09/02/2026
Уште 1 ден до една одлична обука ▪️▪️▪️ Вложи во себе.
„ТУРИЗАМ БЕЗ ШМИНКА“ – еднодневна обука за новата реалност во tourism & hospitality
UTOPIA Academy, на 10 февруари 2026, организира интензивна еднодневна обука под наслов „ТУРИЗАМ БЕЗ ШМИНКА“, наменета за сите кои сакаат реален, одржлив и профитабилен туристички бизнис.
Туризмот денес не се продава со убави зборови, туку со смисла, бројки и искуства што имаат тежина. Оваа обука нуди практични знаења, искуства од терен и одговори на прашања што индустријата со години ги избегнува – без илузии и без романтика.
На настанот ќе предаваат врвни експерти од Србија:
• Иван Миниќ, за променетиот гостин по ковид и experience economy
• Никола Пејовиќ, за финансиската реалност и одржлив раст во hospitality
• Горан Магдиќ, за автентични локални приказни што функционираат на глобален пазар
Практични информации
📅 10.02.2026
⏰ 09:00 – 17:00
💰 3.000 денари (вклучен ручек)
📍 UTOPIA Academy
Настанот е наменет за хотелиери, сопственици на апартмани, туристички агенции, ресторани, винарии, агротуризам, општини и институции во туризмот.
📩 Пријави и информации:
📞 +389 70 237 347 | ✉️ [email protected]
или на 🔗 во био
Ова не е инспиративен настан.
Ова е работилница за оние што сакаат да преживеат, растат и останат релевантни.
UTOPIA Academy – Туризам без шминка.