26/03/2026
RYCO SUPERSCHOOLS PARTNERSHIP – “Smiles Without Borders” 😊
Со нас беа ученици од
Srednja zubotehnička škola – Sarajevo и
ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола,
кои заедно работеа и споделија идеи преку уметноста.
Беше навистина убаво да се види колку лесно младите се поврзуваат кога имаат заедничка тема и добра енергија.
Голема благодарност до сите ученици и професори за учеството, довербата и позитивната атмосфера што ја донесоа со себе.
Среќни сме што бевме дел од ова искуство. 💛
15/03/2026
Со проектот „ARTifacts“ музејот се претвора во простор каде минатото оживува и станува инспирација за иднината.
Денес се реализираше првата работилница во рамките на проектот „ARTifacts – Детска уметничка лабораторија во музејот“, во соработка со Музеј Битола - Bitola Museum , со поддршка од Министерство за култура / Ministria e Kulturës како проект од национален интерес.
Во работилницата учествуваа деца – членови на Имагинариум Арт Студио и ученици од ООУ ,,,Гоце Делчев" Битола.
Во собата на истакнатиот македонски композитор Кирил Македонски, покрај градската соба и клавирите што сведочат за богатата музичка традиција на стара Битола, децата ги истражуваа приказните на минатото — и ги претворија во сопствени уметнички интерпретации. 🎨
На овој начин, музејските приказни продолжуваат да живеат – преку детската имагинација и новите уметнички визии.
#МузејБитола #КултурноНаследство #ДетскаУметност
06/01/2026
Креативна едукативна практика со деца, каде уметноста се користи како средство за неформално учење, личен израз и развој на критичко размислување. Активностите се реализираат во соработка со Imaginarium Art Studio.