04/10/2025
Едукативни картички „Покажи и научи“ 🌟
Направени со љубов за најмалите!
Со овие шарени картички децата учат преку игра – имитираат, се смеат и стекнуваат нови вештини.
🎨 Весели илустрации + едноставни задачи од типот „Покажи како…“ (танцуваш, миеш заби, играш со топка, пееш).
✅ Ги поттикнуваат:
фината и грубата моторика,
креативност и изразување,
социјални и секојдневни вештини,
комуникација кај вербални и невербални деца.
👩👩👧👦 Идеални за:
домашна употреба со родители,
градинки и училишта,
логопедска и дефектолошка работа.
📦 Комплет со повеќе картички – трајни, практични и забавни.
Со „Покажи и научи“ секој ден станува нова игра!