Популарната ГАРД ИГРА во Џиуџицу каде противникот се повлекува во гард(нозете во Џиуџицу 🥋)и од таму почнува да се руши неговата стабилност и рамнотежа за да може да се дојде преку одредени техники до доминантна позиција од каде може да се работи полуга или гушење.
Вештина на играње на гард (Bottom) кај нашите најмали натпреварувачи развиваме уште од најмала возраст за да знаат кога се борат со потешки, повозрасни и физички посилни противници да бидат во ситуација да излезат како победници бидејќи ако се спротистават со сила на силата секогаш ќе бидат поразени,ако сакаат да се борат со тежина исто така ,но ако научат добро да работат гард тогаш имаат реални шанси во многу борби да излезат како победници.
Во светот на боречки вештини и спортови Бразилска ЏИУЏИЦУ е на прво место 🏆 да се развие сериозна техника и се совладаат сите вештини и техники кои се нејзин составен дел ,а за тоа јасно говори истражување на chatgpt која ја номинира БРАЗИЛСКА ЏИУЏИЦУ 🇧🇷 како најтешка технички вештина која се совладува и од тој аспект не случајно е споредена со шахот ♟️и за сега многу добро што не е олимписки спорт и е своја УМЕТНОСТ бидејќи ако дојде до тоа на се ќе личи само на ВЕШТИНА нема 🥷🏼
Ninjutsu klub"Bitola"
MIXED MARTIAL ARTS ACADEMY
-NINJUTSU (RHMN) MODERN COMBAT FIGHT SISTEM FOR SELF DEFENSE
-BJJ,JIU JITSU
-GRAPLING
-MMA (AMATEUR/PROFESSIONAL)
Учење и тренинг на мешани боречки вештини и спортови во повеќе термини секојден утро и вечер
07/06/2026
Од детската група за претстојниот ММА турнир во Грција на 04 ти Јули имаме пријавено 5 деца кои беа одлични во својата GROUND GAME на турнирот во Атина и сите освоија златни медали 4+1 🥇само еден второ 🥈(нажалост поради дисквалификација, момент на погрешна одлука) со демонстрација на одлично борење, доминантна контрола од горе(Top Position)и одлични завршници (гушење и зафати).
🥷🏼Јован Којдовски,јуниор 🥇
🥷🏼Филип Трифуновски кадет 🥇
🥷🏼Иван Апостоловски пионер 🥇
🥷🏼Теона Бакалов пионер 🥇🥇
🥷🏼Мартин Петровски пионер 🥈
Следно за нас
OCTAGON GREECE 🇬🇷 AMATEUR MMA ⚔️🇲🇰🏆
07/06/2026
Цела наша млада екипа беа на одлично ниво и сите покажаа одлична борбеност, техника,тактика, физичка спремност и не случајно имавме доста добар резултат во конкуренција со школи од Европа со сериозен квалитет, историја зад нив и сериозно професионален пристап.
Најзабележителен настап со сериозна доминација над три противнички од Грција и една противничка од Кина ,со доминантно борење и четири завршници на партер имаше нашата такмичарка ТЕОНА БАКАЛОВ која не случајно е селектирана и за летниот ММА турнир во Солун за аматерска ММА за која чекаме противничка од организацијата.
06/06/2026
AJP Greece Athens 🇬🇷 2026 и учество со 12 такмичарска екипа од 8 деца ,3 кадети и 1 јуниор и одличен настап во конкуренција од 52 школи и 850 такмичари од 33 држави учесници за нашиот ЏИУЏИЦУ 🇧🇷 ТИМ ,ПАУНД ФОР ПАУНД ТИМ МАКЕДОНИЈА 🇲🇰🥷🏼 и трето место за Македонија од 33 држави 💪🏼
Поради лимитиран број на учесници (850)успеавме да ги пријавиме само најмладите на школата иако првично требаше да земеме учество со доста поголема екипа од јуниори и сениори.
Остваривме успех од вкупно 9 златни🥇 и 6 сребрени🥈медали со вкупно 16 победи(11 победи на завршница ,гушења и полуги и 5 на поени) и 6 порази( 1 на завршница ,2 на дисквалификација и 3 на поени) што е сериозно позитивна анализа кога резимираме резултати на цел наш тим.
Само тројца наши такмичари зедоа учество во две дисциплини,а останати 9 се бореа само во една дисциплина (поради финасии и немање на слух за нашите деца од нашето општество) со што крајниот резултат би бил многу поголем со сигурност.
Голема благодарност до нашите најголеми подржувачи URBAN PLANNER ARCHITECTS ГОСТИВАР,CH APLHA СКОПЈЕ кои помогнаа да се развие БИТОЛСКИОТ СПОРТ наречен БРАЗИЛСКА ЏИУЏИЦУ 🇧🇷.
Продолжуваме напред без оглед на се и со надеж дека конечно ќе дојдат прави луѓе некогаш и ќе сакаат да слушнат за нас, нашата работа и нашите успеси.
Имаме тим за ЕВРОПСКИ МЕДАЛИ но нажалост мора да чекаме да се средат некои работи во спортот кај нас ако воопшто некогаш се средат 😎
Едно е сигурно, ЏИУЏИЦУ за нас е пасија, начин на живот и едно секојдневие 🥷🏼💪🏼⚔️
Слава на БОГА 🙏🏼
OSSSS
04/06/2026
Осма по ред договорена борба по ММА правила е за нашиот млад борец Јован Којдовски еден од нашите најголеми "работници " на татамите кој одработува најмногу тренинзи со голема пасија и љубов кон боречките спортови и вештини.
Одиме на победа🥷🏼⚔️💪🏼
Гладен за нови победи... првично одиме да го освои АЏП Грција, БЏЏ турнир овај викенд за да после се подготвува максимално за неговата ММА борба 🥇
27/05/2026
Промоција на Џиуџицу појаси вечерва во нашата академија.Кафен појас во школата во Бразилска ЏИУЏИЦУ 🥋♟️🇧🇷 после 11 години активен,во ниту еден момент непрекинат тренажен процес,со голема љубов и пасија кон борбата за нашиот борец Игор Додевски ⚔️🤙🏼🇲🇰
Продолжуваме напред 🇲🇰🥷🏼🤙🏼⚔️🔥
POUND FOR POUND TEAM MACEDONIA 🇲🇰
POUND FOR POUND TEAM MÜNICH 🇧🇷🇩🇪
25/05/2026
Седма по ред договорена борба е за нашиот млад борец Валентин Илиевски, аматерски ММА 6-0 кој очекуваме да понуди екстра добра атрактивна борба како и сите други негови во кои демонстрирал многу сегменти од ММА 🔥
Очекуваме победа 🏆🇲🇰 и секако многу blood fighting 🩸🩸🩸⚔️🥷
Продолжуваме напред 💪🏼
25/05/2026
POUND FOR POUND TEAM MÜNICH 🇧🇷➡️🇩🇪➡️🇲🇰POUND FOR POUND TEAM MACEDONIA 🇲🇰 е лоза за Бразилска ЏИУЏИЦУ 🥋♟️🤼 која е основана од бразилскиот мајстор Серџо Канудо Цимерман од Рио Де Жанеиро кој се преселува во Минхен Германија и таму го формира седиштето на овај тим кој го има во повеќе земји(Германија, Италија, Португалија,Босна, Македонија....)
Тим под која лоза сме и ние од каде официјално и сме признати за нашата работа и постигнати успеси која во иднина се стремиме да бидат уште поголеми и уште позначајни🏆🥷💪🏼
Наскоро и тренинг камп после подолго време во изворното место на нашето клубско ЏИУЏИЦУ 🇧🇷
Продолжуваме напред 🏆🥷🏼🇲🇰
25/05/2026
Шестата договорена борба по ММА правила во Октагон Грчката организација е за нашиот млад борец Филип Трифуновски кој по втор пат влегува во кафезот после доминантна победа во своето деби ,се надеваме на ист епилог и овај пат 💪🏼
04 ти Јули 2026 Грција
Продолжуваме напред 🏆
22/05/2026
БРАЗИЛСКА ЏИУЏИЦУ 🥋🤼♟️е поделена и се изучува на два дела,
СПОРТСКО ЏИУЏИЦУ за кое приоритет се натпреварувањата🥇🥈🥉🏆 ,каде цел тренажен процес е базиран на подготовка за турнири ,темпирање и одржување на такмичарска форма,промоција на развој на спортот на една нација....каде со добро селектирани и добро увежбани техники и вештини еден практикант може да биде во состојба да освојува многубројни натпреварувања од различен ранг по квалитет,
и од друга страна
ЏИУЏИЦУ КАКО ВЕШТИНА каде тренажниот процес е постојана еволуција, начин на живот, секојдневно практикување, усовршување на што повеќе техники и вештини,борба со самиот себе во повеќе сегменти,животен предизвик и алатка за здрав начин на живот во модерно време каде ментално и духовно е тешко да се биде дел од општеството кое се повеќе промовира деструктивни случувања одколку продуктивни за нацијата која е во сериозна борба да опстане и се сочува.....
ART OF LIFE 🤙🏼
JIU JITSU 🥷
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Website
Address
Улица Београдска бб. , Турско училиште Локација 1/Јорго Костовски ББ Локација 2
Bitol
7000
Opening Hours
| Monday | 20:00 - 22:00 |
| Tuesday | 20:00 - 22:00 |
| Wednesday | 20:00 - 22:00 |
| Thursday | 20:00 - 22:00 |
| Friday | 20:00 - 22:00 |
| Saturday | 16:00 - 17:30 |