/05/2026

📢🎒 ВНИМАНИЕ РОДИТЕЛИ! 🎒📢

Започна уписот на првачиња! ✏️📚

Ве повикуваме внимателно да ги прочитате сите информации и услови за упис.

📝 Проверете ја потребната документација
📅 Почитувајте ги роковите
🏫 Информирајте се за училиштето и постапката

Обезбедете навремен и успешен почеток на образованието на вашето дете 💙

#Упис #Првачиња #Образование

Address

Bosilovo
2431

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ,,Гоце Делчев"-Босилово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ,,Гоце Делчев"-Босилово:

Shortcuts

Share

Category